Дорис Деј: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Робот: Додава lv:Dorisa Deja
с r2.7.3) (Робот: Менува ru:Дэй, Дорис; козметички промени
Ред 6:
Бракот на нејзините родители бил неуспешен поради јавното неверство на нејзиниот татко. Иако фамилијата била Римо-Католичка, нејзините родители се развеле. По нејзиниот втор брак, самата Деј ќе стане Христијански Научник. Деј била мажена четири пати.
Деј развила ран интерес за играње, и во средината на 1930тите формирала танчерско дуо со Џери Доерти, настапувајќи локално во Синсинати. На 13ти октомври 1937 година, во сообраќајна несреќа таа ги повредува своите нозе и со тоа се ограничуваат нејзините проспекти како професионален танчер. Во текот на заздравувањето Деј зема часови по пеење, и на 17 годишна возраст започнува да настапува локално.
Во текот на работењето со локалниот лидер на бендот Барни Рап, во 1939 или 1940 година таа го прифаќа уметничкото име „Деј“ како алтернатива за „Капелхов“, на негов предлог. Рап смета дека нејзиното презиме е премногу долго. Првата песна која таа ја изведува за него е „Day After Day“ („Ден По Ден“), од каде што и потекнува нејзиното уметничко име. По работењето со Рап, Деј работи со бројни други лидери на групи, вклучувајќи ги и Џими Џејмс, Боб Кросби и Лес Браун. Токму и работејќи со Браун Деј го постигнува својот прв хит снимајќи ја „Sentimental Journey“ („Сентиментално Патување“), издаден во почетокот на 1945 година. Набргу потоа таа станува химна на желбата на демобилизирачките трупи на Втората Светска Војна да се вратат дома. Песната е се уште поврзана со Деј, и е преснимувана од нејзе неколку пати за различни пригоди.
 
'''Кариера'''
Ред 29:
'''1970ти'''
На 18 септември 1974 година Деј била наградена 22 835 646 долари за измама и злоупотреба во едночасовна усна одлука на Врховниот судија Лестер Е. Олсон, завршувајќи го 99-дневното судење кое вклучувало 18 консолидирани тужби и против-тужби поднесени од Деј и Розентал кои се однесуваат на раководењето на Розентал со нејзините финансии по нејзиното завршување со него во јули 1968 година. Граѓанското судење вклучувало 14 451 страница препис од 67 сведоци. Застапувана од адвокатот Роберт Винслоу и адвокатската фирма Mitchell, Silberberg & Knupp LLP, Деј била наградена 1 милион долари казнени штети, 5.6 милиони плус 2 милиони долари камата за загуби во лажен нафтен потфат, 3.4 милиони плус 1.2 милиони камата за хотелски потфат, 2.2 милиони плус 793 800 долари камата за двојни или непотребни плаќања на надоместоци на Розентал, повеќе од 2 милиони долари за надоместок на кретити на Розентал, 2.9 милиони плус 1 милион долари камата за измама и 850 000 долари за адвокатски такси за Деј. Олсон исто така забранил на Розентал понатамошно кривично гонење на Деј или нејзините бизнис дејства. (Розентал поднел повеќе од 20 тужби од 1969 до 1974 година). Олсон, експерт во сложени финансиски брачни пресметки, ја прочитал секоја страна од 3275 индивидуални изложби и 68 кутии од различни финансиски записи.
Во октомври 1979 година одговорносниот осигурител на Розентал измирил со Деј околу 6 милиони долари платени во 23 годишни рати. Розентал продолжил со случајот и поднел жалба во Окружниот Суд 2 за Жалби, и исто така поденел уште половина дузина тужби поврзани со случајот. Две биле парници за клевета, од кои една против Деј и нејзините издавачи за коментарите дадени од нејзе за Розентал во нејзинта книга за што барал оштета. Со другата парница барал судски решенија дека осигурителните компании и индивидуалните адвокати не успеале да го одбранат Розентал правилно пред Олсон и во фазите на жалби. Во април 1979 година тој поднел тужба да се издвојат 6те милиони долари од спогодбата со Деј и да се надоместат штетите од секого вклучен во согласноста за исплатата наводно без негова дозвола.
 
'''1980ти'''
Ред 55:
'''Последни години'''
Дорис Деј моментално живее во Carmel-by-the-Sea, Калифорнија. Знам дека сум ѕвер ситезнаат, ама ќутам како ќутук. ;)
 
 
[[Категорија:Живи луѓе]]
Ред 94 ⟶ 93:
[[pt:Doris Day]]
[[ro:Doris Day]]
[[ru:Дорис Дэй, Дорис]]
[[sc:Doris Day]]
[[simple:Doris Day]]