Разлика помеѓу преработките на „Социологија“

Додадени 24 бајти ,  пред 8 години
с
r2.7.3) (Робот: Менува yo:Ìṣeọ̀rọ̀àwùjọ; козметички промени
с
с (r2.7.3) (Робот: Менува yo:Ìṣeọ̀rọ̀àwùjọ; козметички промени)
'''Социологија''' е наука за [[човек|човечките]] [[општество|општества]].<ref>"Comte, Auguste, A Dictionary of Sociology (3rd Ed), John Scott & Gordon Marshall (eds), Oxford University Press, 2005, ISBN 0-19-860986-8, ISBN 978-0-19-860986-5</ref> Таа е [[општествена наука]] (што е и всушност нејзин неформален [[синоним]]) која користи разновидни методи на [[позитивизам|емпириско истражување]]<ref name="Classical Statements8">{{Цитирана книга |author=Ashley D, Orenstein DM |title=Sociological theory: Classical statements (6th ed.) |publisher=Pearson Education |location=Boston, MA, USA |year=2005 |pages=3–5, 32–36 |isbn=}}</ref> и [[критичка теорија|критичка анализа]]<ref name="Classical Statements4">{{Цитирана книга |author=Ashley D, Orenstein DM |title=Sociological theory: Classical statements (6th ed.) |publisher=Pearson Education |location=Boston, MA, USA |year=2005 |pages=3–5, 38–40 |isbn=}}</ref> за развивање и обработување тело на знаење и теорија за човечката општествена дејност, често со цел да се примени таквото знаење за проследување на општествената благосостојба. Предметот на проучување се движи од [[микросоциологија|микро]] ниво на [[агенси (социологија)|агенси]] и [[општествена интеракција|интеракција]] до [[макросоциологија|макро]] ниво на системи и [[општествени структури]].<ref name="Giddens Intro"> Giddens, Anthony, Duneier, Mitchell, Applebaum, Richard. 2007. ''Introduction to Sociology. Sixth Edition.'' New York: W.W. Norton and Company</ref>
 
Социологијата е тематско и методолошки многу пространа дисциплина. Во нејзини традиционални фокуси спаѓаат, [[општествена стратификација|општествената стратификација]] (како [[општествена класа|класните релации]]), [[социологија на религија|религијата]], [[секуларизација]]та, [[современост]]а, [[културна социологија|културакултурата]]та и [[девијантно однесување|девијацијадевијацијата]]та, а нејзините приоди вклучуваат [[квалитативно истражување|квалитативни]] и [[квантитивно истражување|квантитивни истражувачки]] техники. Многу од она што го прават луѓето спаѓа во рамките на категоријата на општествената структура и агенси, социологијата постепено го проширува својот фокус кон понатамошни субјекти, како [[медицинска социологија|медицинските]], [[воена социологија|воените]] и [[социологија на казнување|казнените]] институции, [[интернет]]от, а дури и улогата на општествената активност во развојот на [[социологија на научно знаење|научното знаење]]. Опсегот на општествено научните методи во голема мера се има проширено. Лингвистичките и културните пресврти во средината на XX век довеле до повеќе толкувачки, [[Херменевтика|херменевтички]] и [[филозофија|филозофски]] пристапи кон анализа на општеството. Спротивно на тоа, последниве децении го сведочат порастот на нови математички и [[изчислителна социологија|изчислителни]] ригорозни техники, како што е [[агентско моделирање]] и анализа на [[социјална мрежа|социјалната мрежа]].<ref>{{цитирано списание|last1=Macy |first1=Michael |first2=Robert |last2=Willer 2002. |title=From Factors to Actors: Computational Sociology and Agent-Based Modeling |journal=Annual Review of Sociology |volume=28 |pages=143–66}}</ref><ref>{{цитирано списание|url=http://www.sciencemag.org/cgi/content/summary/323/5915/721 |title=Computational Social Science |journal=Science |date=6 февруари, 2009 |volume=323 |issue=5915 |pages=721–723 |doi=10.1126/science.1167742 |first1=David |last1=Lazer |first2=Alex |last2=Pentland }}</ref>
 
== Историја ==
=== Потекло ===
[[Податотека:Auguste Comte.jpg|мини|150п|лево|Огист Конт]]
Општественото размислување му претходи на основањето на дисциплината. Општествената анализа води потекло од вообичаените сфери на западњачко знаење и филозофија и истата се врши најрано уште од пред времето на Платон. Потеклото на прегледот, односно збирката на информации од примерок на испитаници, може да се утврди дека датира уште од времето на книгата „Последниот суд“ од 1086 година, кога важни филозофи, како на пример, Конфучие, пишувале за важноста на општествените улоги. Постојат податоци за најрана социологија во средновековниот ислам. Некои го сметаат Ибн Калдун, арапски стручњак (учено лице) по ислам од 14-иот век од северна Африка, за прв социолог; неговата книга Mugaddimah веројатно била првото дело кое ги унпредило општествено-научните размислувања за општествената кохезија и општествениот конфликт.
Маркс и Енгелс го поврзаа појавувањето на модерното општество пред сè со појавата на капитализмот; за Дуркеим тоа беше особено поврзано со индустријализацијата и новата општествена поделба на трудот до која дојде со неа; за Вебер модерното општество требаше да биде тесно поврзано со појавата на еден особен начин на размислување, рационалното калкулирање кое тој го поврза со протестантската етика (помалку или повеќе, она за што зборуваа Маркс и Енгелс во смисла на „оние ледени бранови на егоистички калкулации“.Заедно, делата на овие големи класични социолози укажуваат на она што неодамна Гиденс го опиша како „мултидимензионален аспект на институциите на модернизмот“, кој ги нагласува не само капитализмот и индустријализмот како клучни институции на модернизмот, но исто така и „надзорот“ (во смисла, „контрола на информациите и општествен надзор“) и „воена моќ“ (контрола на средствата на насилство во контекст на индустријализација на војната).
 
