Ден на независноста на Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 31.11.88.118 (разговор), вратено на последната верзија на Kiril Simeonovski
Нема опис на уредувањето
Ред 19:
 
 
'''Денот на независноста во Македонија''' е [[државен празник]]<ref>[http://sinbad.mp.com.mk/cit/drzavnipraznici.htm Законот за празниците на Република Македонија]</ref> кој се празнува во [[Република Македонија|Македонија]] на [[8 септември]]. Празникот популарно е наречен и како '''8 семптември'''. Празникот ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на [[Република Македонија|Македонија]] и [[Македонци|македонскиот народ]].
 
== Историја ==
Ред 44:
На 8 септември 1991 година убедливо мнозинство - 95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање: ''„Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?''
 
На гласањето, според официјалните податоци, од 1.495.626 гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас или 71,85 отсто, а од вкупниот број граѓани кои гласале на Референдумот '''позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани''' односно '''95,09 отсто''' (односно 72,16 % од вкупниот број на граѓани со право на глас). Резултатите само по себе говорат за успешноста на Референдумот. Во официјалниот извештај на Комисијата за спроведување на Референдумот се вели дека за начинот на кој беше спроведен не беа поднесени приговори или жалби поради неправилности или повреди на одредбите на Законот за републички Референдум. Комисијата ја констатирала масовноста на граѓаните со право на глас во Република Македонија кои се изјасниле "за" самостојна и суверена Македонија.
 
На референдумот му претходела Декларација за независност што првиот повеќепартиски Собрание на Република Македонија|Македонски Парламент што ја усвоила на 25 јануари 1991 година.
Ред 67:
По референдумот, водечките светски медиуми излегоа со оценка дека мнозинството гласачи се изјасниле за независност на Македонија и оти тоа ќе значи чекор поблиску до распадот на Југославија.
 
Референдумското изјаснување во соседните земји не наишло на одобрување. [[Атина]] го оценува референдумот како скопска опасност за [[Грција]]. [[Бугарија]] најавува дека ќе ја признае државата, но не и [[македонци|нацијата]], а [[Албанија]] го одобрила бојкотот на [[албанци|албанската етничка заедница]] во земјата. Честитки до претседателот [[Киро Глигоров|Глигоров]] меѓу првите упатил [[Словенија|словенечкиот]] претседател [[Милан Кучан]]. [[САД]] го повториле својот став за политиката на македонскиот државен врв даден пред референдумот во кој изразиле задоволство од нејзиниот умерен пристап и духот на компромис што ги покажувала Македонија. Уставното име на Република Македонија, САД го признаа за време на администрацијата на [[Џорџ В. Буш|Џорџ Буш Помладиот]] на самиот почеток од неговиот втор претседателски мандат во 2004 година.