Нервен систем: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
RedBot (разговор | придонеси)
с r2.7.2) (Робот: Додава rue:Нервова сістема
дополнување
Ред 28:
==== Цевчест тип ====
Во основа, овој тип е претставен со нервна цевка во чии ѕидови лежат невроните. Таа има лонгитудинална положба од грбната страна над [[‘Рбет|‘рбетот]]. Од нервната цевка се формираат два основни дела: ''преден'', кој се диференцира во [[черепен мозок]] и ''заден'', од кого настанува [[‘Рбетен мозок|‘рбетниот мозок]], кој е нај еволутивно совршен кај [[човек]]от. Кај различните ‘рбетници, паралелно со нивниот еволутивен развој настануваат прогресивни разлики во соодносот меѓу размерите на черепниот и ‘рбетниот мозок. Имено, се зголемува [[маса]]та на черепниот во однос на ‘рбетниот мозок. Разликата во овие два нервни центри се согледува и во нивната градба - во черепниот на периферијата се наоѓа [[Сива маса|сивата]], а во внатрешноста [[Бела маса|белата маса]], а кај ‘рбетниот е обратен случај.
 
== Градба на нервен систем ==
 
Нервната клетка преставува основна градбена и функционална единка на нервниот систем.
Нервната клетка-неврон е со неправилна форма. Изградена e од тело на клетката во чија средина се наоѓа јадрото. На периферијата, цитоплазмата создава повеќе кратки и разгранети продолжетоци - дендрити и еден долг продолжеток - неврит. Повеќе долги израстоци градат снопчиња, а повеќе снопчиња градат нерв. Разликуваме сетилни нерви кои ги носат дразбите од периферијата кон мозокот и моторни нерви, кои ги враќаат одговорите од дразбите. Кај сите животни нервниот систем е изграден од нервни клетки.
 
Кај попросто градените животни нервниот систем може да биде расфрлан по целото тело, кое личи на мрежа и е наречен мрежест нервен систем. Ваков нервен систем имаат копривкарите (хидрата).
 
Кај плочестите црви (планаријата) нервниот систем е преставен со две ганглии (група од повеќе нервни клетки) сместени во предниот дел на телото и две странични врвки изградени од нервни клетки кои со нервни влакна се поврзани меѓу себе.
 
Кај прстенестите црви нервниот систем е ганглионарен. Во секое прстенче има по еден пар ганглии меѓу себе поврзани со нервни влакна.
 
Кај мекотелите и членконогите нервниот систем е изграден од синџир на ганглии кои во предниот дел се групирани во мозок.
 
== Нервен систем кај ’рбетниците ==
'Рбетниците имаат најсложено граден нервен систем,познат како цевчест нервен систем. Нервната цевка е сместена во 'рбетниот канал познат како 'рбетен мозок. Во предниот дел 'рбетниот мозок се проширува и го гради черепниот мозок. Черепниот мозок е составен од пет дела: голем или преден, мал или заден, меѓумозок , среден и продолжен мозок. Овој нервен систем е познат како централен нервен систем.
 
Периферниот нервен систем го сочинуваат сите нервни клетки надвор од мозоците. Нервниот систем кај цицачите достигнал највисок степен на развиток. Најдобро е развиен предниот мозок познат како голем мозок.
 
Големиот мозок е изграден од две хемисфери (полутопки), лева и десна, кои се меѓусебно поврзани. Кај големиот и малиот мозок на цицачите се развива мозочна кора која е набрчкана, со многу бразди (виуги). Во кората на мозокот се сместени голем број на центри кои на цицачите им овозможуваат многу побрзо и полесно да се снајдат во надворешната средина и соодветно да реагираат на надворешните дразби.
 
 
[[Категорија:Нервен систем|*]]