== Позитивизам и анти-позитивизам ==
 
=== Позитивизам ===
Доминантниот методолошки принцип на позитивизмот е да се шири социологија на воглавно ист начин како и природните науки. Се бара воспоставен акецент врз емпиризмот и научната метода, за да се обезбедат проверени темели за социолошки истражувања засновани врз претпоставката дека единственото автентично знаење е научното знаење и дека таквото знаење може да дојде само со позитивна афирмација, преку научна методологија.
„Нашата главна цел е проширување на научниот рационализам врз човечкото однесување. Она што нашиот позитивизам бил нарекуван е само последица на овој рационализам.“
Разновидноста во позитивизмот кој останува доминантен денес се нарекува инструментален позитивизам. Овој пристап ги одбегнува епистемолошките и метафизичките прашања (како што се природата на општествените факти) во корист на методолошките дебати за јасноста, репликабилноста (способноста за правење на копии од нешто, за умножување), поузданоста и валидноста. Овој позитивизам е повеќе или помалку синонимен со квантитативното истражување и така прилега само на постарите позитивистички гледишта во практиката; бидејќи тој не носи никаква експлицитна филозофска заложба, неговите применувачи можат да имаат кое било од мноштвото гледишта, вклучувајќи го позитивизмот и антипозитивизмот. Институционализацијата на овој вид на социологија честопати му се припишува на Пол Лазарсфелд, кој беше предводник на обимни студии и испитувања и кој разви статистички техники за нивно анализирање. Овој пристап е соодветен за она што Роберт К. Мертон го нарече „теорија од среден домен“:апстрактни тврдења кои произлегуваат од некои одделни претпоставки и емпириски регуларности, а не кои почнуваат со некоја апстрактна идеја за една општествена целина.
 
=== Антипозитивизам ===
 
Реакциите против општествениот емпиризам започнаа кога германскиот филозоф Хегел се прогласи за опозиција како на емпицизмот, кој тој го отфрли како некритички, така и на детерминизмот, за кого сметаше дека е прекумерно механистички. Методологијата на Карл Маркс го позајми Хегеловиот дијалектизам, но исто така го отфрли позитивизмот за сметка на критичката анализа, трагајќи по дополнение на емпириското сфаќање на „фактите“ со елиминирањето на илузиите. Тој тврдеше дека надворешните изгледи (надворешноста) треба да бидат критички разгледани, а не само едноставно документирани. Раните херменеутичари (херменеутика: проучување на теоријата на толкување) како што е Вилхелм Дилти, ја воведоа поделбата помеѓу природните и општествените науки. Различни нео-Кантовски филозофи, феноменолози и научници од сферата на хуманитарните науки, дополнително теоретизираа за тоа како анализата на општествениот свет се разликува од онаа на природниот свет поради ненамалливите сложени аспекти на човековото општество, култура и битие.
Најдлабоките проблеми на модерното живеење произлегуваат од обидот на индивидуата да ја задржи самостојноста и индивидуалноста на своето постоење, наспроти силните сили на општеството, наспроти тежината на историското наследство и надворешната култура и техника на живеење. Антагонизмот претставува најмодерна форма на конфликт кој примитивниот човек морал да го води со природата, за да опстане. 18-иот век можеби побара ослободување од сите врски кои историски се појавија во политиката, религијата, моралното и во економијата, за да се дозволи оригиналната природна вредност во човекот, која е еднаква кај сите луѓе, да се развие без никакви ограничувања; 19. век можеби бараше подобрување не само на човековата слобода, туку и на неговата индивидуалност (што е поврзано со поделбата на трудот) и со неговите достигнувања, кои го прават човекот уникатен и незаменлив, но кои истовремено го прават толку многу позависен од актуелната активност на другите; Ниче можеби ја уочил безмилосната борба на индивидуалецот како еден предуслов за негово потполно развивање, додека социјализмот ја најде истата таа појава во потиснувањето на секаков вид на конкуренција - но во секој од овие случаи делуваше истиот фундаментален мотив, имено, спротивставувањето на индивидуата да влезе во урамниловка, да биде проголтана од општествено-технолошкиот механизам.
 
