ФК Астон Вила: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с промени во стилот
с r2.7.3) (Робот: Менува lv:Aston Villa F.C.; козметички промени
Ред 7:
| nickname = {{nowrap|''Вила'', ''Виланите'', ''Лавовите''}}
| founded = {{Start date and age|df=yes|1874|03}}<ref>{{cite news |url=http://news.bbc.co.uk/sport1/hi/football/teams/a/aston_villa/default.stm|title=Aston Villa Football Club information |publisher=BBC Sport |accessdate=26 June 2007 | date=1 January 2010}}</ref>
| ground = [[Вила Парк]]<br />Тринити Роуд<br />[[Бирминген]] B6 6HE<br />England<ref>http://www.avfc.co.uk/page/GettingToVillaPark</ref>
| capacity = 42,788<ref>{{cite news|url=http://www.skysports.com/football/match_report/0,19764,11065_3150960,00.html|title=Villa held by 10 man United (match attendance at top)|accessdate=11 February 2010|date=10 February 2010|publisher=Sky Sports}}</ref><ref>{{cite news|url=
http://news.bbc.co.uk/sport1/hi/football/eng_prem/8501875.stm|title=Aston Villa 1 – 1 Man Utd (match attendance at bottom)|publisher=BBC Sport |date=11 February 2010|accessdate=10 February 2010}}</ref>
Ред 38:
 
Фудбалскиот клуб '''Астон Вила''' (исто така познат како Вила, Виланите и Лавовите), е англиски професионален фудбалски клуб со седиште во [[Астон]], [[Бирмингем]]. Клубот е формиран во [[1874]] година, а имаат заиграно на нивниот стадион, [[Вила Парк]], од [[1897]] година. Астон Вила е еден од клубовите - основачи на [[Премиер лига|Премиер Лигата]] во [[1992]] година и оттогаш биле постојани учесници во оваа лига. Клубот бил во незавидна позиција поради претходниот сопственик и претседател [[Даг Елис]], но во [[2006]] година [[Ренди Лернер]] ја превзеде целокупната контрола врз клубот.
Астон Вила е еден од најстарите и најуспешните фудбалски клубови во [[Англија]], станувајќи шампион во Првата Лига седум пати и освојувајќи го [[ФА Куп|ФА Купот]]от седум пати. Вила исто така го има освоено и [[Европски Куп|Европскиот Куп]], кој ги сместува во четирите клуба кој го имаат освоено натпреварувањето денес познато како [[УЕФА Лига на шампиони|УЕФА Лига на Шампионите]]. Астон Вила како англиски клуб се наоѓа на четвртото место по бројот на освоени трофеи.
Тие имаат развиено жесток локален ривалитет со [[ФК Бирмингем Сити|Бирмингем Сити]]. Градското дерби помеѓу Астон Вила и [[Бирмингем Сити]] се има играно уште од далечната [[1879]] година. Традиционалната боја на нивните дресови е бордо со небесно сина боја на ракавите, бели шорцеви и сини чорапи. Нивниот традиционален знак е составен од нескротлив златен лав на светло сина позадина заедно со мотото на клубот ”Подготвени” кој што е под него. Во [[2007]] година е прифатена изменета верзија на знакот.
 
== Историја ==
[[Податотека:FACupFinal1905NewcastleVilla.jpg|left|thumb|250px|[[Хари Хемптон]] го постигнува еден од своите два гола на [[1905 ФА Куп финале|финалето на 1905 ФА Купот]]]]
[[Податотека:AVilla1899.jpg|right|thumb|250px|Тимот на Астон Вила во 1890-те]]
Ред 52:
Вила беше една од основачите на Премиер Лига во 1992 година, и во истата сезона завршија зад Манчестер Јунајтед на второто место. За остатокот на деведесеттите Вила смени тројца менаџери и нејзиното на табелата во текот на сезоната беше непостојано, и покрај тоа што тие успеаја да освојат два Лига Купа и создадоа услови на стадионот кои се според УЕФА стандардите. Повторно позицијата на клубот во Лигата почна да варира под раководство на неколку различни менаџери и работите дојдоа до врвот летото 2006 година кога Дејвид О`Лири си замина со голема горчина. После 23 години поминати како Претседател и најголем акционер (приближно околу 38 %), Елис конечно одлучи да ги продаде неговите акции во Астон Вила поради болест. По многубројните шпекулации беше објавено дека клубот ќе го купи американскиот бизнисмен Ренди Лернер сопственик на американскиот рагби тим Кливленд Браунс. Пристигнувањето на Мартин О`Нил го означи стартот на периодот на оптимизам во таборот од Вила Парк и драстични промени кои се појавија потоа во клубот вклучувајќи нов симбол, нов дрес, нов спонзор и смена во тимот во летото 2007 година. Првото финале во Купот во ерата на Лернер се случи во 2010 година, кога Вила беше поразена со 2-1 во финалето на Лига Купот. Вила го направи второто појавување на Вембли, но во полуфиналниот натпревар во ФА Купот кој го загуби од Челси со 3-0. Само пет дена пред почетокот на 2010-2011 сезона, О`Нил поднесе неотповиклива оставка. Менаџерот на резервниот тим Кевин Мекдоналд ја презеде улогата на менаџер, пред клубот во септември 2010 година да го назначи Жерар Улие за постојан менаџер.
 
