Пред дождот: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
JK 1985 (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
JK 1985 (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 26:
Дејството во „Зборови“ се случува во древниот машки манастир некаде во Македонија. Младиот монах Кирил, заветуван на молчење, во својата таванска ќелија ја наоѓа Замира, Албанка, девојка која повеќе наликува на дете. Тој не разбира албански, но нема дилема дека таа тука бара засолниште од некакво зло. Го премолчува нејзиното присусутво во манастирот дури и тогаш кога вооружените селани ја бараат за да и судат за убиството на еден соселанец. Исплашен е кога тие го пребаруваат манастирот и е вистински среќен кога не ја наоѓаат. Постарите монаси го забележуваат неговиот молчалив страв. Длабоко во ноќта влегуваат во ќелијата на Кирил и ја наоѓаат девојката. Казната за монахот е заминување од манастирот. Под закрилата на ноќта, минувајќи покрај пијаната селска стража, Кирил и Замира ја напуштаат сигурноста на манастирските ѕидини. Веќе е ден, тие минуваат низ каменест планински предел. Кирил, исполнет со грижа и љубов кон девојката, и ветува сигурност некаде далеку од селото и планината. Таа не го разбира неговиот говор, но ја разбира неговата љубов. Бакнежот врз нејзиното лице и нејзините раце кои бараат спас околу неговото тело, се единствениот физички контакт меѓу нив. Но тука, веднаш до нив, се нејзините роднини и соселани. Нејзиниот дедо со строгост на племенски старешина ја враќа во реалноста. Таа се обидува да објасни дека Кирил и помогнал, дека ја спасил и дека ја сака. Дедото со својот неумолив авторитет го брка Кирил. Тој колебливо тргнува. Крикот на Замира по него го враќа. Таа трча кон него. Нејзиниот брат пука. Предрасудите не оставаат можност за поинаков крај. Кирил е покрај Замира, гледајќи во него таа умира.
 
== '''''Лицата''''' ==
во вториот дел од филмот „Пред дождот“ се случуваат во еден наполно поинаков свет, динамичен, современ, урбан Лондон. Во светски познатата фотографска агенција работи лауреатот на Пулицеровата награда, Македонецот Александар Кирков, одамна заминат од татковината. Тукушто вратен од боиштето во Босна каде што фотографирал убиство, чин кој според него го прави соучесник во трагичниот настан, Александар одлучува да се врати во Македонија. Меѓу него и Ен, младата жена која работи во истата агенција се случува страсна љубовна приказна. Александар ја повикува да замине со него. Додека Ен се бори со својата дилема дали да ја остави извесноста во која живее и да замине со Александар во непредвидлива иднина, во кафеаната каде што разговара со сопругот се случува инцидент со трагични последици. Во пресметката меѓу балканските емигранти, меѓу другите загинати е и нејзиниот сопруг.
 
== '''''Сликите''''' ==
 
третиотТретиот дел од филмот, се случува во Македонија. Александар се враќа дома, во родниот крај, барајќи засолниште во долго сонуваниот мир на својот роден крај и не помислувајќи дека тука се води една поинаква, но не помалку беспоштедна војна. Пределите на неговиот роден крај се исти, но односите меѓу луѓето се драстично променети. Во крајот каде што живеат два различни народа, со различни верски припадности, односите се крајно поларизирани. Меѓу нив владее недоверба, искрата на можниот судир се чувствува во воздухот. Вооружени луѓе се сретнуваат насекаде, стравот се вгнездил во душите. Роднините на Александар го примаат со радост, но и со чудење. Неговата родна куќа е руинирана. Искрен во намерите и чесен во постапките кон луѓето, Александар ги посетува пријателите во соседното албанско село, сака да ја види некогашната соученичка Хана, кон која во момчешките години негувал нежни чувства. Таа сега е вдовица и мајка на две деца, син и ќерката Замира. Сè уште неадаптиран кон атмосферата што натежнала врз луѓето, Александар се ангажира во спасувањето на Замира која е затворена во бачилото под обвинение за убиство на еден негов роднина. Тој, без страв од вооружените соселани, ја изнесува девојката од бачилото. Неговиот братучед, соочен со сопствената немоќ пред супериорноста на Александар, пука по него. Животот на Александар завршува во пределите каде што израснал и од рацете на луѓето по кои копнеел.
 
Случајот со филмот „Пред дождот“ на режисерот Милчо Манчевски, ако го набљудуваме не само како естетски туку и како комуникациски феномен, секако инспирира на повеќе планови. Така најнапред би кажале дека овој филм доаѓа можеби во вистинскиот миг за да го заокружи континуитетот на еден логичен медиумски растеж, но на некој начин и да ги посочи можните одредници за нови достигнувања на кинематографски план. Тој е бездруго, во најдобра смисла кажано, еден престижен филм со кој би се гордеела и секоја светска кинематографија. Неговото тематско и формално богатство, пак, го произнесува неговиот режисер како еден автентичен филмски автор. Така авторскиот пристап кон филмот, се чини, го определуваат две битни особини на Манчевски како режисер, а тоа се, пред сè, една, би кажал, форсирана оригиналност во наративното градење на филмскиот расказ и еден зрел творечки сензибилитет за просторот во кој се одвива. И ова на некој начин можеби не е толку ново, но стилските карактеристики кај Манчевски токму во таа авторска смисла се доведени до степен на креативна функционалност.