Лоара: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
RedBot (разговор | придонеси)
с r2.7.2) (Робот: Менува eu:Loira (ibaia)
Нема опис на уредувањето
Ред 3:
'''Лоара''' е најдолгата река во Франција. Извира меѓу вулканските врвови на планината [[Севен]], на југоисточниот раб на Централниот Масив. Нејзиниот извор е само 160 км оддалечен од Средоземното Море и утоката на Рона. Почнувајќи го својот тек а север, по должината на повеќе разделени вдлабнатини во рамките на масивот, Лоара потоа кривули низ централна Франција по должината на плитка долина со стрмни падини. Реката свртува кон запад во близина на градот [[Орлеан]], минувајќи покрај градовите [[Тур]] и [[Анжер]]. Под градот [[Нант]], Лоара се проширува во естуар и кај Сен Назер се влева во Бискајскиот Залив. Текот на оваа река е многу неправилен, а делови од средниот тек, со препреки од повеќе песочни ади, во текот на летото пресушуваат. Наесен и напролет обилните врнежи дожд предизвикуваат поплави, што особено важи за долниот тек на реката.
 
[[File:Saint-Nazaire le pont puis le chantier naval.JPG|thumb|270px|right| Loire river at[[Saint-Nazaire]]]]
 
[[Категорија:Реки во Франција]]
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Лоара