Еден Азар: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.3) (Робот: Менува th:เอแดน อาซาร์
сНема опис на уредувањето
Ред 66:
Во сезоната 2008-09, Хазард го носеше дресот со број 26 и беше прекомандуван во сениорскиот тим од новиот менаџер Руди Гарсија. Во почетокот, тој настапи неколкупати како резерва, официјално дебитирајќи на натпреварот против Сошо, како резерва, во ремито од 1-1 на 14-ти Септември 2008. На еден од неговите настапи како резерва тој се покажа како доста корисен, против Оксер на 20-ти Септември. Лил губеше со 2-1 во последните минути од натпреварот, и по изведувањето на корнерот на Лил и краткото исфрлање на топката од играчите на Оксер, Хазард упати удар со десната нога надвор од шеснаесетникот. Тој го совлада голманот и го израмни резултатот на 2-2 во 88-та минута. Со голема самодоверба, Лил го доби натпреварот во судиското надополнување со 3-2 со голот на Тулио де Мело. Со првиот гол во кариерата, тој стана најмладиот играч кој постигнал гол во историјата на клубот. Четири дена откако го постигна својот прв гол во кариерата, Хазард за првпат дебитираше како стартер во Купот на Франција, во поразот од 4-2 на пенали од Монпеље. Откако на следните пет натпревари во првенството тој беше резерва, на 15-ти Ноември Хазард за првпат дебитираше како стартер во првенството против Сент Етјен. Тој го одбележа настапот постигнувајќи го првиот гол во победата од 3-0 на неговиот тим. Лил му понуди продолжување на договорот на три години, како резултат на неговите добри настапи за тимот, на што тој се согласи на 18-ти Ноември 2008 обврзувајќи се со клубот до 2012 година.
 
Откако настапуваше како резерва во Декември, Хазард се врати во почетната постава на тимот во Јануари. На 23-ти Јануари, тој го постигна вториот гол во победата од 3-0 на натпреварот против аматерскиот тим на Данкерк[[Денкерк]] во 1/16 финалето на Купот на Франција. Две недели подоцна, тој го постигна победоносниот погодок против Сошо во првенството, а на 22-ри Февруари асистираше во победоносниот погодок против Монако. Во осминафиналето во Купот на Франција, Хазард постигна гол во победата од 3-2 над бранителот на трофејот во Купот на Франција Лион. На 26-ти Април, тој го постигна првиот гол против Марсеј, иако Лил го загуби натпреварот со 2-1. На последните десет натпревари од сезоната, Хазард настапи осумпати како стартер и придонесе во пласманот на тимот на 5-то место, место кое го одведе Лил во новоформираната Лига Европа на УЕФА. По крајот на сезоната, тој беше прогласен за Најдобар млад играч на годината од Унијата на професионални фудбалери УНФП, со што стана првиот странски фудбалер кој го добил ова признание.
 
==== Сезона 2009 - 2010 ====