== Бои и симбол ==
 
Клубските бои се состојат од бордо боја на дресовите и небесно сина на ракавите, сини чорапи со бордо - бели елементи. Со оваа комбинација на бои бил создаден и нивниот прв дрес. Боите на клубот на почетокот биле составени од обични дресови (бели, сини или темно сини) , со бели или црни шорцеви. Неколку години после (1877-1879) тимот носеше неколку различни дресови, почнувајќи од целосно бели, сини и црни, црвени и сини до стандардно зелени. Во 1880 година, црните дресови со извезен црвен лав на градите беше претставено како идеја на Вилијам Мекгрегор. Оваа верзија на бојата на дресовите се употребуваше цели шест години. На 8. ноември 1886 година, понеделник пишан е цитат кој ќе влезе во официјалната книга на клубот:
Ред 62:
Вила Парк е најкористениот стадион за полуфиналните средби во ФА Купот, на кој бил домаќин 55 пати. Клубот доби дозвола за проширување на северниот дел на стадионот, односно ќе се пополнат празнините на двете страни на корнер - знаменцат. Ако овој проект се исполни, капацитетот на Вила Парк ќе се зголеми и ќе изнеува околу 51.000 седишта. Моментално, тренинг центрите се лоцирани во Бодимур Хит во северен Варвикшир, земјиште кое е купено од локален фармер уште во раните 1970-ти од поранешниот претседател а Вила, Даг Елис. Иако, Бодимур Хит во 70-те гопдини беше најразвиена област, до доцните 90-ти, областа почна да наликува на застарена. Во ноември 2005 година, Елис и Астон Вила, изјавија дека Бодимур ќе биде подложна на повторна реизградба која ќе чини 13 милиони фунти и ќе биде поделена на две фази. Како и да е, работата во Бофимур беше прекината од страна на Елис поради финансиски проблеми и беше оставена во недовршена состојба се додека новиот сопственик Ренди Лернер не го постави ова за приоритет и го направи во едно од најдобрите на светот. Новите тренинг - кампови официјално се отворени за јавност на 6. мај 2007 година, од страна на менаџерот Мартин О`Нил, потоа од капитенот Герет Бери и еден од победниците во Европскиот Куп од 1982 година тогашниот капитен Денис Мортимер, каде што и целиот тим на Астон Вила се преселија во сезоната 2007-2008.
 
== Сопственост ==
[[Податотека:Lerner, Randy.jpg|250px|thumb|Споственикот на клубот Ренди Лернер]]
Првите акции на клубот биле издадени кон крајот на 19-от век како резултат на законот кој настојуваше да го кодификува растечкиот број на професионални тимови во Фудбалската Асоцијација на Лиги (ФА). ФА тимовите биле задолжени да достават акции до инвеститорите како начин на олеснување на тргувањето помеѓу тимовите без мешање на ФА. Ова тргување продолжи и во 20-от век, се до 1960 година кога Елис почна да ги купува поголемиот дел од акциите. Тој стана претседател и најголем акционер на Астон Вила ФК од 1968 до 1975 година, исто така беше сопственик на мнозина акции во клубот од 1982 до 2006 година. Клубот беше ставен на продажба на Лондонската Берза во 1996 година, а вредноста на акциите беше непостојана и по десет години од ставањето на продажба. Во 2006 година се објави информацијата дека неколку конзорциуми и индивидуалци сакаат да наддаваат за купување на Астон Вила.
Во август 2006 година, беше потврдено дека Ренди Лернер, сопственикот на Кливленд Браубс, роден во Охајо, дошол до спогодба во вредност од 62.6 милиони фунти за купување на клубот Астон Вила. Изјавата излезе во јавност на 25. август во која се вели дека Лернер обезбедил 59.69% од акциите на Вила, станувајќи најголемиот акционер. Исто така и се назначи за Претседател на клубот. Последната година во која Елис беше таму задолжен, Вила загубила 8.2 милиони фунти пред даноците, споредено со 3 милиони фунти профит од претходната година, а приходите паднаа од 51.6 милиони фунти на 49 милиони фунти. Ренди Лернер презеде целосна контрола на 18. септември поседувајќи 89.69% од акциите. На 19. септември 2006 година, Елис и Бордот поднесоа оставка и беа сменети со нов одбор на чело со Лернер. Лернер го вработи Чарлс Крулак како надворешен директор, а Елис беше награден со почесното место Претседател во пензија.
 
