Стрип: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.2+) (Робот: Додава kk:Комикс
с r2.7.3) (Робот: Додава jv:Buku komik; козметички промени
Ред 1:
[[Податотека:1896-11-08 Yellow Kid.jpg|mini|200px|десно|''Yellow kid'' од ноември [[1896.]] бил првиот стрип со текст во облачиња.]]
'''Стрипот''' е [[уметност]], најчесто дефинирана како деветта уметност според серијата написи ''Деветтата уметност, музеј на стрипот'' потпишани од страна на [[Морис (автор)|Морис]] во весникот Спиру ( ''Journal de Spirou'') помеѓу 1964 и 1967. Оваа класификација била подоцна преземена и популаризирана од страна на [[Франсис Лакасен]] во неговата книга ''За една деветта уметност, стрипот''<ref name="F. Lacassin 1971">F. Lacassin (1971)</ref>.
Стрипот исто така е и ''[[медиум]]''<ref name="medium">D. Dupuis (2005), p.6</ref>,<ref name="media">A. Baron-Carvais (1985), p.5</ref>, низ кој се пренесува деветтата уметност материјализирајќи ја низ едно дефинирано и семиотичко множество. Тој овозможува да се раскажат приказни преку посредство на надоврзани слики. Според [[Вил Ајзнер]], « денес стрипот ја сочинува главната апликација на секвенцијалната уметност ставена на хартија »<ref>Will Eisner, premier ouvrage de la trilogie ''Comics and Sequential Art'', (1997)</ref>.
 
Типично, стриповите се печатат на хартија со [[текст]] вметнат во сликите. Најсреќавани формати се [[дневен стрип|дневните стрипови]], серијалните [[стрип албум|стрип албуми]]и и поголемите дела познати како [[графичка новела|графички новели]].
 
[[Манга]] е [[Јапонија|јапонскиот]] поим за стрипови, [[Франција|француските]] стрипови се познати како [[Bande Dessinée]] или "BD" (буквално, „стрип цртежи“), во [[Велика Британија]] под „стрипови“ се подразбираат домашните стрип албуми додека под „стрип албуми“ се подразбираат стрипови од [[Соединети Американски Држави|САД]]. Во [[Република Македонија]], под „стрип“ се подразбираат сите три спомнати форми.
Ред 10:
 
[[Податотека:Krazykat.jpg|mini|200px|десно|[[Krazy Kat]] на [[Џорџ Хериман]]]]
Обично се прави разлика меѓу поимот « стрип » и стриповите. Таа разлика ја истакнал [[Франсис Лакасен]]<ref name="F. Lacassin 1971"/>. « Стрипот » е [[концепт]], односно уметност — 9-та уметност — и [[техника]] која овозможува да се реализира таа уметност. « Стриповите » пак се ''[[медиум]]'' преку кој таа уметност се пренесува<ref name="medium"/>,<ref name="media"/>. Ова имплицира дека треба да се дава една двојна дефиниција, онаа за стрипот како уметност и друга за стриповите како медиум.
 
=== Дефиниција на стрипот како уметност ===
Ако стрипот е уметност тогаш оваа уметност треба да се поврзе со сите сликовни форми што постоеле пред него. Ова е ставот на [[Скот Меклауд]]<ref>S. McCloud (1999), pp.10-11 et 14-19</ref>. Овој начин на гледање на стрипот налага тој да се смести во големиот уметнички и културен тек кој започнува со првите цртежи, оние на пештерската уметност {{#tag:ref|Во 1942, била организирана изложба од страанаа на Американскиот Институт за Графички уметности насловена ''Стрипот, неговата историја и значење'' на која биле претставени пештерски цртежи од [[Ласко (пештера)| пештерата Ласко]], откриена 2 години пред тој настан, како извор на стрипот <ref>W. Fuchs et R. Reitberger (1971)</ref>.|group=Белешки}}, како оние во [[Ласко (пештера)| пештерата Ласко]], иако денес таквиот пристап се избегнува. Главно, специјаалистите се согласни околу фактот дека тука не станува збор за след на цртежи како што впрочем е случај со стрипот. Згора на тоа, квалитетот на нарацијата останува да се докааже а бројни археолози им припишуваат шаманско толкување, односно тврдат дека цртежите веројатно имале магиска функција<ref>N. Aujoulat, (2004)</ref>.
 
