Писмо: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.6.4) (Робот: Менува sk:Písmo (jazykoveda)
дополнување
Ред 6:
Системите на пишување се одделени од другите можни симболични комуникациски системи во тоа што мора да се разбира нешто од јазикот на кој се пишува. Во спротивност на ова, други можни симболични системи како што се мапите, цртежите и математичките симболи често не побаруваа претходно знаење на јазикот што се зборува.
Секое човечко општество поседува јазик, особина што од многу луѓе е карактеризирана како уникатна особина на човечкиот род. Како и да е, развојот и присвојувањето на системите на пишување се случило спорадично. Еднаш кога е основан, системот на пишување помалку е подложен на промени одошто гласовната форма на јазикот. и исто така содржи елементи што можеби веќе не се користени во гласовната форма на јазикот.
 
== Појава и развој на писмото ==
Говорот и писмото се најважни за меѓусебно разбирање на луѓето. Тие се основните карактеристики по кои човекот се разликува од другите живи суштества.
 
Писмото се појавило околу 3200 години пред н.е. во државите на Стариот Исток. Најпрвин се појавило сликовното писмо во Месопотамија и во Египет. Кај Кинезите, писмото се појавило околу 2000 години пред н.е.
 
Сликовното писмо се состоело од мали цртежи, кои се поврзувале во логичка целина за да изразат една мисла. Постепено, некои цртежи се заменувале само со еден знак, или се употребувале мешано цртежи и знаци. Такво било египетското хиероглифско писмо, што се сликало на камен или се пишувало на папирус.
 
Во Месопотамија се развило клинестото писмо. Таму се пишувало со остар предмет на глинени плочки. Сликовните знаци постепено добиле форма на клинови, по кои и писмото го добило своето име.
 
Најдоцна се појавило гласовното писмо, кое го измислиле Фојникијците. Тоа писмо било наједноставно, а послужило како основа за создавање на други писма(грчкото, латинското и кириличното). Се пишувало главно на глинени плочки, а подоцна и на папирус и пергамент.
 
== Кирилица ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Писмо