Македонски парламентарни избори (2006): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Парламентарните избори 2006 година''' се одржаа на [[5 јули]] [[2006]] година, кој беше прв термин за редовни избори. Изборите се одржаа според [[пропорционален изборен систем|пропорционалниот изборен модел]], во шест изборни единици, исто како и [[парламентарни избори 2002 година|парламентарните избори во 2002 година]]. На изборите победи опозицијата предводена од [[ВМРО ДПМНЕ]], која подоцна и формира [[Влада на Република Македонија од 2006|влада]].
 
==Резултати==
Ред 5:
На изборите победи коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од [[ВМРО-ДПМНЕ]], која освои 44 пратенички мандати. Следи коалицијата „За Македонија заедно“, предводена од [[СДСМ]] со 32 мандати, коалицијата [[Демократска унија за интеграција|ДУИ]]-[[Партија за демократски просперитет|ПДП]] освои 18, [[Демократска партија на Албанците|ДПА]] - 11 мандати, [[Нова социјалдемократска партија]] 7, [[ВМРО-Народна партија]] 6, [[Демократска обнова на Македонија]] 1 и [[Партија за европска иднина|Партијата за европска иднина]] 1 мандат.
 
[[Гласачки одзив|Гласачкиот одзив]] беше 56,5% што е убедливо најнизок процент на гласачи на досегашните парламентарни избори. На овие избори излегоа цели 17% помалку гласачи во однос на последнитепретходните парламентарни избори во 2002 година. Драстичниот пад на гласачкиот одзив во голема мера се должи на разочараноста на македонските граѓани од политичките партии и нивниот капацитет да ја извлечат земјата од кризата, но во одредена мера се должи и на фактот што изборите и предизборната кампања се одвиваше во текот на [[Светско Првенство во Фудбал 2006|Светското Првенство во фудбал]]. Дека тоа е така покажуваат и парламентарните избори во [[Словачка]], кои исто така се одржаа во текот на Светското првенство и каде се забележа сличен пад на гласачкиот одзив, од 70,0% на 54,7%.
 
По изборите, мандатот за формирање на нова влада му беше даден на лидерот на победничката партија [[Никола Груевски]], кој на [[28 август]] беше избран за премиер на [[Влада на Република Македонија од 2006|владата]] во чиј состав влегоа претставници на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ДПА и НСДП. Владата ја поддржаа и ДОМ и ПЕИ, кои сепак не добија министерски места. ВМРО-НП гласаше за владата, но не учествува во владината коалиција.
Ред 59:
*Сојуз на титови леви сили
 
Кандидатска листа од група избирачи беше пријавена во 4ИЕчетвртата изборна единица, предводена од Панчо Минов, и во 5ИЕпеттата, предводена од Ќирчо Ташков.
 
==Надворешни врски==
Ред 69:
*[http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=65214 ДИК: „За подобра Македонија“ победи на изборите]
 
[[Категорија:ИзбориПарламентарни избори во Република Македонија|2006]]
 
[[en:Macedonian parliamentary election, 2006]]