Затоа нема причина стрипот да се поврзува со пештерските цртежи а не и со другите такви графички уметности како на пример плиткиот рељеф на египетските храмови <ref>S. McCloud (1999), pp.14-15</ref>, предколумбиските кодекси<ref>S. McCloud (1999), pp.10-11</ref> и ''[[Biblia pauperum]]''<ref>A. Baron-Carvais (1985), p.7</ref> од крајот на [[Среден век| Средниот век]]<ref group="Note">Каталонскиот философ и мисионер [[Ремон Лил]] во 14 век направил приказни во последователно поставени слики истакнувајќи ги главно своите авантури во муслиманските земји. Секвенците на сликите се во дијалог ссо помош на филактери (G. Blanchard (1969), p.28). Во каталонската традиција, [[ока| оките]] сочинувале серии на слики придружени со текстови во рима кои раскажувале некоја приказна.</ref>. На овој список треба да се додаде и : '' [[Таписерија од Бајо| Таписеријата од Бајо]]''<ref>G. Blanchard (1969)</ref> вавилонските свитоци и 182 колажи на [[Макс Ернст]] ''Една седмица добрина''<ref>S. McCloud (1999), p.19</ref>. На сите овие уметнички изрази општа им е желбата да раскажат некоја приказна на начин како што тоа го прави стрипот а таков е и [[фриз]]от на [[Партенон]]от во [[Атина]], [[Трајанов столб| Трајановиот столб]] во [[Рим]], и барељефот на храмот на [[Ангкор]] во [[Камбоџа]].
 
{{Цитат|Историјата на уметност во наративната димензија на овие дела не можела значи да го препознае критериумот на една автономна дисциплина во рамки на визуелните уметности <ref>T. Groensteen (2005), p.4</ref>.}}
Ред 34:
* Приказни во слики : дистинкција која ја предлагаат одредени специјалисти за да направат разлика од форматот на стрипот и оние низи на слики што раскажуваат приказна но каде текстот наместо во облачиња е прикажан под сликите.
Медиумот стрип има различни називи во различни земји и периоди:
==== Во Соединетите Американски Држави ====
* ''Funny'' е називот на хумористичниот цртеж кој на крајот на 20 век се појавува во дневните весници. На почетокот на 20 век овој назив е синоним на називот ''strip''.
* ''Strip'', кратенка од ''comic strip'' : хумористичен цртеж во два-три хоризонтално поставени квадрати кои се појавувале со неделниот додаток на некој весник, нарекуван исто така и ''sunday strip'' пред да стане вистинска приказна со повторливи ликови.
Ред 68:
* Рецитативите се главно паноа што се наоѓаат над квадратчињата и служат за нечујните коментари ( « voix off »), особено кога треба да се назначи времето или местото на дејството или да се достават информаации со цел подобро разбирање на дејството. Во стилот со ''јасна линија'' многу се користел рецитативот како на пример кај белгискиот автор [[Едгар П. Жакоб]], авторот на ''Блејк и Мортимер'' ({{en}} Blake et Mortimer). « Илустрирааните приказни » (сликовници) се карактеризираат по тоа што ексклузивно го користат рецитативот.
* Облачињата, на почетокот нарекувани [[филактер]]и, (на [[англиски]] ''balloon''; на [[француски]] ''bulle''). Главно округли или елипсовидни (или пак квадратни во стилот со јасна линија), ги содржат дијалозите на ликот на кој му се прикачени. Кога ликот размислува или сонува тие најчесто се прикажани во форма на вистински облак.
* [[Ономатопеја| Ономатопеите]] се во вид на зборови или икони кои сугерираат некаков звук, дејство, мисла изразена со фонетска, графичка или иконска имитација. [[Манга|Мангите]] користат ономатопеи за да сугерираат одредени чувства.
* [[Рамка (стрип)| Рамка]]: Сликата најчесто е прикажана во рамка од квадратче или правоаголник, но во стрипот истиот не мора секојпат да биде користен, па зависно од изразот на авторот или од потребата на дејството сликите може да се претставуваат и на самата позадина без сликите да бидат уоквирени.
* Лента (на [[англиски]] : ''strip'', на [[француски]] bande) или трака е низа од оквири, односно квадратчиња, наредени во ист ред.
* Табла која авторот дискретно во некој агол ја нумерира. Бројот на страницата и бројот на таблата не значи дека мора да се поклопуваат.
Ред 90:
'''Јапонија''' е најмладото но и најголемото од сите три жаришта. Јапонските стрипови je najmlađe ''[[манга]]'', сочинуваат 40% од вкупниот печатен материјал, односно издаваштво, во Јапонија. Секој месец од печат излегува околу 350 магазини за стрип и околу 500 стрипови. Се објавуваат во формат од стотина до двеста страници а некои серии достигнуваат и 10,000. Затоа во јапонските стрипови се става акцент на дејството додека цртежот е спореден. Посебен феномен е ''дуџинши'', огромен пазар на аматерски стрипови. Најславен автор е [[Осаму Тезука]] (''Астро Бој'', ''Блекџек'').
 
