Санаториум (музичка група): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Image:Members.jpg|right|thumb|330px|''(лево кон десно)'' Црни, Шпирт, Рус, Глупсон. ]]
 
Ова е САНАТОРИУМ, бендот кој ќе ве одведе во центарот на лудилото, ќе ви го разнесе паметот и ќе ве одведе на работ на разумот; бенд кој располага со огромна моќ и енергија. САНАТОРИУМ е составен од четири члена: Перо Стефановски (гитара и вокал), Константин Качев (гитара) Горан Станковиќ (бас гитара) и Горан Атанасов (тапани). Мрачните мелодии на гитарскиот тандем и експлозивната ритам секција, засилени со вокалот на Перо и пратечките вокали го прават САНАТОРИУМ навистина јак, експлозивен, целосен, зрел, моќен и екстремно гласен бенд.
 
==Биографија==
 
'''САНАТОРИУМ''' се оформени во [[Скопје]], [[1987]] година. На почетокот настапуваат во малите клубови и гаражи низ градот, за потоа да направат пауза до [[1990]] година заради заминување на членовите на бендот во војска. По завршувањето на обврските, започнуваат сериозно да работат на музичко поле, подготвувајќи музика, текстови, аранжмани, сценски настапи и сл. За кратко време, САНАТОРИУМ успеваат да го привлечат вниманието на публиката и критиката. Тоа е поводот да бидат поканети на најголемиот метал фестивал во [[Југославија]], HARD METAL ([[Нови Сад]] [[1991]] и [[Белград]] [[1992]]) каде добиваат повеќе понуди за снимање на нивниот деби албум, но за жал тоа не го реализираат заради распаѓањето на [[Југославија]]. Конечно, во [[1992]] година САНАТОРИУМ влегуваат во студиото на Македонската Радио Телевизија и го снимаат својот деби албум, но заради несогласување со издавачот, албумот го снимаат на македонски јазик, а не на англиски како што сакаат тие.