== Теориски рамки ==
 
=== Функционализам ===
Почетоците
 
Во раните децении од 20 век израснува еден вид систематско проучување за општествениот живот кое е именувано како функционализам. Тоа во себе ги содржи суштествените елементи на холистичките и органистичките теории, но согледано е како ново затоа што вклучува и некои нови согледувања во пристапот на проучувањата на општествата, како и за нивните базични карактеристики. Се јавува прво во антропологијата, во вид на воопштувања за животот на малите племенски општества, засновани на теренски истражувања кои се спроведуваат во мали примитивни општества во оддалечените острови на Тихиот Океан, а потоа, во периодот на Втората светска војна (малку пред неа и по неа), и во социологијата - како настојување да се изградат теориски модели за општествата како системи, кои понатаму ќе бидат ставени во служба на емпириските истражувања на современите комплексни општества. Првиот чекор во овој обем е направен во 1906 г. со престојот на Афред Редклиф-Браун на Андаманските Острови. Потоа следува престојот на Бронислав Малиновски на островите на Меланезија во 1914 г. Од овие престои произлегуваат повеќе научни трудови, какви што се : ''Андаманските Островјани'' и ''Структура и функција на примитивните општества'' на Редклиф-Браун и Аргонаутите на Западниот Пацифик и Научната теорија на културата на Малиновски. Во контекст, пак, на социологијата, првата првата појава на овој план е делото на Талкот Парсонс ''Структура на општествената акција'' (1937).
 
=== Теорија на конфликт ===
Функционализмот се стреми само кон некои општи перспективи од кои ќе се изведуваат општествените науки. Методолошки, обично нејзините принципи се во спротивност со оние пристапи кои го нагласуваат „микрото“, како што се интерпретивизмот или симболичкиот интеракционизам. Сепак, нејзиниот акцент врз „системите на кохезија“ исто така создржи политички последици. Теориите на функционалистите се затоа честопати во спротивност со „теориите на конфликт“, кои го критикуваат сеопфатниот и доминантниот општествено-политички систем, или ја нагласуваат нееднаквоста на некои одредени групи. Делата на Дуркеим и Маркс претставуваат пример за политичките, но и теоретските разлики помеѓу функционалната, односно конфликтната мисла.
 
Историјата на целото досега постоечко општество е историја на класни борби. Слободните луѓе и робовите, патрицијте (аристократите) и плебејците (сиромашните), господарите и слугите, мајсторот занаетчија и чиракот, со еден збор, потлачувачот и потлачениот, сите тие биле во постојана спротивставеност, воделе помеѓу себе непрекината, повремено прикриена а повремено отворена борба, борба која секој пат завршувала или со револуционерна реконструкција на општеството во целина, или со заедничко пропаѓање на спротивставените класи.
=== Современа општествена теорија ===
Движењето на функционалистите го достигна својот максимум во 1940-тите и 1950-сеттите години, но во 1960-тите години тоа почна брзо да слабее. До 1980-тите години, функционализмот во Европа беше значително заменет со пристапи кои беа ориентирани кон конфликт. Додека некои од критичките пристапи исто така се здоби со популарност во САД, главниот правец на дисциплината се преусмери кон најразлични емпририско-ориентирани теории со среден опсег, без некоја сèопфатна теориска ориентираност. За многумина во таа дисциплина, функционализмот сега се смета за застарен и конзервативен.
 
Движењето на структурализмот потекна од лингвистичката теорија на Фердинанд де Сосур, а подоцна беше проширена на општествените науки од страна на теоретичари како што е Клод Леви Штрос. Во овој контекст, „структура“ се однесува не на „општествена структура“, туку на семиотското (семиотика: теорија за знаци и симболи) сфаќање на човековата култура како систем на знаци. Може да се одделат четири централни принципи (начела) во структурализмот: Прво, структурата е она што ја одредува структурата на целината. Второ, структуралистите веруваат дека секој систем има структура. Трето, структуралистите се интересираат за „структуралните“ закони кои се бавав со коегзистирањето, а не со промените. И на крај, структурите се „она вистинското“ под површината, или појавата на значењето. Постструктуралистичката мисла имала за тенденција да ги отфрли „хуманистичките“ претпоставки при спроведувањето на општествената теорија. Михаел Фоколт дава една силна критика во неговата археологија на хуманитарните науки, иако и Хаберма и Рорти полемизираат дека Фоколт само врши замена на еден таков систем на мисли со друг систем. Дијалогот помеѓу овие интелектуалци го нагласува трендот во последниве години за вкрстосување на одредени школи на социологијата и филозофијата. Антихуманистичката позиција се поврзува со „постмодернизмот“, термин користен во специфични контексти, за да опише доба на појави, но повремено и толкуван како метода.
 
== Структура и независност (самостојност) ==
Структурата и независноста (самостојноста) претставуваат една постојана онтолошка дебата во општествените теории: „Дали општествената структура го одредува нечие однесување, или тоа е човековата независност?“ Во овој контекст, „независност“ подразбира можноста на лицата да делуваат независно и да вршат слободен избор, додека пак „структура“ подразбира факторите кои ги ограничуваат или влијаат врз тие избори и постапки на лицата (како што се општествените класи, религијата, полот, етничката припадност итн.) Дискусиите за тоа која иам предност, структурата или независноста, се поврзани со суштината на социолошката епистемологија („Од што се состои општествениот свет?“, „Која е каузата во општествениот свет, а кој е ефектот?“). Општиот став на неверување (скептицизам) кон структуралната или независната мисла довел до развивање на мултидимензионални теории, од кои највпечатлива е теоријата на структурирањето на Талкот Парсонс и Антони Гиденс.
 
