Рак (болест): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 36:
Видовите на рак пред се, се болест на животната средина, со 90-95% од случаите кои се должат на начинот на живот и факторите на животната средина и 5-10% кои се должат на генетиката. Најчестите фактори на средината кои доведуваат до рак (15-20%) се: тутунот (25-30%), начинот на исхрана и преголемата тежина (30-35%), инфекциите (15-20%), зрачењето, стресот, недостатокот на физичка активност, и загадувачите на животната средина.
==== Хемикалии ====
- Хронична кашлица.
- Тешкотии при дишењето.
- Губење на килограми.
- Замор.
- Честа болка во градите.
- Искашлување на крв.
Патогенезата на ракот може да се следи назад до мутациите во ДНА-та кои влијаат на растот на клетките и метастазите. Супстанциите кои ги предизвикуваат овие мутации се познати како мутагени, а мутагените што предизвикуваат рак се познати како карциногени. Посебни супстанции се поврзуваат со посебни видови на рак. Пушењето е поврзано со неколку форми на ракот, и е причинител на 90% на рак на бели дробови. Долгото изложување на азбестни влакна е поврзано со појава на мезотелиом.
Многу мутагени се и карциногени, но некои карциногени не се мутагени. Алкохолот е пример за хемиски карциноген што не е мутаген. Вакви хемикалии можат да го поттикнат ракот со стимулација на стапката на клеточна делба. Поголема стапка на репликација, остава помалку време за репараторните ензими да ја поправат оштетената ДНА за време на репликацијата, со што се зголемува можноста за мутација.
Децении на истражување ја покажаа врската меѓу пушењето и ракот на белите дробови, грлото, главата, вратот, стомакот, мочниот меур, бубрезите, хранопроводот и панкреасот. Чадот од цигарите содржи преку 50 познати карциногени, вклучувајќи ги нитросамините и полицикличните ароматични јаглеводороди. Тутунот е одговорен за еден од три смртни случаи предизвикани од рак во развиените земји, и еден од пет смртни случаи во целиот свет. И навистина, ракот на белите дробови во Соединетите Американски Држави е пропорционален на пушачките навики, кои се зголемиле и со тоа стапката на ракот на бели дробови драматично се покачила, а од понеодамна се намалиле и со тоа се намалила и смртноста од овој вид на рак. Сепак, бројот на пушачи во светот се` уште расте, водејќи до состојба која некои од организациите ја опишуваат како „тутунска епидемија“.
2-20% од случаите се претставени со рак поврзан со работното место, професијата. Секоја година, најмалку 200 илјади луѓе ширум светот умираат од рак поврзан со нивното работно место. Милиони работници имаат ризик да заболат од рак, како рак на белите дробови или мезотелиом, што се добива при вдишување азбестни влакна и чад од цигари, или леукемија, ако на нивните работни места се изложени на бензен. Во моментов, најголем број на смртни случаи од рак поврзан со работното место се случуваат во развиениот свет. Според пресметките, секоја година во Соединетите Американски Држави има околу 20 илјади смртни случаи од рак и 40 илјади нови заболени.
 
==== Зрачење ====
Рак можат да предизвикаат и извори на јонизирачко зрачење, како на пример гасот радон. Долготрајното изложување на ултравиолетово зрачење од сонцето може да доведе до појава на меланом и други малигнитети на кожата. Според еден извештај, околу 29 илјади на идни случаи на заболувања од рак ќе бидат последица од 70 милиони компјутеризирани томографии извршени во Соединетите Американски Држави. Проценето е дека 0,4 % од сегашните заболувања од рак во САД се должат на компјутеризирани томографии извршени во минатото и дека овој процент може да се зголеми и до 1,5-2% според стапката на користење на овие скенирања.