Сава Петровиќ Његош: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 48:
Додека Василије се наоѓал во Русија, босанскиот везир [[Хаџи Мехмед Паша]] со својата војска дошол во Гацко за да ги казни непокорните Црногорци. Митрополитот Сава, гувернадурот Стано Радоњиќ и останатаите старешини, за да го избегнат османлискиот напад, се согласиле да го платат харачот. Меѓутоа, Василије по враќањето во Црна Гора ги поматил нивните сметки и ги потикнал Црногорците да го отфрлат договорот <ref>Ј. Томић, Црногорски митрополит Василеје Петровић у Црну Гору по првом повратку из Русије 1754-1756, Глас САН 88, 1911</ref>. По неплаќањето на харачот дошло до политички случувања во кој владиката Сава не учествувал се до смрта на Василиј во 1766 година.
 
По смрта на Василиј, настапил период племенска анархија, а Владиката Сава немал вијание меѓу Црногорците. Во 1767 година на историската сцена во Црна Гора се појавила една мистериозна личност т.н [[Шќепан Мали]]. Тој себеси се преставувал како рускиот цар [[Петар III (Русија)|Петар III]] <ref>Глигор Станојевић, Шћепан Мали, Пос. изд. Ист. института САН, Београд, 1957</ref>. Бидејќи [[култ]]от кон Русија веќе фатил силни корени, благодарение на дејноста на владиката [[Василије Петровиќ Његош|Василије]], самопрогласениот руски цар брзо и енергично успеал да ја наметне својата власт врз [[Црногорци]]те. Владиката Сава во почетокот не се сомневал во Шќепан, меѓутоа за да ја провери точноста на информацијата се обратил до русиот преставник во Цариград, кој од своја страна известил дека Шќепан е изманик. Владиката Сава набргу потоа дошол во судир со [[Шќепан Мали]], но владиката Сава бил затворен од страна на приврзаниците на Шќепан и бил ослободен во пролета 1768 година.
 
Шќепан Мали успеал да се одржи на власт во [[Црна Гора]] се до својата смрт во 1773 година. Меѓутоа, владиката Сава повторно немал никаво политичко влијани меѓу Црногорците, а на политичката сцена, како прва личност се издигнал гувернадурот [[Јован Радоњиќ]]. Сава во текот на својата владичка дејност имал мала улога во животот на [[Црна Гора]] и секогаш бил потиснуван од способни личности.