Моравска мисија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
Повод за '''Моравската мисија''' на [[Кирил и Методиј]] било писмото на моравскиот [[кнез]] [[Ростислав]] до византискиот император [[Михаило III]]. Ростислав настојувал да ја осамостои и зацврсти својата држава, [[Моравија]], на која и се заканувала опасност од [[Германија|германското]] свештенство. За да ја отстрани опасноста тој побарал проповедници кој ќе го шират [[Исус Христос|Христовото]] учење на [[словенски јазик]]. [[Византија]] ќе ја прифати неговата порака зашто [[Германско-бугарски сојуз|германско-бугарскиот сојуз]] бил опасност и за Моравија и за безбедноста на [[Византија]].
 
Кирил и Методиј ја прифатиле оваа задача, но наишле на многу проблеми, а еден од нив е немањето [[азбука]] на која би ги превелe најпотребните книги за богослужба. Константин помогнат од Методиј ја создал првата словенска азбука (855та година), [[глаголица]] која содржи 38 букви. Во глаголицата 24 букви биле по образец на грчката [[брзописна деловна азбука]], а останатите 14 според [[гласовниот систем]] на [[словенски јазик|словенскиот јазик]].
 
Во 863 година пристигнале во Моравија каде отвориле голем број [[училишта]] и [[цркви]] во кои се ширела просветата на словенски јазик, а биле оспособени голем број нови учители. [[Латино-германското свештенство]] почнало да ги обвинува за ширење [[ерес]], па затоа [[папа|папата]] ги повикал во неговиот двор во [[Рим]]. На пат за Рим, Константин, Методиј и нивните ученици се задржале во [[Панонија]] каде ги удриле темелите на [[словенска писменост|словенската писменост]] и во оваа [[земја]].