=== Методологија на социолошките истражувања ===
[[Податотека:Lazarsfeld.jpg|мини|150п|лево|Пол Лазарсфелд ]]
Пол Лазарсфелд е наречен „основач на модеранта емпириска социологија“ за неговите бројни доприноси во полето на методологијата.
Изборот на метода честопати зависи во голема мера од тоа што конкретно истражувачот намерава да истражува. На пример, еден истражувач кој е засегнат со изработка на енда статистичка генерална табела за една цела популација, може да подготви прашалник за еден репрезентативен примерок на испитаници од популацијата. Наспроти него пак, истражувачот кој трага по целосно контекстуално разбирање на постапките на едно лице во општеството, може да се реши за етнографско набљудување на испитаниците, или отворени интервјуа. Проучувањата обично ги комбинираат или ги „триангулираат“ квантитативните и квалитатитните методи, како дел од „мултистратешкиот“ пристап. На пример, едно квантитативно проучување може да се изврши со цел на добивање на статистички шеми или некој целен примерок, а потоа да се комбинира со квалитативни интервјуа, за да се одреди улогата на факторот независност (самостојност).
 
== Одбирање на примерок ==
Галтоновата кутија (машина за демонстрирање на теоремата на централно ограничување и нормалната распореденост), е изработена од методологистот истражувач на општеството Сер Франсис Галтон, за прикажување на нормалната распореденост, што е важен елемент за поголемиот број на квантитативни испитувања на хипотезите.
 
Квантитативните методи честопати се користат за поставување на прашања за една популација која е многу голема, кога спроведувањето на попис или детално пребројување на сите членови во таа популација е практично неизводливо. „Примерокот“ тогаш претставува еден поддел од таа популација, со кој може да се барата. При квантитативното истражување, се користи статистиката за да се донесат заклучоци од тие примероци за целата популација во целина. Процесот на селектирање на примерок испитаници се нарекува „одбирање на примерок. Додека најчесто е најдобро да се врши избирање на примерок по принципот на случаен избор, прашањата поврзани со разликите помеѓу специфични подпопулации понекогаш изискуваат слоевито одредување на примероци. Обратно, неможност за спроведување на избирање по принципот на случаен избор понекогаш изискува одбирање по принципот на неверојатност, како што е одбирањето на испитаници по желба на истражувачот или т.н. верижно одбирање на испитаници (кога веќе постоечките испитаници одбираат дополнителни испитаници од редовите на свои пријатели или познаници).
 
=== Методи ===
Следниов список на методи за истражување ниту е единствен ниту е краен:
* Архивско истражување или историска метода: се потпира врз секундарни податоци кои се наоѓаат во историските архиви и евиденција, како што се биографии, мемоари, журнали итн.
* Набљудување: Користејќи податоци од пописи, истражувачот може да евидентира информации за општествените појави или однесување. Техниките на набљудување можат, но не мораат да вклучуваат учествување. Во набљудувањето на учесникот, истражувачот оди на терен (како што е, на пример, некоја заедница, или некое работно место) и учествува во активностите на теренот во текот на подолг временски период, за да се здобие со подобро разбирање на работите. Податоците добиени со овие техники можат да се анализираат или квантитативно или квалитативно.
 
== Компјутерска (пресметкувачка) социологија ==
Дијаграм на една социјална мрежа која се состои од лица (или „јазли“) поврзани со еден или повеќе одредени типови на заемна зависност.
 
Социолозите сè повеќе се ослонуваат на компјутерските методи за анализирање и моделирање на општествените појави. Со помош на компјутерски симулации, вештачка интелигенција, сложени статистички методи и нови аналитички пристапи како што е анализата на општествените мрежи, компјутерската социологија развива и испитува теории за сложени општествени процеси преку моделирање на општествените интеракции од дното па кон горе. Иако тематиката и методологиите во општествената наука се разликуваат од оние во природните науки или компјутерската наука, неколку од пристапите кои се користат во современите симулации на општество потекнуваат од полиња како што се физиката и вештачката интелигенција. На ист начин, некои од пристапите кои потекнуваат од компјутерската социологија се внесени во природните науки, како што се мерењата на централитетот (централната позиција) на мрежата од анализите на полињата на општествената мрежа и науката за мрежата. Во релевантната литература, компјутерската социологија честопати се поврзува со проучување на комплексноста на општеството. Поимите за комплексност на општеството како што се комплексни системи, нелинеарната интеракција меѓу макро и микро процесите и појавување, веќе влегоа во речникот на компјутерската социологија. Еден практичен и добро познат пример е конструирањето на компјутерски модел во форма на „вештачко општество“, со кој истражувачите можат да ја анализираат структурата на општествениот систем.
== Практични примени на истражувањата на општеството ==
Истражувањето на општеството им дава информации на политичарите и творците на политиките, едукаторите, планерите, законодавците, администраторите, деловните магнати, менаџерите, социјалните работници, невладините организации, непрофитните организации и сите луѓе заинтересирани за решавање на општествените прашања општо. Честопати постои голема мера на преклопување помеѓу истражувањето на општеството, истражувањето на пазарот и некои други статистички полиња.
 
