43.124
уредувања
(→Термински договори: ситна поправка) |
(ситна поправка) |
||
==Карактеристики и тргување==
Финансиските деривати го добиле своето име оттаму што нивната вредност е изведена од вредноста на некои други финансиски инструменти или договори, коишто се нарекуваат ''темелни'' (''underlying'') инструменти. Така, како основа на финансиските деривати може да послужат: акциите, обврзниците, [[девизи]]те, инструментите на [[пазар на пари|пазарот на пари]] или [[берза]]нските индекси. Притоа, номиналната вредност на финансиските инструменти што се предмет на договорот се нарекува ''договорна вредност'' (''notional amount'') на дериватите.<ref>Горан Петревски, ''Управување со банките'', Скопје: Економски факултет, 2008, стр. 413.</ref>
Финансиските деривати се релативно нова појава во [[финансии]]те: Организираното тргување со финансиските [[фјучерси]] и [[опции]] датира од првата половина на [[1970]]-тите, додека каматните [[своп]]ови се појавиле во почетокот на [[1980]]-тите.<ref>Горан Петревски, ''Управување со банките'', Скопје: Економски факултет, 2008, стр. 413.</ref> Меѓутоа, во кус временски период, [[пазар]]ите на финансиски деривати доживеале експлозивен пораст, т.е. од година во година, договорната вредност на дериватите и вредноста на остварениот промет бележат нагорна линија, а истовремено, пазарот постојано се збогатува со нови, посложени финансиски инструменти.
==Видови финансиски деривати==
Денес, клучните финансиските деривати на финансискиот пазар се [[
Од гледна точка на основниот инструмент од кој се изведени, финансиските деривати може да се поделат на неколку видови: валутни деривати, деривати на акции, деривати на каматни стапки, стокови деривати итн. Притоа, најголемо значење имаат договорите на каматните стапки: Така, во [[2006]] година, овие деривати учествувале 90% во вредноста на дериватите со кои се тргува на берзите. Имено, од вкупната вредност на финансиските деривати со кои се тргува на берзите, вредноста на договорите на каматните стапки изнесувала 62 652 милијарди долари, споредено со договорите на акции (7 612 милијарди) и валутните деривати (257 милијарди). Исто така, дериватите на каматните стапки доминираат и во трговијата со финансиски деривати со кои се тргува на шалтерските пазари каде нивното учество изнесува 70%. Така, во 2006 година, вредноста на договорите на каматните стапки со кои се тргува на шалтерските пазари изнесувала дури 291 987 милијарди долари, споредно со валутните деривати (40 179 милијарди), договорите поврзани со акции (7 485 милијарди), стоковните деривати (6 938 милијарди) и другите договори (68 593 милијарди).<ref>Горан Петревски, ''Управување со банките'', Скопје: Економски факултет, 2008, стр. 415.</ref>
===Договор за идна испорака===
''
Каматните договори за идна испорака им овозможуваат на институциите да го намалат [[каматeн ризик|каматниот ризик]]. Овие договори вклучуваат повеќе елементи:
|