== Општествена одговорност ==
 
Астон Вила има уникатни односи со Детската Болница Акорнс, односи какви никој досега немал во англискиот фудбал. За прв пат во Премиер Лигата, Астон Вила го отстапи местото напред на своите дресови, кое е наменето за високоплатените спонзори, за болницата Акорнс, со цел хуманитарната акција за се здобие со поголемо внимание, а со тоа и да собере што повеќе парични средства. Покрај натписот на дресовите кои тие им го отстапија, тимот исто така одвои и парични средства за околу 300 дена во кои се вршеше хуманитарна работа, обезбедување и собирање на финансиски средства за болницата, како и посети на самите играчи на болницата.
Во септрември 2010 година, Астон Вила во Вила Парк започна иницијатива наречена “Храната во Вила Мидланд” каде што клубот помина две години во обучување на ученици заедно со “Гостопримството на Астон Вила и Настаните” и со Советот на градот Бирмингем. Клубот ќе отвори и ресторан на трибината Тринити Роуд каде што ќе бидат регрутирани 12 студенти во радиус од 12 километри оддалечени од Вила Парк, каде што мнозина од храната која што ќе биде сервирана во ресторанот ќе потекнува од тоа локално место.
 
== Фанови и ривалства ==
 
Астон Вила има најмногубројни фанови и црпи поддршка во Мидленд и пошироко, но и со поддршка од целиот свет. Поранешниот Главен Извршен Директор Ричард Фицџералд изјави дека најголемиот дел од фановите околу 98% се белци. Кога Ренди Лернер и неговиот режим го презедоа клубот, тие се стремеа да ги прошират границите на поддшка на клубот и кон другите етнички заедници. Многубројните организации се воспоставија како поддржувачи на локалната заедница вклучувајќи го и Астон Прајд. Програмата “Вила во заедницата” исто така беше имплементирана за да ги охрабри младите луѓе за да ја дадат својата поддршка. Новите сопственици исто така иницираа неколку истражувања за да се здобијат со мислењата на фановите на Вила како и тие да бида вклучени во одлучувањето за одредени работи. Се свикуваат состаноци на секои три месеци каде што се поканети и фановите по случаен избор, да поставуваат прашања до Бордот. Во март 2011 година, клубот поддржи иницијатива од фановите за официјална химна која би требало да го подигне духот на Вила Парк на повисоко ниво. Песната “Ѕвоната ѕвонат” (The Bell’s Are Ringing) требало да биде наменета да се пее пред почетокот и на крајот на секој натпревар.
Ред 78:
Ривалите на Астон Вила се Бирмингем Сити, чии што натпревари меѓу овие два клуба се познати и како “Второто Градско Дерби”. Историски гледано, Вест Бромвич Албион се најголемиот ривал на Вила, според истражувањето спроведено помеѓу фановите во 2003 година. Двата тима се натпреварувале во три ФА Куп финалиња во доцниот 19-ти век. Вила може да се каже дека чувствува соперништво и против Вулверхемптон Вандерерс и Ковентри Сити. Поради паѓањето на Вест Бромвич и Бирмингем Сити во Втората Лига во сезоната 2005-2006, во сезоната 2006-2007 Вила беше единствениот тим во Премиер Лигата кој се натпреваруваше од Мидландс. Единствениот тим во кој Вила гледаше како на ривал и соперник беше Шефилд Јунајтед, кој играше 100 километри подалеку од Јоркшир. За сезоната 2010-2011, Вест Бромвич Албион, Вулверхемптон Вандерерс и Бирмингем Сити и се придружија на Вила во елитната лига. Ова го означи периодот кога “Големата Четворка” на тимови од Западен Мидлендс играле заедно во Премиер Лига во една сезона и за прв пат во најелитната англиска лига од сезоната 1983-1984.
 
== Статистика ==
 
До денес Астон Вила има одиграно 100 сезони во првата лига, само Евертон има одиграно повеќе од Вила, 107 сезони во највисоката по ранг лига. Како резултат на тоа, натпреварот Астон Вила против Евертон има најмногу одиграни средби во првата лига. Астон Вила е една од најголемите седум екипи која играла во Премиер Лигата од нејзиното формирање заедно со Арсенал, Евертон, Челси, Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Тотенхем Хотспур. Вила е петта на табелата, сметано од формирањето на Премиер Лига до денес, по бројот на освоено бодови и е на четвртото место по бројот на освоени трофеи, вкупно 20.
Ред 84:
Астон Вила е еден од четирите англиски тима кој го имаат освоено Европскиот Куп. Тоа го постигнаа на 26. мај 1982 година во Ротердам, нанесувајќи му пораз на Баерн Минхен, благодарение на голот на Питер Вите.
 
== Стадион ==
{{Wide image|VillaPark PanoramaFromTrinityRoadStand.jpg|1000px|<center>Панорама на Вила Парк сегашниот стадион на Астон Вила,со сите четири трибини Trinity Road Stand,North Stand,Doug Ellis Stand и Holte End</center>}}
 
== Играчи ==
=== Моментален Состав ===
 
{{fs start}}
Ред 128:
[[Премиер лига]]
 
== Клубски трофеи ==
Астон Вила има освоено европски и домашни трофеи, последниот беше во 1996 година во Лига Купот.
Европски:
Ред 181:
[[he:אסטון וילה]]
[[jv:Aston Villa F.C.]]
[[lv:Birmingemas "Aston Villa" F.C.]]
[[lb:Aston Villa FC]]
[[lt:Aston Villa FC]]