== Опсег и теми ==
 
=== Култура ===
Макс Хоркхајмер лево, напред), Теодор Адорно (десно, напред) и Јирген Хабермас (десно, назад) 1965 година.
За Симел, културата се оденсува на „култивирање на индивидуални лица преку примена на надворешни форми кои биле објективизирани во текот на историјата.“ Додека најраните теоретичари како Дуркеим и Маус беа влијателни во полето на антропологијата, социолозите на културата обично се разликуваат по нивната фокусираност врз модерното (а не кон примитивното или древното) општество. Културната социологија ретко е емпириска, претпочитајќи ја хеременевтската анализа на зборовите, артефактите и симболите. Ова поле е тесно поврзано со критичката теорија на Теодор В. Адорно, [[Валтер Бенјамин]] и други членови на франкфуртската школа. Незначително поинакво од социологијата е полето на проучување на културата. Теоретичарите од бирмингамската школа како Ричард Хогарт и Стјуарт Хол ја ставија под знак на прашање поделбата помеѓу „произведувачи“ и „потрошувачи“ очигледна во првичните теории, каде се нагласува реципроцитетот во производството на текстови. Културолошките студии се стремат кон проучување на темите поврзани со културата, во однос на културните практики и нивниот однос со моќта. На пример, една студија на некоја подкултура (како на пример, белата работна класа во Лондон) би проучувала како социјалните практики на таа група се поставени во однос на доминантната класа. „Културниот пресврт“ во 1960-тите години воведе структуралистички и таканаречени постмодерни пристапи кон науката за општеството.
 
=== Криминалитет, девијантности, закон и казна ===
Криминолозите ја анализираат природата, причините и контролирањето на криминалните дејствија, потпирајќи се врз методи од социологијата, психологијата и бихејвиористичките науки. Социологијата на девијантноста се сосредоточува врз постапки или видови на однесување кои ги прекршуваат нормите, вклучувајќи како порано пропишани правила (на пример, во криминалот), и неформални прекршувања на културните норми. Социолозите имаат должност да проучуваат зошто овие норми постојат; како тие се менуваат со времето; како се пропишуваат со закон истите. Концептот на девијантност е централен во современиот структурален функционализам и теоријата на системи. Роберт К. Мертон изработил типологија на девијантности и исто така ги утврдил термините „модел кој треба да се следи“, „ненамерни последици“ и „остварување на предвидувањата“.
 
Проучувањето на законот играше значајна улога во формирањето на класичната социологија. Дуркеим е познат по неговото дефинирање на законот како „видлив симбол“ на општествената солидарност. Социологијата на правото се однесува како на поддисциплините во социологијата, така и на пристапот во рамките на полето на правните науки. Социологијата на правото е инакво поле на проучување кое ги проучува заемните делувања помеѓу законот и другите аспекти на општеството, како што се развојот на правните институции и влијанието на законите врз општествените промени и обратно. На пример, едно влијателно истражување во тоа поле се потпира врз статистички анализи за да полемизира дека порастот во затворските казни во САД во текот на изминатите 30 години се должи на промени во правото и политиката, а не на пораст во криминалот; и дека овој пораст значително допринесува за задржување на расното раслојување.
=== Економска социологија ===
Терминот „економска социологија“ беше првпат употребен од Вилијам Стенли Џевонс во 1879 година, а подоцна применет како кованица во делата на Дуркеим, Вебер и Симел помеѓу 1890 година и 1920 година. Економската социологија се издигна како нов пристап кон анализата на економските појави, нагласувајќи ги класните односи и модернизмот како филозофски концепт. Односот помеѓу капитализмот и модернизмот е значајно прашање, веројатно најдобро прикажан во Веберовото дело Протестантската етика и духот на капитализмот (1905) и Симеловото Филозофијата на парите (1900). Современиот период на економската социологија, исто така познат како нова економска социологија, беше консолидирана со делото на Марк Грановетер од 1985 година со наслов „Економски дејствија и општествена структура: Проблемот на вграденост (вклопеност, вгнезденост) Ова дело го обработи концептот на вграденост, според кој економските односи помеѓу одделни лица или фирми се одвиваат во рамките на постоечки општествени односи (и така се структурирани според овие односи, како и според поголемите општествени структури од кои тие односи претставуваат дел). Анализата на општествената мрежа е примарната методологија за проучување на оваа појава. теоријата на Грановетер за силата на слабите врски и концептот на Роналд Барт за структуралните дупки се две најпознати теоретски доприноси во ова поле.
 
=== Животна средина ===
Социологијата на животната средина е проучување на заемното делување помеѓу општеството и животната средина, ставајќи најчесто акцент врз општествените фактори кои предизвикуваат проблеми во животната средина, влијанието на овие проблеми врз општеството и напорите за нивно разрешување. Исто така, внимание се дава и на процесите преку кои условите во животната средина стануваат дефинирани и познати за општеството.
 
=== Образование ===
Социлогијата на образованието е проучување на тоа како образовните институции ги одредуваат општествените структури, искуства и други исходи. Таа особено ги проучува образовните школски системи во модерните, индустриски општества. Една класична студија од 1966 година во ова поле од Џејмс Колман, позната како „Колмановиот извештај“, го анализирала однесувањето на преку 150 000 студенти, и утврдено е дека потеклото на студентите и нивниот социјално економски статус се многу поважни во утврдувањето на образовните резултати отколку претходно утврдените разлики во ресурсите на училиштата (на прм, трошоци по учени). Контраверзноста околу „ефектите од училиштата“ кои започнаа тогаш со таа студија, сè уште продолжуваат и до ден денес. Со студијата исто така се утврдило дека црните студенти од социјално пониска класа имале повеќе корист од образованието во расно помешани класови, со што служеле како катализатори на процесот на десегрегација во американските јавни училишта.
 
