Кинеска кујна: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 5:
 
==Кујна==
Оброкот во [[кинеска култура|кинеската култура]] обично се состои од два или повеќе дела: (1) [[јаглехидрат]]ен или [[скроб]]ен дел, познат како „主食“ (‘‘чуши’, главна храна) — обично [[ориз]], [[нудли]] или [[манти]], и (2) придружни јадења [[зеленчук]], [[месо]], [[риба]] или други храни, познати како „菜“ (''цаи'', зеленчук). Ова [[култура|културно поимување]] прилично се разликува од западните кујни, каде изворот на [[протеин|животински протен]] се смета за ''[[главно јадење]]''.
 
Нудлите се мошне важен дел од кинеската кујна. Во многу делови од Кина, особено во [[северна Кина]], предоминираат [[пченица|пченичните]] производи како [[нудли]]те и мантите, додека пак во [[јужна Кина]] предоминира оризот. И покрај важноста на оризот во кинеската култура, по крајно формални прилики оризот сосема се испушта; во таков случај оризот се служи само кога сите други јадења се завршени, или пак како симболично јадење од пржен ориз на крајот на оброкот. [[Супа|супите]] и [[чорба|чорбите]] се служат на почетокот на [[оброк]]от, освен во јужна Кина, каде се служат на крајот.