Габа: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.2+) (Робот: Додава dsb:Griby; менува fa:قارچ (زیست‌شناسی)
с r2.7.3) (Робот: Додава lez:Къарникъуз; козметички промени
Ред 27:
 
* [[Лигави габи]] - Myxomycetes
: Лигавите габи имаат повеќе сличности со [[протиста|протистите]] отколку со вистинските габи, поради што тие можат да се одделат во посебна [[група]]. Тие се изградени од гола протоплазматична маса, наречена [[плазмодиум]], кој содржи голем број на јадра. [[Плазмодиум|Плазмодиумот]]от е сличен на амебата и тоа не само според формата на телото и начинот на движење, туку и по начинот на исхрана со [[фагоцитоза]].
 
 
Ред 34:
 
* [[Нижи габи]] - Phycomycetes
: [[Мицелиум|Мицелиумот]]от на овие габи е цевчест, а хифите не се поделени со прегради. Живеат во водна средина, на влажни почви и во сувоземни услови. Тука спаѓа родот црна мувла - Mucor mucedo. Тој се развива на леб, сирење, овошје, зеленчук, губре и почва. Мицелиумот е белузлав, а од него се издигнуваат вертикални хифи кои на врвот носат по еден спорангиум. Тоа е топчесто телце со темна обвивка, а кога ќе се распука се ослободуваат голем број на спори. Во паразитските габи спаѓа плазмоспората, која паразитира на листовите од виновата лоза, при што на нив се јавуваат дамки како да се изгорени од пламен, а поради тоа ова заболување се нарекува пламеница. Вакви заболувања се јавуваат и кај други култри, како пламеница на тутун, сончоглед, афион, кромид, зелка, при што се предизвикуаат големи штети.
 
 
* [[Столпчести габи]] - Basidiomycetes
: [[Печурка|Печурките]] живеат сапрофитски, на изгниените стебла, по кората на дрвјата, во ливадите и пасиштата. Тие формираат големи, лесно забележливи плодни тела, со форма на чадорче со дршка. Речиси кај сите нив [[мицелиум|мицелиумот]]от е повеќегодишен. Презимуваат во почва или на дрво и секоја година формираат плодни тела. Плодните тела им се разликуваат според формата, големината, бојата, градбата, конзистенцијата, трајноста. За исхрана се употребува [[полска печурка|полската печурка]] - Agaricus, која расте секаде каде што има природно ѓубре, а се развива од мај до октомври. Кај нас се користи [[шампињон|шампињонот]]от, во свежа и конзервирана состојба. Меѓу печурките има и такви кои се многу отровни и смртоносни за човекот. Најотровна печурка е [[муварка|муварката]]та, која на изглед е многу убава и има црвено чадорче со бели даммки.
 
 
* [[Торбести габи]] - Ascomycetes
: Нивниот мицелиум е изграден од преградени хифи, а во [[клеточен ѕид|клеточните ѕидови]] имаат [[хитин]]. Заеднички белег за овие габи е аскусот. Тоа е топчеста творба, спорангиум, исполнета со спори, а поврзана е со половото размножување. [[Квасна габа|Квасните габи]] немаат развиен мицелиум. Тие се топчести или јајчести и се размножуваат со пупење. Обично малидте [[клетка|клетки]] остануваат заедно и формираат низи. Најпозната квасна габа е винскиот квасец, кој во форма на спора презимува во почвата, и од таму се пренесува во грозјето и виното. [[Лебен квасец|Лебниот квасец]] се употребува во подготовката на леб и на бели печива. Родовите [[пеницилиум]] и аспергилус се сапрофити на лебот, сирењето, [лимонот. Тие имаат разгранет мицелиум. Габата [[пеницилиум|Penicillium]] го излачува антибиотикот [[пеницилин]], кој ги уништува микроорганизмите. [[Пеницилин|Пеницилинот]]от го открил англискиот лекар [[Александар Флеминг]] во 1929 година. Од тогаш почнува нова ера во медицината, односно лекување со [[антибиотик|антибтиотици]], со што се спасени многу животи.
 
 
* [[Лишај|Лишаи]] - Lichenes
: Лишајот е [[симбиоза]] помеѓу габите и едноклеточните алги. Габата со своите хифи прима вода и минерали, а алгата врши фотосинтеза и обезбедува органски материи. Ваквиот начин на живеење им овозможува опстанок во неповолни услови, на вискоите планини, сувите карпи, на кората од дрвјата, во арктичките подрачја. Според формата лишајот може да биде: корест, листест и грмушест. [[Талус|Талусот]]от може да биде во повеќе нијанси на жолта, кафеава, сива, бела и црна боја.
: Лишаите имаат големо значење за животот на човекот. Тие се користат како храна за луѓето и [[животно|животните]]. Многу одамна човекот ги користел за боење на свилата и волната. За потребите на парфимериските производи од лишаите се вадат миризливите масла, кои се додаваат во парфемите, сапуните и другите козметички препарати. Во медицината се користат за лекување на кожни и други заболувања кај човекот и кај животните, бидејки екстрактите од лишаите имаат антибактериско дејство. Лишаите се многу осетливи на чистотата на воздухот и затоа се користат како аероиндикатори при општата проценка на степенот на загаденост на средината, особено на атмосферскиот воздух. Тие се развиваат исклучително во чисти средини.
 
Ред 116:
[[ht:Chanpiyon]]
[[ku:Kuv]]
[[lez:Къарникъуз]]
[[la:Fungi]]
[[lv:Sēnes]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Габа