Хип-хоп музика: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Зголемување на информациите за оваа тема
Нема опис на уредувањето
Ред 16:
 
 
'''Хип-хопот''' е вид на музика и поткултура која настанала во средината на 70-тите години на дваесетиот век во црнечките квартови на Бронкс. Терминот хип-хоп се однесува на хип-хоп музиката и хип-хоп културата кои претежно се развиваат во африканско-американските урбани заедници. Од кога првпат се појавил во Њујорк во 1970-тите, хип-хопот се развивал и ја вклучувал не само рап музиката, туку цел животен стил кој константно се соединувал со различни елементи на технологија, уметност и урбан живот. Хип-хопот се состои од два основни елемента: рапување и диџејување. Заедно со хип-хоп танцот и графитите ги сочинуваат четирите елементи на хип-хоп културното движење чија историја ја започнале млади, воглавно луѓе со афричко потекло кои живееле во Америка.
 
'''Историја'''
Настанокот на терминот “хип-хоп” се поврзува за диџејот Lovebug Starski, кој го употребил тој термин во својата песна “Hip hop shoowop da bop”. Меѓутоа терминот е официјално оформен кога Afrika Bambaataa почнал да го користи. Истиот термин исто така го употребил и Space Cowboy од групата The Shugarhill gang во песната Rapper's Delight. Првиот елемент кој почнал да ја развива хип-хоп културата е диџејувањето. Имено, во текот на раните 70-ти години, DJ Kool Herc со потекло од Јамајка пристигнал во Њујорк. За време на неговиот престој во Јамајка, ја запоснал нивната традиција за импровизирана поезија и нејзино изведување преку реге, диско и фанк плочи. Во текот на 1980-тите и 1990-тите години па се до денес, диџејот немал некоја значајна улога од онаа која ја имал во клубовите. Тој е присутен за да го поддржи раперот на тој начин што изведува инструментална мелодија која се нарекува beat. Битот е многу битен дел од песната бидејќи го диктира темпото и расположението на песната.
Првата забележана рап-група која постоела во Америка била Kool Herc and The Herculoids. Заедно настапувале по клубови и брзо стекнале популарност. Појавата на групата The Shugarhill gang со песната Rappers Delight на американските топ-листи во енциклопедиите на современа музика се третира како почеток на рап револуцијата.
Ред 31:
Во 1991 година групата N.W.A. (Niggas With Attitude) го издала албумот Niggaz4Life. Тоа е првата хардкор рап плоќа која стигнала до врвот на топ листата иако некои продавници одбивале да ја продаваат. Еден од членовите на N.W.A., Dr. Dre го издал албумот The Chronic со што започнала појавата на gangsta rap. Уште еден значаен момент во хип хоп музиката се случува во 2000 година кога Eminem со голема поддршка од Dr. Dre го издава албумот The Marshall Mathers LP кој е распродаден во девет милиони примероци. Од 2000 година па се до денес од година во година значително се зголемува бројот на хип хоп албуми и денес овој жанр е еден од најслушаните правци на музика во светот.
'''Правци'''
Gangsta rap
Еден од најконтроверзните правци на хип хоп музиката е секако gangsta rap. Во глобала во него се зборува за улични банди, секс, дрога и насилство во Лос Анџелес и Њујорк и поради ваквите теми, gangst rap привлекувал големо внимание на слушателите. Gangsta rap првпат јавно се претставува на публиката во 1986 година, а две години подоцна со излегувањето на албумот Straight Outta Compton од N.W.A се афирмирал на глобално ниво. Тој бил гласот на угнетуваната црна раса, со тоа што генгста раперите воглавно се наоѓале во лошо окружување: биле членови на банди, дилале дрога итн. Генгста рапот го опишува животот на улицата со сите свои негативни особини: проституција, пресметна на банди, дилање дрога, убиства, насилство. Меѓутоа и покрај обидот да се цензурираат овие текстови, gangsta rap бил се повеќе популарен. Представници на овој жанр се: Ice-T, N.W.A., Ice Cube, 2Pac, Snoop Dogg, Da Lench Mob, Scarface, Abowe The Law, Schooly D.
Ред 67:
[[an:Hip hop]]
[[ast:Hip hop]]
ци[[bn:হিপহপ]]
[[be:Хіп-хоп]]
[[be-x-old:Гіп-гоп]]