Финансиски фјучерс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.3) (Робот: Менува sr:Терминско тржиште; козметички промени
дополнување
Ред 1:
'''Финансискиот фјучерсифјучерс''' ([[англиски]]: ''financial futures'') претставува стандардизиран договор за купување или продажба на некои [[финансиски инструменти]] на некоја одредена идна дата, по однапред утврдена цена. Притоа, купувачот на фјучерсите се согласува да ги прими финансиските инструменти и да ја плати договорената цена на утврдената идна дата, додека продавачот на фјучерсите се согласува да ги испорача финансиските инструменти и да ја прими договорената цена на утврдената идна дата. Финансиските фјучерси спаѓаат во групата на [[финансиски деривати]] (''financial derivatives'').
 
== Карактеристики на фјучерсите ==
Ред 24:
Според тоа, вредноста на фјучерс-договорите зависи од промените на [[каматни стапки|каматните стапки]]. Имено, при пораст на каматните стапки, доаѓа до намалување на вредноста на фјучерс-договорите и обратно, намалувањето на каматните стапки предизвикува пораст на вредноста на фјучерс-договорите.
 
Малку поразлично се изразуваат цените на фјучерс-договорите што гласат на државни обврзници, каде што индексите вклучуваат и [[дропка|дропки]]. На пример, ако фјучерс-договорот за државни [[обврзницa|обврзници]] котира како 103-25, тоа означува дека цената на фјучерс-договорот е еднаква на 103 и 25/32 проценти од номиналната вредност на државните обврзници. Под претпоставка дека фјучерс-договорот се однесува на државни обврзници со номинална вредност од 100 000 долари, тогаш цената на договорот ќе биде еднаква на 103 781,25 долари.417.
 
== Добивка и загуба кај фјучерсите ==
Купувачите на фјучерси остваруваат добивка кога пазарната цена на темелниот финансиски инструмент е повисока од почетната цена. Обратно, ако пазарната цена падне под договорената цена, купувачите на фјучерси доживуваат загуба. На пример, ако фјучерс-договорот е купен по цена од 94,60, неговиот сопственик ќе оствари добивка ако тековната цена на фјучерсот го надмине ова ниво. Притоа, колку е повисока тековната цена на фјучерсот, неговиот сопственик ќе остварува сè поголема добивка. Обратно, ако цената на фјучерсот падне под 94,60 сопственикот ќе претрпи загуба, која ќе се зголемува со понатамошното опаѓање на цената на фјучерсот.
 
Од друга страна, продавачите на фјучерси остваруваат добивка кога тековната пазарна цена на фјучерсите е пониска од почетната цена, а трпат загуба ако пазарната цена на фјучерсите ја надмине почетната цена. На пример, ако некој продаде фјучерс-договор по цена од 92,80, тој ќе оствари заработка ако пазарната цена на фјучерсот падне под ова ниво. Обратно, ако цената на фјучерсот порасне над 92,80, продавачот ќе претрпи загуба. Притоа, колку што расте пазарната цена на фјучерсот, неговата загуба ќе биде сè поголема.
 
Притоа, секое зголемување или намалување на пазарната цена на фјучерсите во однос на неговата почетна цена значи соодветна добивка или загуба на купувачите и продавачите. Во продолжение, кај купувачите на фјучерси, потенцијалната загуба е ограничена, а потенцијалната добивка е неограничена, додека кај продавачите на фјучерси, потенцијалната добивка е ограничена, а потенцијалната загуба е неограничена.<ref>Горан Петревски, ''Управување со банките'', Скопје: Економски факултет, 2008, стр. 432-433.</ref>.
 
 
== Употреба на фјучерсите за заштита од каматниот ризик ==