Поштенска марка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
MerlIwBot (разговор | придонеси)
с Робот: Додава hu:Postabélyeg
с r2.7.3) (Робот: Додава war:Selyo postal; козметички промени
Ред 1:
[[Податотека:Filatelija_prva_mala.jpg|рамка|Првата македонска поштенска марка]]
 
'''Поштенска марка''' е начин на евидентирање на претплатата за поштенските услуги. Обично, тоа е мал книжен [[правоаголник]] залепен на коверт за писмо. Поштенската марка потврдува дека праќачот на писмото во потполност или делумно ја платил цената на поштенската услуга. Користењето на поштенски марки е најраширениот начин на плаќање за поштенските услуги.
 
Обликот на поштенските марки е правоаголен. Сепак, постојат и триаголни и петоаголни марки. [[Сиера Леоне]] и [[Того]] издадоа поштенски марки во облик на овошки. [[Бутан]] издаде поштенска марка која претставуваше [[грамофонска плоча]] на која е снимена националната [[химна]]. Покрај на хартија, марките се издаваат и на фолија. [[САД]] издадоа една пластична поштенска марка, а во [[Холандија]] издавани се марки на [[Сребро|сребрена]] фолија.
 
== Историја ==
Џејмс Чалмерс од [[Велика Британија]] е првиот кој во [[1834]] дошол на идејата за развојот на поштенските марки. Слична замисла имал и Ловренц Кошир ([[Словенија|Словенец]]), поштенски службеник од [[Австрија]] во [[1835]], но неговата идеја не е имала добар прием. Во Франција, сопственикот на една мала пошта, De Valayer, во 1653 година на своите муштерии им нудел мали парченца хартија на кои било испишано “потврда за платен транспорт”. Подоцна концептот на самолепливи поштенски марки го објавил Роуленд Хил во текстот ''(Поштенска реформа: значење и практичност)''' ''(Postal Reform: its Importance and Practibility)'' од [[1837]] година. Во овој текст се тврди дека е подобро праќачот да го плаќа преносот на поштенската пратка. Истотака, тој се залагал за воведување на единствена тарифа 1 [[пени]] за било кое писмо, без разлика каде се праќа. Идеите на Чалмер биле прифатени во британскиот [[Парламент]] во [[1839]]. На [[6 мај]] наредната година е издадена првата поштенска марка [[Црно пени]] на која се наоѓал ликот на [[кралица Викторија|кралицата Викторија]].
 
== Види ==
Ред 96:
[[uk:Поштова марка]]
[[vi:Tem thư]]
[[war:Selyo postal]]
[[zh-yue:郵票]]
[[zh:邮票]]