Северна Африка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување, обновување
Ред 1:
[[Податотека:Political map of North Africa mk.svg|мини|десно|350п|Државите на Северна Африка.]]
 
== Географска положба ==
'''Северна Африка''' е еден од регионите на континентот [[Африка]]. Таа го опфаќа северниот дел на континентот. Се протега од [[Средоземно Море]] на север до реката [[Нигер (река)|Нигер]] и езерото [[Чад]] на југ и од [[Црвено Море|Црвеното Море]] на исток до [[Атлантски Океан|Атлантскиот Океан]] на запад. Оваа регија опфаќа 12 држави со вкупна површина од 13,3 милиони километри квадратни и население од над 198 милиони жители. Најголема држава во оваа регија по површина е [[Судан]] со 2,5 милиони километри квадратни, а по бројот на жители е [[Египет]] со над 68 милиони жители.
Северна Африка ја опфаќа територијата од Средоземното Море на север до реката Нигер и езерото Чад на југ. Се простира од Атланскиот Океан на запад до Црвеното Море на исток, односно ги зафаќа териториите што хидрографски главно, гравитираат кон Средоземното Море на север и Атланскиот Океан на северозапад.
Оваа регија има доста поволна местоположба, а од посебно значење за неа е [[Суецки канал|Суецкиот Канал]] кој ги поврзува Средоземното и Црвеното Море со [[Индиски Океан|Индискиот Океан]].
 
== Големина ==
Северна Африк зафаќа околу 13 милиони кm² површина на која живеат околу 200 милиони жители, од кои поголемиот број се Арапи. Поголемиот дел од територијата ја зафаќа пустината Сахара, поради што Северна Африка е најретко населена.
 
==Демографија==
На територијата на Северна Африка се наоѓаат државите: Мароко, Алжир, Тунис, Либија, Египет, Судан, Западна Сахара и Мавританија. Сите тие излегуваат на море.
Повеќето држави во Северна Африка се големи по површина, освен Тунис. Но, поради климатските карактеристики, населеноста и економската развиеност се мошне нерамномерни. Населението е најгусто населено во приморските делови, покрај долините на реките и во оазите. Поголемиот дел од териториите во пустините се ретко или воопшто не се населени. Главни стопански дејности се земјдолеството и сточарството. Од земјоделските прозиводи се одгледуваат жита, маслинки, винова лоза, лимони, портокали, памук и др. Сточарството се одликува со одгледување на овци, кози, камили и говеда.
Од рудните богатства во Северна Африка се застапени нафта, фосфати, железо, олово и цинк. Покарактеристични индустриски развиени региони се северниот дел на Египет, Алжир, Либија, Тунис и Мароко - каде што се најразвиени прехрамбената и петрохемиската индустрија.
Населението во Северна Африка е воглавно со исламска вероисповед. Демографската слика на Северна Африка со основните податоци изгледа вака: