Пред дождот: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
JK 1985 (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
JK 1985 (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 22:
'''''Пред дождот''''' е [[Македонија|македонски]] [[филм]] од [[1994]] година, режиран од [[Милчо Манчевски]]. Во својата филмска нарација, филмот содржи три целини поврзани меѓу себе. Тие се насловени како „Зборови“, „Лица“ и „Слики“.
 
'''==''Зборови'''''==
 
Дејството во „Зборови“ се случува во древниот машки манастир некаде во Македонија. Младиот монах Кирил, заветуван на молчење, во својата таванска ќелија ја наоѓа Замира, Албанка, девојка која повеќе наликува на дете. Тој не разбира албански, но нема дилема дека таа тука бара засолниште од некакво зло. Го премолчува нејзиното присусутво во манастирот дури и тогаш кога вооружените селани ја бараат за да и судат за убиството на еден соселанец. Исплашен е кога тие го пребаруваат манастирот и е вистински среќен кога не ја наоѓаат. Постарите монаси го забележуваат неговиот молчалив страв. Длабоко во ноќта влегуваат во ќелијата на Кирил и ја наоѓаат девојката. Казната за монахот е заминување од манастирот. Под закрилата на ноќта, минувајќи покрај пијаната селска стража, Кирил и Замира ја напуштаат сигурноста на манастирските ѕидини. Веќе е ден, тие минуваат низ каменест планински предел. Кирил, исполнет со грижа и љубов кон девојката, и ветува сигурност некаде далеку од селото и планината. Таа не го разбира неговиот говор, но ја разбира неговата љубов. Бакнежот врз нејзиното лице и нејзините раце кои бараат спас околу неговото тело, се единствениот физички контакт меѓу нив. Но тука, веднаш до нив, се нејзините роднини и соселани. Нејзиниот дедо со строгост на племенски старешина ја враќа во реалноста. Таа се обидува да објасни дека Кирил и помогнал, дека ја спасил и дека ја сака. Дедото со својот неумолив авторитет го брка Кирил. Тој колебливо тргнува. Крикот на Замира по него го враќа. Таа трча кон него. Нејзиниот брат пука. Предрасудите не оставаат можност за поинаков крај. Кирил е покрај Замира, гледајќи во него таа умира.