== Развој на стрипот во Македонија ==
Во Македонија развојот на стрипот бележи 3 фази:
 
Ред 97:
*'''Втората фаза''' на актуелноста на стрипот во нашата средина го означува периодот од средината на 40-тите години од 20 век, до почетокот на 70-тите. Иако, илустраторот и карикатуристот [[Панде Јаревски]] располагал со цртежи од неговиот стрип работен, според неговото тврдење, во 1941 година, при влегувањето на германските окупатори во Битола, тој веднаш по ослободувањето во весникот ''Единство'', во 1946 година, го објавил стрипот под наслов „Чорбаџи Вангел прислушкуе". Станува збор за краток стрип во лента со тема од повоената стварност во која двајца селани надитруваат еден наконтен градски чорбаџија. Очигледно, се работи за стрип што ги спојува народските типолошки традиции за итрите селани, со повоениот пропагандизам, во склад со новата општествена ситуација што настанува со ослободувањето и изведувањето на социјалната револуција. Меѓутоа, малку порано, во 1945 година, уште еден талентиран цртач, подоцна и прв македонски романсиер, реномиран писател, подоцна и академик, [[Славко Јаневски]], во детскиот весник „Пионер" го објавува својот детски стрип „во продолжение", под наслов „Еден бункер падна". Станува збор за оригинално остварување, значајно барем поради два момента: прво, затоа што се работи за прв повоен стрип од македонски автор, и второ, зашто тој во себе го вклучува поетскиот израз во текстот којшто е изведен во четворостиха рима, вонредно допадлива за најмладите читатели. Нешто подоцна, уште еден подоцнежен литерат, ликовен критичар и академик, [[Влада Урошевиќ]] се појавил како автор (сценарист) на еден стрип работен со туш на хамер -"Доживувањата на инспекторот Ѓорѓевиќ", нацртан во 1949 година на околу пет табли, од страна на стрип-цртачот [[Михо Лазаров]]. Еден од младите стрип-ентузијасти и автори бил и ликовниот уметник [[Боро Крстевски]], кој во 1945 го објавил својот прв стрип под наслов „''Да живее работата''", според текст на Славко Јаневски. Крстевски бил најплоден автор меѓу раните македонски стрип-автори. Во 1952 година, подолг стрип со бајковита тема објавил и [[Томе Андреевски]]. Во оваа плејада на млади стрип-автори што создавале во 50-тите години на минатиот век, неопходно е да се спомене и [[Душан Перчинков]], кој првиот стрип, адаптација на анегдотата „Настредин-оџа и неговото магаре" го објавил во 1952 година во „Титов пионер". Подоцна Перчинков објавил серија стрипови за [[Настредин-оџа]], публикувани во 1953 година. Под псевдонимот Перица Панов, во мартовскиот и априлскиот број на „Титов пионер", во 1953 година својот прв стрип „Палчо" го објавил [[Петар Глигоровски]], подоцна афирмиран графичар и илустратор и автор на првиот македонски анимиран филм ("[[Ембрионот Но. М]]").
 
