Финансиски дериват: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
Ред 4:
Финансиските деривати го добиле своето име оттаму што нивната вредност е изведена од вредноста на некои други финансиски инструменти или договори, коишто се нарекуваат ''темелни'' (underlying) инструменти. Така, како основа на финансиските деривати може да послужат: акциите, обврзниците, [[девизи]]те, инструментите на [[пазар на пари|пазарот на пари]] или [[берза]]нските индекси. Притоа, номиналната вредност на финансиските инструменти што се предмет на договорот се нарекува ''договорна вредност'' (notional amount) на дериватите.<ref>Горан Петревски, ''Управување со банките'', Скопје: Економски факултет, 2008, стр. 413.</ref>
Финансиските деривати се релативно нова појава во [[финансии]]те: Организираното тргување со финансиските [[фјучерси]] и [[опции]] датира од првата половина на [[1970]]-тите, додека каматните [[своп]]ови се појавиле во почетокот на [[1980]]-тите.<ref>Горан Петревски, ''Управување со банките'', Скопје: Економски факултет, 2008, стр. 413.</ref> Меѓутоа, во кус временски период, [[пазар]]ите на финансиски деривати доживеале експлозивен пораст, т.е. од година во година, договорната вредност на дериватите и вредноста на остварениот промет бележат нагорна линија, а истовремено, пазарот постојано се збогатува со нови, посложени финансиски инструменти.
 
{| class="wikitable"
|-
! Инструменти !! 1988 !! 1998 !! 2006|-
| Деривати со кои се тргува на берзите || || || |-
| Валутни договори || 60 || 81 || 257|-
| Договори на каматни стапки || 1 174 || 12 655 || 62 652|-
| Договори поврзани со акции || 70 || 1 200 || 7 612|-
| Вкупно || 1304 || 13 936 || 70 521|-
| Деривати со кои се тргува преку шалтер || || || |-
| Валутни договори || 320 || 18 011 || 40 179|-
| Договори на каматни стапки || 1 010 || 50 015 || 291 987|-
| Договори поврзани со акции || - || 1 488 || 7 485|-
| Стоковни деривати || - || 415 || 6 938|-
| Други деривати || - || 10 389 || 68 593|-
| Вкупно || 1 330 || 80 318 || 415 182|-
| Вкупна номинална вредност на дериватите || 2 634 || 94 254 || 485 703|}
 
 
 
 
На пример, во [[1988]] година, вкупната номинална вредност на финансиските деривати изнесувала 2 634 милијарди долари, од кои, 1 330 милијарди отпаѓале на дериватите со кои се тргува на [[пазари преку шалтер|пазарите преку шалтер]], додека 1 304 милијарди отпаѓале на дериватите со кои се тргува на берзите. За само десет години, овие износи вртоглаво се зголемиле. Така, во [[1998]] година, вкупната номинална вредност на финансиските деривати изнесувала 94 254 милијарди долари, од кои, 80 318 милијарди отпаѓале на дериватите со кои се тргува на пазарите преку шалтер, додека 13 936 милијарди отпаѓале на дериватите со кои се тргува на берзите.<ref>Shelagh Heffernan, ''Modern Banking'', Chichester, England: John Wiley & Sons, UK, 2005, стр.43.</ref> Тој тренд продолжил и во [[XXI]] век: Во [[2006]] година, вредноста на финансиските деривати изнесувала 485 703 милијарди долари! Најголем дел од вредноста на дериватите отпаѓа на шалтерските пазари - 415 182 милијарди долари, или 85% од вкупната вредност, додека вредноста на дериватите со кои се тргува на берзите е многу помала - 70 521 милијарди долари.<ref>''OTC derivatives market activity in the second half of 2006'', Bank for International Settlements, Monetary and Economic Department, Basel, May 2007, стр. 9.</ref>