Петар I Петровиќ Његош: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 66:
Во 1813 година, со помош на [[Руското Царство]] и [[Британска империја|Британската империја]], Црногорците повторно ја освоиле Бока Которска, меѓутоа подоцна морале да ја отстапат на [[Хабзбуршка монархија|Хабзбуршката монархија]]. Во овој период, настапил атешка состојба во Црна Гора, околу илјада Црногорци починале од глад, а стотина емигрирале во Србија и Русија.
== Наследство ==
Петар I Петровиќ Његош имал план за создавање на една словенска држава (т.н словено-српска држава) во која требало да влезат [[Босна]], [[Србија]], [[Херецеговина]], [[Црна Гора]] и [[Бока Которска]] со престолнина во [[Дубровник]]. Според планот, рускиот цар требало да биде владетел на оваа државна творба, а владиката Петар да биде негов совладетел. Меѓутоа политички услови за остварување на тој план немало и тој останал само на хартија.
 
Владиката Петар I за свој наследник го подготвувал Ѓорѓија Савов Петровиќ, меѓутоа тој се посветил на воениот живот. На [[20 јануари (настани)|20 јануари]] 1827 година за наследник бил прогласен Раде Томов Петровиќ, идниот [[Петар Петровиќ - Његош|Петар II Петровиќ Његош]].
 
Во 1830 година, владиката Петар починал во Цетиње, а неговиот наследник Петар II на 18 октомври го канонизирал. Владиката Петар I Петровиќ Његош станал ''Свети Петар Цетињски''.
 
== Извори ==