Сава Петровиќ Његош: Разлика помеѓу преработките

Додадени 370 бајти ,  пред 9 години
нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
'''Сава Петровиќ Његош''' ([[18 јануари (родени)|18 јануари]] [[1702]] — [[9 март (починале)|9 март]] [[1782]]) бил црногорски владика и митрополит, втор владетел од динстијата [[Династија Петровиќ-Његош|Петровиќ-Његош]]. Го наследил владиката [[Данило I Петровиќ Његош|Данило I]] кој умрел на [[11 јануари (починале)|11 јануари]] 1735 година.
 
Во 1736 година, го помагал [[Руското царство]] и [[Хабзбуршка монархија|Хабзбуршката монархија]] во нивната војна против [[Османлиска империја|Османлиската империја]]. Патувал во Русија. Царицата Елисавета му издала грамота, во која биле пофалени Црногорците и било признато нивното јунаштво и заслуги за руската борба за ослободување на христијаните на истокот. По враќањето од Русија, во [[Пеќ]] го испратил својот внук митрополитот [[Василије Петровиќ Његош|Василије]], кој бил завладичен од патријархот Атанасиј.
 
Владиката Сава во текот на својот живот намал големо политичко значање и најчесто играл второстепена улога во историските случувања во [[Црна Гора]], секогаш бил потиснуван од влијателни лица.
== Биографија ==
По смрта на [[Данило I Петровиќ Његош|Данило I]], владичкото место било преземено од неговиот внук Сава кој бил избран за наследник од самиот Данило. Сава Ивановиќ Петровиќ Његош за владика бил хиротонисан од патријархот [[Мојсије Рајовиќ]] при неговата посета на [[Црна Гора]]. Задржувањето на владичкото достоинство во една куќа било спротивно од дотогашната пракса, а подоцна им овозможило на цетинските владици да го истакнат своето право на првенство.