=== Семејство, пол и сексуалност ===
„Ковачката Рози“ беше иконски симбол на американскиот домашен фронт и на одделувањето од половата поделеност на работите, поради воените околности.
 
Семејството, полот и сексуалноста формираат широко поле на истражување проучувано во голем број на подполиња во социологијата. Социологијата на семејството го проучува семејството, како институција и како единица на социјализирање, со посебен соврт кон релативно модерното историско појавување на семејството клетка и неговите јасно издиференцирани полови улоги. Поимот „детство“ е исто така важен. Како една од поважните институции на кои може да се применат социолошките перспективи, социологијата на семејството е заедничка компонента во воведните академски наставни програми. Феминистичката социологија пак, од друга страна, е едно нормативно подполе кое ги набљудува и критикува културните категории на полот и сексуалноста, особено во однос на моќта и нееднаквоста. Основната преокупација на феминистичката теорија е патријархатот и систематскиот притисок врз жените очигледен во многу општества, како на пониско ниво на интеркација, така и во смисла на пошироката општествена структура. Социјалната психологија на полот, од друга страна пак, применува експериментални методи со цел да ги разоткрие микропроцесите во половото раслојување. На пример, една неодамнешна студија покажа дека жените понекогаш се критикувани за нивното мајчинство, додека мажите се пофалувани за нивното татковство. Друга група на експерименти покажа дека мажите чија сексуалност е под знак на прашање го компензираат тоа со изразвуање на поголеми симпатии кон воени интервенции и спортски возила, како и дека се поголеми противници на бракови меѓу хомосексуалци.
 
=== Здравје и болест ===
Социологијата на здравјето и болеста се сосредоточува врз социјалните ефекти од и јавните мислења за болестите, хендикепите и процесот на стареење. Медицинската социологија, за контраст, се сосредоточува врз внатрешните работи на медицинските организации и клинички институции. Во Британија, социологијата беше воведена во медицинската наставна програма по Извештајот на Гуденоу (144).
 
=== Интернет ===
Интернетот е интересен за социолозите од повеќе аспекти, но пред сè како алатка за истражување и платформа за дискусии. Социологијата на Интернетот, во поширока смисла, се бави со анализа на заедниците на интернетот (на пример, новинарски групи, сајтови на социјални мрежи) и виртуелни светови. Онлајн заедниците можат да се проучуваат статистички преку анализа на мрежите или да се толкуваат квалитативно преку виртуелна етнографија. Организациската промена се катализира преку новите медиуми, со што се влијае врз општествените промени на повисоко ниво, веројатно со тоа формирајќи ја мрежата за трансформации од едно индустриско во информативно општество. Еден упадлив текст е Интернет галаксија на Мануел Кастел. Самиот наслов формира едно меѓутекстуално упатување на Галаксијата Гутенберг на Маршал МекЛуан.
 
=== Знаење и наука ===
Социологијата на знаење е проучување на односите помеѓу човековата мисла и општествениот контекст во рамките на кој таа се родила, како и на ефектите кои доминантните идеи ги имаа“ врз општествата. Терминот најпрво почна да се применува широко во 1920-тите години, кога одреден број на теоретичари од германското говорно подрачје, особено Макс Шелер и Карл Манхајм, почнаа да пишуваат опширно за него. Со доминацијата на функционализмот во текот на средината на дваесеттиот век, социологијата на знаење покажуваше тенденција да остане на периферијата на главната социолошка мисла. Таа беше повторно пронајдена и применувана повеќе во секојдневниот живот во 1960-тите години, особено од Петер Л. Бергер и Томас Лукман во Општествената конструкција на реалноста (1966), и сè уште е најважна за методите кои се бават со квалитативно сфаќање на човековото општество (споредете со општествено конструирана реалност). „Археолошките“ и „генеалошките“ проучувања на Микел Фоколт имаат значително влијание во современите текови.
Социологијата на наука вклучува проучување на науката како една општествена активност, особено кога се бави „со општествените услови и влијанија на науката, и со општествените структури и процеси во научната активност.“ Важни теоретичари во социологијата на наука се Роберт К. Мертон и Бруно Латур. Овие гранки на социологијата допринеле кон формирањето на научни и технолошки студии.
 
=== Медиуми ===
Како што е случајот и со проучувањето на културата, проучувањето на медиумите е една одделна дисциплина која е резултат пред сè на конвергенцијата (сличноста) на социологијата со другите општествени и хуманитарни науки, особено литературниот критицизам и критичката теорија. Иако процесот на производство или критиката на естетските форми не е во доменот на социолозите, анализите на социјализирачките фактори, како што се идеолошките влијанија и приемот од публиката (јавноста), произлегуваат од социлошката теорија и метода. Така, „социологијата на медиумите“ не е некој поддисциплина per se (сама по себе), туки медиумите се честопати една вообичаена и неодминлива тема.
 
=== Воена ===
Воената социологија се стреми кон систематско проучување на воените сили како една општествена група, а не како некоја организација. Таа е едно високо специјализирано подполе, кое проучува теми поврзани со услужниот кадар, како една одделна група која принудно делува заедно, пред сè поради споделени интереси поврзани со опстанокот во струката и во борба, со цели и вредности кои се подефинирани и потесни од оние во граѓанското општество. Воената социологија исто така се бави и со односите граѓанско-воено, како и со заемните влијанија помеѓу овие две групи или некои владини агенции. Темите ги вклучуваат доминантните претпоставки кои ги застапуваат оние во војската, промени во подготвеноста на војската да се бори, синдикализација на војската, воениот професионализам, позачестената застапеност на жените, воениот индустриско-академски комплекс, зависноста на војската од истражувањата, како и институционалната и организационата структура на војската.
 
