Цариград: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 89.205.87.46 (разговор), вратено на последната верзија на Xqbot
Ред 57:
 
На почетокот на опсадата, Мехмед ги испратил неговите најдобри единици да ги редуцираат преостанатите упоришта на Византијците кои се наоѓале надвор од градот. Тврдината Терапија на [[Босфор]] и малиот замок во селото Студиус, во близина на Мраморното море, биле заземени за само неколку дена. Островот на принцовите, во Мраморното море, бил заземен од страна на флотата на адмиралот Балтоглу. <ref>Runciman 1965, pp. 96-97.</ref>Во ноќта на 28 април бил направен напор да се уништат отоманските бродови кои веќе се наоѓале во Златниот рог, но Османлиите биле предупредени за нападот и ги присилиле христијаните, кои претрпеле големи загуби, да се повлечат. Оттогаш одбраната на градот била преморана да ги брани и ѕидините кои гледаат на страната на Златниот рог. Со тоа одбраната на останатите ѕидини била ослабена. Згора на тоа, непристапноста на морето значела и неможност за лесно доаѓање до храна. Па така храната започнала да претставува проблем во градот. Сега надежта на бранителите била свртена кон [[Венеција]] и кон вербата дека нивните браќа од Западот нема да ги остават сами во оваа битка и дека ќе ја испратат ветената помош.
Утрото на 29 мај 1453 Султан Мехмед наредил да се вика езан.Тоа не бил регуларен повик за намаз туку тактика за заплашување.Кога византиските сили ја виделе цела отоманска империја на колена како се моли,биле сведоци на обединетоста на Отоманските Турци и тоа страшно ги загрижило,нивните умови биле поразени уште пред нивните тела да паднат.Константин се обратил за помош до папата на што тој одговорил и испратил 5 бродови преполни со оружје,храна и се друго неопходно за византијците.
 
На [[3 мај]] [[Константин XI]] испратил еден мал венециски брод кој, носејќи турско знаме, успеал неприметно да излезе од градот. Бродот се вратил во градот на [[23 мај]], повторно успевајќи да ја надмудри турската морнарица, но вестите кои со себе ги носел не биле добри. По три недели потрага немало никакви знаци дека помошта пристигнува – ''одбраната на градот е оставена сама на себе''. На секој морнар поединечно [[Константин XI]] му заблагодарил лично. Тие можеле да отпловат на сигурно, но решиле да се вратат во градот каде ги чекала скоро сигурна смрт.
Уште една борбена тактика на Константин била да се спречат отоманските бродови да влезат во гадот со тоа што ги затворил портите но уште еднаш бил надмудрен од страна на Мехмед II кој успеал преку брдо да пренесе 8 бродови и да го изненади непријателот од зад грб.Константин бил убиен а војниците имале избор да го напуштат градот или да останат во него како муслимани по што голем број од нив примиле ислам и помогнале во возобновување на Константинопол.
 
На 28 мај додека отоманската армија за подготвувала за последниот напад, во градот биле одржани религиозни обреди од големи размери. Истата вечер, во црквата Света Софија, во атмосфера на исчекување се одржала и последната заедничка религиозна церемонија православните и католички христијани. <ref>Vasiliev 1952, pp. 651-652</ref>
 
османлиската војска брзо напредувала низ широките улици на градот. Минувајќи низ градот војската поминала и покрај црквата на Светите Апостоли во која Мемед имал намера да постави нов патријарх со чија помош ќе можел полесно да ги контролира своите христијански поданици.
 
Минувајќи низ улиците на градот војската конечно се собрала на плоштадот Августеум кој се наоѓал пред црквата Света Софија во која голема толпа од луѓе, во потрага по заштита од Бога, цврсто ги држела бронзените врати од внатрешната страна. Откако османлиите успеале да ја отворат вратата луѓето кои биле затекнати во црквата биле одвоени според нивната цена на пазарот на робје. Имало и силувања велат некои историчари.<ref name="Norwich380">{{цитирана книга|last=Norwich|first=John Julius|title=A Short History of Byzantium|location=New York|publisher= Vintage Books|year=1997|pages=380}}, "...the rape and pillage had already begun... ...by noon the streets were running with blood"</ref> Војниците се бореле и меѓу себе за да приграбат материјални добра. Според венецискиот хирург Nicolo Barbaro „во текот на целиот ден турците вршеле колеж над христијанското население во градот“.<ref>[http://www.deremilitari.org/resources/sources/constantinople3.htm The Siege of Constantinople (1453), according to Nicolo Barbaro]</ref> На крајот Мехмед II наредил да престане дивеењето и ги испратил своите трупи надвор од ѕидините на градот. <ref name="The Fall of Constantinople">{{цитирана книга|last=Nicolle|first=David|title=The Fall of Constantinople: The Ottoman Conquest of Byzantium|location=New York|publisher=Osprey Publishing|year=2007|pages=237, 238}} "In fact ordinary people were treated better by their Ottoman Conquerors than their ancestors had been by Crusaders back in 1204; only about 4,000 Greeks died in the siege." ... "Mehmet also ordered all looting to stop and sent his troops back outside the walls." In 1453, Constantinople contained approximately 50,000 people when the Ottoman Turks captured the city.</ref><ref>[http://www.greece.org/romiosini/fall.html The Fall of Constantinople, 1453]</ref>
 
== Најпознати градби ==