=== Генерација на виталните шеесети ===
 
Својот прв стрип (стрипуваната биографија на „Цар Самуил", според сценариото на [[Драган Ташковски]]) илустраторот [[Миле Топуз]] го објавил во 1962. Шеесеттите години со духот на првата позабележлива либерализација и отворање, внесуваат промени и во доменот на тематиката и естетиката на стрипот. Едно од првите имагинативни вивнувања на македонскиот стрип во пределите на авантуризмот бил стрипот „Капетан Смела Глава" на стрип-цртач [[Младен Туниќ]], по сценарио на Никола Божиќ и [[Васил Куновски]], што за тема ги имал Бурските војни од југот на Африка. [[Илија Поповски]], кој живеел и работел во Белград, бил сценарист чијшто прв стрип бил објавен околу 1962 година во сатирично-хумористичниот весник „Јеж", во соработка со цртачот Милорад Добриќ. Освен со него, Поповски своевремено соработувал и со [[Дарко Марковиќ]], како и со Миомир Томиќ. Тој напишал сценаријата за близу 20 стрипови унапредувајќи го сатиричниот стрип, во време кога овој стриповски пристап доживувал актуелност во европските и светските искуства.
Ред 104:
*'''Третата фаза''' од развитокот на стрипот во Македонија го опфаќа периодот од почетокот на седумдесеттите години до денес. Како припадници на иста генерација [[Роберт Дандаров]] и [[Дине Балтаков]], иако едниот од Скопје, а другиот од Струмица, развиле сроден пристап кон стрипот, што се именува како „Поетска фантазија". Својот прв стрип Дандаров го нацртал 1981 година, и го објавил во „Студентски збор" под насловот „Икар". Дандаров е автор и на стриповите „Рембрант", „Фигаро",„Егзекуција", „Кукла" и др. Во декември 1981 година Дине Балтаков го нацртал својот прв стрип „Саем на тутун" што го објавил во „Студентски збор". Најзначајниот претставник на т.н „реалистички тенденции" во третата фаза на стриповите развој кај нас е Ласко Џуровски кој својот прв стрип го реализирал во 1978 година, а година дена подоцна во „Млад борец" го објавил својот „Стрип за малоумни". [[Јорданчо Давидовски]] е вториот припадник на реалистичката тенденција во македонскиот стрип. Тој во 1983 година го изработил својот прв стрип „Убиецот" а автор бил на цртежот за стриповите „Гладијатор", „Повратници" и други. Почетокот на осумдесеттите години за македонскиот стрип биле особено значајни. Новиот авторски бран цртачи, на страниците на младинскиот печат, започнал да ги објавува своите „нови квадрати" донесувајќи го современиот сензибилитет што во бившите југословенски простори (најмногу во Белград и Загреб) се остварил цела една деценија порано, но и заради уште еден интересен феномен: појавата на првата целовита стрип-група, скопската „Туш-лабораторија" во 1982 во која членувале цртачите Игор Тошевски, Камиловски, [[Томислав Османли]], „задолжен" за теорија на стрипот, [[Ванчо Полазаревски]] (сценарист) и цртачот [[Кочо Трајановски]]. Јавувајќи се 1979 година во „Млад борец" со својот стрип „Цезар и Брут", Зоран Јаневски го најавил „андеграунд" стрипот со сите негови побитни карактеристики: од неговиот тематски и идеен интелектуализам, преку цинизмот и анти-дидактичноста, сe до поедноставениот, редуциран цртеж. Јаневски ги објавил уште и стриповите „Штиркачи на кошули", „Грешкиче", „Сфингата и селанецот - нова легенда", „Компјутер" и др <ref>Томислав Османли, Развој на стрипот во Македонија,седум децении стриповно творештво http://www.rastko.rs/cms/files/books/4c293dcfd205f</ref>.
 
=== Промоција на стрипот во Македонија ===
 
Ова се дел од списанијата кои ја промовираат уметноста на стрипот во Македонија:
Ред 131:
* [http://www.journal9art.com 9ème Art et Compagnie] Независен и бесплатен весник за стрип ({{fr}})
 
== Библиографија ==
 
* [[Annie Baron-Carvais]], ''La Bande dessinée'', PUF, coll. « Que sais-je ? », première édition 1985, cinquième édition revue et augmentée 2007
Ред 148:
== Наводи ==
{{наводи|2}}
 
 
 
[[Категорија:Стрип]]
Ред 196 ⟶ 194:
[[it:Fumetto]]
[[he:קומיקס]]
[[jv:Buku komik]]
[[ka:კომიქსი]]
[[kk:Комикс]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Стрип