Call of Duty: Modern Warfare 3: Разлика помеѓу преработките

Додадени 2.572 бајти ,  пред 9 години
дополнување
с (ситна поправка)
(дополнување)
''Assault'' работи исто како Килстрик системот од ''Modern Warfare 2'' и ''Black Ops'': играчот мора да освојува се повеќе и повеќе поени без умирање. Кога играчот е убиен, неговите или нејзините поени се ресетираат на 0. Исто така, ''Specialist'' ги наградува играчите со перкови после секое второ последователно убиство. По смртта, играчот ги губи сите перкови и поените се ресетирани на нула. Обратно од нив, ''Support'' наградува врз основа на сите поени освоени во текот на мечот, без разлика колку пати е убиен играчот. Мора да се напомене дека, доколку играчот одбере друга класа со различен ''strike package'' во текот на мечот, сите поени се ресетирани на 0.<ref name="EuroGamer">{{cite web|url=http://www.eurogamer.net/articles/2011-09-02-modern-warfare-3-multiplayer-detailed|title=Modern Warfare 3 Multiplayer Detailed|work=EuroGamer|last=Parkin|first=Simon|date=2011-09-02|accessdate=2011-09-02}}</ref>
 
Неколку контроверзни перкови од ''Modern Warfare 2'' се отстранети од ''Modern Warfare 3''. "Нуркањето", од станувачка во лежечка позиција, познато како "делфинско нуркање" е отстрането, поради проблеми во балансирањето.<ref>{{Citation| url=http://www.xboxdailynews.com/2011/08/13/no-dive-to-prone-in-modern-warfare-3-new-multiplayer-modes-added| title=No Dive To Prone in Modern Warfare 3 |date=2011-08-13 |accessdate=2011-08-13}}</ref> ''Modern Warfare 3'' го користи системот за "топла/брза поправка" ([[Англиски јазик|анг.]] hot fix) на [[Treyarch]] за поправа на багови и гличови.<ref>{{cite web |url=http://callofduty-8-modernwarfare-3.com/the-latest-modern-warfare-3-news-from-official-mw3-qa-on-reddit |title=MW3 Q&A With Robert Bowling On Reddit |date=2011-06-11 |accessdate=2011-08-16}}</ref> Во ''Modern Warfare 3'' е вклучена локална и он-лајн опција за "сплит-скрин".<ref>{{cite web|url=http://www.egmnow.com/articles/news/split-screen-local-and-online-multiplayer-confirmed-in-modern-warfare-3|title=Split-Screen Local and Online Multiplayer Confirmed In Modern Warfare 3|last=Bennett|first=Matthew|work=EGM|date=2011-09-12|accessdate=2011-09-12}}</ref>
 
Неколку нови мултиплеер модови се претставени во Modern Warfare 3:
*"Потврдено Убиство" ([[Англиски јазик|анг.]] "Kill Confirmed") е мод каде што играчот треба да собере лебдечки дог таг ([[Англиски јазик|анг.]] dog tag) од трупот на убиениот непријател пред убиството да биде регистрирано. Сепак, спротивниот тим исто така може да го собере дог тагот за да го негира убиството.
*"Бранител на Тимот" ([[Англиски јазик|анг.]] "Team Defender") е мод каде што двата тима се обидуваат да го земат знамето од првиот играч кој ќе биде убиен откако мечот ќе почне. Тој тим којшто го има знамето, добива дупли поени за секое убиство, додека другиот тим добива поени по дифолт.
 
Приватните мечеви сега вклучуваат нови модови: "Инфицирани" ([[Англиски јазик|анг.]] "Infected") - каде што инфицираните ги убиваат непријателите за ги регрутираат во нивниот тим, "Тим Џугернот" ([[Англиски јазик|анг.]] "Team Juggernaut") - каде што секој тим игра со Џугерноти со AI (вештачка интелегенција), "Gun Game" - каде што играчот со секое ново убиство добива и ново оружје, "Еден во Комората" ([[Англиски јазик|анг.]] "One in the Chamber") - каде што секој играч има пиштол со еден куршум и три животи, а куршум се добива со убиство на играч) и "Џугернот" ([[Англиски јазик|анг.]] "Juggernaut") - каде што секој игра за себе против Џугернот и играчот треба да го убие за да стане ист таков. Исто така, на играчите им е дозволено да направат свои модови со прилагодени опции, како на пример, бројот на играчите и временскиот лимит.