Паритет на куповна моќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 7:
Во „апсолутната“ верзија, куповната моќ на различни [[валута|валути]] се изедначува за дадена [[потрошувачка кошница]]. Во „релативната“ верзија, разликата во стапката на промена на цените во земјата и странство (разликата во стапките на инфлација) е еднаква на постотокот на намалување или зголемување на девизниот курс.
 
Отстапување од теоријата претставува разликата во куповната моќ на една „потрошувачка кошница“ во разни земји. Земјите можат да се споредуваат само ако претходно бруто домашниот производ и другите статистики за приходи се „усогласат со ПКМ“ и се претворат во заеднички единици. Ова усогласување честопати се врши со [[меѓународен долар|меѓународниот долар]] (наречен и „Гири-ХамисовКамисов долар“).
 
Промените во [[Девизен курс#Номинален и реален девизен курс|реалниот девизен курс]] претежно се должат на различните стапки на инфлација во земјите. Освен оваа променливост, можат да се забележат и доследни отстапувања на пазарот и девизниот курс усогласен со ПКМ. На пример, цените (по пазарен девизен курс) на нетрговските стоки и услуги се обично пониски во земјите со пониски примања ([[американски долар|доларот]] разменет и потрошен во [[Индија]] може да плати за повеќе потстрижувања отколку доларот потрошен во [[САД]]).