== Политичка социологија ==
[[Податотека:JuergenHabermas.jpg|мини|150п|лево|Јурген Хабермас ]]
Политичката социологија е проучување на односите помеѓу политичките организации и општеството. Едно типично истражувачко прашање од ова поле би било: „Зошто толку малку Американци се решаваат да гласаат„? Прашањата за формирањето на политичкото мислење доведоа до некои пионерска употреба на статистичките истражувања од страна на Пол Лазарсфелд. Едно од поголемите подполиња на политичката социологија се ослонува врз компаративната историја, за да се анализираат општествено-политичките трендови. Полето се има развиено од делата на Макс Вебер и Моиси Острогорски, додека пак од современите теоретичари може да се споменат Роберт К.Дал, Сејмор Мартин ЛИпсет, Теда Скоспол, Лук Ботлански и Никос Пуланцас.
Некои од главните полиња на истражување врз кои се сосредоточува современата политичка социологија се: (1) Општествено-политичките формации на модерната држава; (2) „Кој владее“?Како општествената нееднаквост помеѓу групите (класа, раса, пол, итн.) влијае врз политиките. (3) Како јавните личности, општествените движења и трендови надвор од формалните институции со политичка моќ влијаат врз политиката, и (4) односите во моќта во рамките на и помеѓу општествените групи (на пример, во семејствата, на работното место, во бирократијата, медиумите итн.)
 
=== Расни и етнички односи ===
Социологијата на расните и етнички односи е она поле на дисциплината кое ги проучува општествените, политичките и економските односи помеѓу расите и етничките целини на сите нивоа во општеството. Ова поле ги опфаќа проучувањето на расизмот, раслојувањето во живеалиштата и други комплексни општествени процес помеѓу различни расни и етнички групи. Ова истражување честопати заемно делува со други полиња на социологијата, како што се раслојувањето и општествената психологија, како и постколонијалната теорија.
На ниво на почитичка политика, етничките односи се дискутираат во смисла на или асимилационизам или мултикултурализам. Антирасизмот формира друг стил на политика, особено популарна во 1960-тите и 1970-тите години.
 
=== Религија ===
Социологијата на религијата се бави со практиките, историската позадина, развоите, универзалните теми и улоги на религијата во општеството. Особено се нагласува повратената улога на религијата во сите општества и во текот на евидентираната историја. Социологијата на религијата се разликува од филозофијата на религијата во тоа што социолозите не се обидуваат да ја оценат валидноста на религиозните тврдења; наместо тоа, тие заземаат став кој Петер Л. Бергер го опиша како позиција на „методолошки атеизам“. Може да се каже дека модерната формална дисциплина на социологијата започна со анализата на религијата во Дуркеимовата студија од 1897 година за стапките на самоубиство меѓу Католичкото и Протестантското население. Макс Вебер објави четири главни текстови за религија, во контекст со економската социологија и неговата теза за рационализација: Протестантската етика и духот на капитализмот (1905), Религијата на Кина: Конфучионизмот и Таоизмот (1915), Религијата на Индија: Социологијата на Хиндуизмот и Будизмот (1915) и Древниот јудеизам (1920). Современите дебати честопати се концентрираат врз теми како што се секуларизацијата, граѓанската религија, како и улогата на религијата во контекст на глобализација и мултикултурализам.
 
=== Општествени мрежи ===
[[Податотека:Harrisonwhite.jpg|мини|150п|лево|Харисон Вајт ]]
Општествена мрежа е општествена структура која е сочинета од индивидуалци (или организации) наречени „јазли“, кои се поврзани со еден или повеќе специфични видови на заемна зависност, како што се пријателство, роднинска поврзаност, финансиска зависност, несимпатија, сексуална поврзаност или спој на верувања, знаења или престиж. Општествените мрежи оперираат на повеќе нивоа, од семејства, до нивото на нации, и како такви играат главна улога во одредувањето на начинот на кој проблемите се решаваат, организациите се водат, како и степено до кој индивидуите успеваат да ги остварат своите цели. Анализата на општествените мрежи не дава никакви претпоставки дека групите се камен темелник на општеството: Пристапот е отворен кон проучување на помалку поврзани општествени системи , од локални заедници до мрежи на размена. Наместо да се третираат индивидуалците (лица, организации, држави) како одделни целини за анализирање, овој пристап се сосредоточува врз тоа како структурата на врските влијае врз индивидуалците и нивните односи. Спротивно на анализата која претпоставува дека социјализацијата во норми го одредува однесувањето, анализата на мрежи бара да го утврди степенот до кој структурата и составот на врските влијае врз нормите. За разлика од повеќето други полиња на социологијата, теоријата за општествени мрежи обично се дефинира во вид на формална математика.
 
