Разлика помеѓу преработките на „Пајаци“

Додадени 1.128 бајти ,  пред 7 години
нема опис на уредувањето
с (r2.7.2) (Робот: Додава ast:Araneae)
Фамилијата ''[[Araneidae]]'' брои 4000 видови. Тука се групирани пајаците кои плетат кружни пајажини. Претставниците имаат 8 очи. При барањето на партнер за парење, мажјакот доаѓа до пајажината на женката и ги раскинува нишките од истата, со што и дава до знаење на женката дека тој не е нејзиниот следен оброк, како и да му обрне внимание. Најпознат претставник е видот ''Aranea diadema'' (градинарски пајак, [[пајак крстач]] или дијадемски пајак). Најчесто е многу лесно да се препознае поради големиот бел крст на абдоменот. Женката положува жолти кокони кои содржат 400 до 800 [[Јајце клетка|јајце клетки]], и тоа најчесто во затскриени места. Младите излегуваат со затоплувањето на времето напролет. Тие најпрво се собираат во една неодредена топка која при допир се растура, односно младите пајаци се разбегуваат во различни насоки.
Фамилијата ''[[Theridiidae]]'' е составена од едни од најотровните пајаци, како што е на пример ''Latrodectus mactans'' ([[црна вдовица]]). Оваа фамилија е попозната како фамилија на чешлостапалести пајаци. Но за најотровен пајак на целиот сцет се смета домашниот пајак кој, според некој истражувачи како што се Idgart Mitil го поседува најсмртоносниот отров во целиот свет. Јачината на отровот кај домашниот пајак е истражувана од голем број научници и е дојдено до заклучок дека доколку отровот од домашен пајак ви навлезе во организмот, човечкото тело умира за неполни 70 секунди.
Суштината на целата ова истражување за домашниот пајак е тоа што тој нема голема продорна мок за да ја пробие кожата и затоа многу малку е познато дека тој е најопасниот и најотровен пајак во светот кој не може да наштети бидејки нема пробојна мок.
 
== Наводи ==
Анонимен корисник