Риби: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
дополнување
Ред 66:
 
Зракопернатите риби, сега предоминантни и во морските и во слатководните басени, претставуваат напредна адаптација на коскени риби за водни услови; тие се најуспешни и најраспространети од сите риби. Кај приближно сите овие риби, белиот дроб еволуирал во хидростатски орган, пливачкиот меур. Перките на оваа група се состојат од мрежа на кожа поддржана од исправени краци. Секој крак е придвижен од сет на мускули, давајќи и на перката голема флексибилност. Многу зракоперки имаат преклопени крлушки направени од тенки слоеви на коска. Нивниот скелет е мек, но силен и повеќето претставници имаат одличен вид.
 
== Начин на исхрана и систем за варење храна ==
Прв орган од системот за варење кај рибите, со кој ја зема храната, е уснатапразнина. Устата кај рибите се состои од горна неподвижна вилица на која често се наоѓаат мустачиња (пипала), што им служат како сетило за допир и им помагаат во барањето на храната; долна подвижна вилица, на која кај некои риби имаат заби и служат за прифаќање на пленот, но не и за ситнење на храната. Потоа следува грло (голтка) во кое со помош на жабрените заби се ситни храната. Од грлото храната се внесува преку хранопроводот во желудникот каде се ситни и вари. Желудникот продолжува во средно - тенко црево каде се доварува храната со помош на цревните сокови и соковите од црниот дроб (жолчни сокови). Тенкото црево продолжува во задно црево кое завршува со анален отвор.
Рибите најчесто се сештојади, но има и риби кои се хранат со месо, а тоа се рскавичните риби.
 
[[Категорија:Животни]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Риби