=== Општесвена психологија ===
Социолошката општествена психологија се сосредоточува врз општествените постапки во микро скалата. Ова поле може да се опише како да е дел од „социлошкото минијатузирање“, проучувајќи цели општества преку проучувањето на индивидуалните мисли и емоции, како и однесувањето на некои мали групи. За психолошките социолози особено е важно како да се објасни изобилието на демографски, општествени и културни факти во смисла на човеково општествено заемно влијаење. Некои од главните теми во ова поле се општествената нееднаквост, групната динамика, предрасудите, агресијата, општествената перцепција, групното однесување, општествената промена, незборовното (невокалното) однесување, социјализацијата, конформизмот, водството и општествениот идентитет. Општествената психологија може да се предава со ставање акцент врз психолошкиот елемент. Во социологијата, истражувачите во ова поле се најистакнатите корисници на експерименталната метода (сепак, за разлика од нивните колеги психолози, тие исто така често применуваат и други методологии). Општествената социологија ги разгледува општествените влијанија, како и општественото перцепирање и општествената меѓуакција.
 
=== Раслојување ===
Општественото раслојување претставува хиерархиско подредување на индивидуални лица во општествени класи, касти и поделбите во рамките на едно општество. Во модерните западни општества, раслојувањето традиционално се однесува на културните и економските класи кои се состојат од три основни слоеви: висока класа, средна класа и ниска класа, но секоја од овие класи може дополнително да се подели на помали класи (на пример, според занимањето). Општествената стратификација се толкува на радикално различни начини во рамките на социологијата. Пропагаторите на структуралниот функционализам инсистираат дека, со оглед на тоа што раслојувањето во класи и касти е очигледно во сите општества, хиерархијата мора да е корисна за стабилизирање на нивното постоење. Застапниците на теоријата на конфликти, спротивно на првиве, ја критикуваат недостапноста на ресурсите и недостигот на општествена мобилност во раслоените општества. Карл Маркс ги делел општествените класи според нивната поврзаност со средствата за производство во капиталистичкиот систем: буржуазијата ги поседува средствата, но тоа фактички го вклучува и пролетерјатот, бидејќи работниците можат само да го продадат својот труд (со што ја создаваат материјалната основа за културна суперструктура). Макс Вебер го критикувал Марксистичкиот економски детерминизам, полемизирајќи дека општественото раслојување не се заснова само врз економските нееднаквосит, туку врз други диференцијали кои се засноваат врз статус и моќ (на примнер, патријархатот). Според Вебер, раслојувањето може да се јави помеѓу најмалку три сложени варијабли: (1) Сопственост (класа), (2) Престижност (статус) и (3) Моќ (политичка партија). Пјер Бордо дава модерен пример во концептите на културниот и симболичкиот капитал. Теоретичарите како на пример Ралф Дарендорф ја потенцираат тенденцијата кон зголемување на средната класа во модерните западни општества, особено во однос на неопходноста од образована работна сила во технолошки или сервисни економии. Перспективите во однос на глобализацијата, како што се теоријата на зависност, укажуваат дека овој ефект се должи на промената на работниците во Третиот Свет.
 
=== Урбана и рурална социологија ===
Урбаната социологија ја вклучува анализата на општествениот живот и човековата интеракција во урбани средини. Тоа е нормативна дисциплина која се стреми да обезбеди совети во однос на планирање и создавање на политиката. По индустриската револуција, делата како што е Метрополата и менталниот живот на Џорџ Симел (1903) се сосредоточија врз урбанизацијата и влијанието кое таа го има врз оттуѓувањето и анонимизирањето. Во 1920-тите и 1930-тите, чикашката школа создаде едно главно теориско тело за природата на градот, важно како за урбаната социологија, така и за криминологијата, користејќи го симболичниот интеракционизам како метода за теренско истражување.
Современото истражување воглавно е ставено во контекст на глобализација, на пример, во студијата за „Глобалниот град“ на Саскиа Сасен. Руралната социологија, спротивно на урбаната, претставува анализа на неметрополитски реони.
 
=== Работа и индустрија ===
Социологијата на работата, или индустриската социологија, ги набљудува „смеровите и импликациите на трендовите во технолошката промена, глобализацијата, пазари на трудот, работната организација, менаџерските практики и односите во сферата на вработеноста, до степен до кој овие трендови се тесно поврзани со постојано менувачките модели на нееднаквост во модерните општества, како и во полето на менувачките искуства на индивидуите и семејствата, односно начините на кои работниците ги предизвикуваат, им одолеваат и ги даваат своите лични доприноси кон моделирањето на работата и обликувањето на работните институции.
 
=== Социологијата и другите академски дисциплини ===
Социологијата се преклопува со мноштво на дисциплини кои го проучуваат оппштеството, особено со антропологијата, политичките науки, економијата и општествената филозофија. Многу споредбено нови полиња, како што се проучувањето на комуникациите, проучувањето на културата, демографијата и литературната теорија, се ослонуваат врз методи кои потекнуваат од социологијата. И двата термина „општествени науки“ и „општествено истражување“ имаат добиено извесно ниво на автономија, по нивното создавање во полето на класичната социологија. Одделното поле општествена психологија се појави како резултат на многу вкрстосувања на социолошки и психолошки интереси, и истото понатаму се дели, во смисла на ставање на социолошки или психолошки акцент.
 
[[war:Sosyolohiya]]
[[yi:סאציאלאגיע]]
[[yo:Ìṣeọ̀rọ̀àwùjọ]]
[[yo:Ìṣeọ̀rọ̀aláwùjọ]]
[[zh-yue:社會學]]
[[diq:Sosyolociye]]