Диско: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: == Диско == Диско е жанр на денс музиката. а делата котираа високот на топ листите во т...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{внимание}}
== Диско ==
{{викификација}}
'''Диско''' е жанрмузички на денс музикатажанр. аПесните делатаод котирааовој жанр високотбиле на топ листите во текот на средината на 70-те години, а популарноста на овој жанр го достигна врвот на крајот на 70-те години. Неговата почетна публика се состоеше од клабери од Афро Амерички, Латино, геј и психоделични заедници во Њујорк и Филаделфија во текот на крајот на 60-те и почетокот на 70-те години. Диското, исто така, беше реакција против доминацијата на рок музиката и оцрнувањето на денс музиката од страна на контра културата во овој период.
Претходникот на диско клубовите, во февруари 1970година, диџејот Дејвид Манкузо од Њу Јорк го отвори клубот The Loft, приватен денс клуб само за членови поставен во неговиот дом. Сите музички тврдења беа поделени околу тоа дали тоа што го пуштаат Исак Хејс и Бери Вајт може да се нарече диско музика на почетокот на 1971година. Според музичкиот водич постои несогласување околу тоа која е првата диско песна. Потврдени беа "Soul Makossa" од Ману Ди Банго 1972 година, "One Night Affair" од Џери Батлер 1972 година, "Rock the Boat" од Хјус Корпорејшн 1974 година, "Rock Your Baby" од Џорџ Меккреј 1974 година и "Kung Fu Fighting" од Биду и Карл Даглас 1974 година. Првата статија за диското беше напишана во септември 1973 година од страна на Винс Алетифор за списанието Ролинг Стоун. Во 1974 година, во Њу Јорк беше промовирано првото диско радио шоу.
Музичките влијанија ја вклучуваа фанк, латино и соул музиката. Диско звукот беше лесен со пробивни вокали преку строгиот ритам "four-on-the-floor", осмина или шеснаестина нота со отворена hi-hat шема на ексцентричниот проминентен електричен бас, понекогаш составен од октави. Басот Fender Jazz е често поврзан со диско басот, бидејќи самиот инструмент има продорен „глас“ во музичкиот микс. Во повеќето диско траки жичните, дувачките инструменти, електричното пијано и електричните гитари создаваат богат звук во позадина. Оркестарските инструменти како флејтата, често се користени за соло мелодии, а водечката гитара е помалку фреквентна во диското отколку во рокот. Многу диско песни ги вклучуваат електронските инструменти како што се синтисајзерите.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Диско