Електронска музика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
MerlIwBot (разговор | придонеси)
с Муг -> Моуг
Ред 17:
Од почеотокот на 50-тите години започнува поинтензивно и посериозно да се пројавува интерес за електронската музика. Веќе магнетофонските ленти масовно стануваат дел од класичните концерти. Се пишуваат дела за електронски музички медиуми. Во [[1958]] година, [[Philips]] на Светскиот Саем во [[Брисел]] ќе изгради [[павиљон]] каде што ќе бидат изведени две многу важни електронски дела, "''[[Poème Electronique]]''" од Едгар Варез и "''[[Concrète PH]]''" од [[Јанис Ксенакис]] (''Iannis Xenakis''). "Poème Electronique" e мегаломанско дело кое во својата изведба вклучува 400 звучници за репродукција на звукот во простор, проекции на звуци и светла во боја. Ова е едно од позначајните електронски дела кое ќе го најави добата на surround-от . САД во перидот на 50-тите години се развива во друг правец, што ќе биде можеби и најголемата револуција во 20-тиот век; компонирање музика со [[компјутер]]. Лабораториите на [[Бел Телефоун]] (''Bell Telephone Labs'') уште во [[1957]] година, предводени од [[Макс Метјус]] (''Max Matthews'') ќе ја напишат првата [[компјутерска програма]] за генерирање на дигитално аудио, наречена [[Music I]]. Во наредните години ќе се напишат и [[Music II]], [[Music III]] и [[Music IV]]. [[Жан Клод Рисе]] (''Jean-Claude Risset'') во истите лаборатории со помош на Music IV за прв пат успешно ќе синтетизира акустичен звук, во овој случај звук на [[труба]]. Со ова се започнува на големо, истражувањето во физичките можности на звукот и во дигиталната синтеза на звукот. [[Макс Метјус]], [[Жоан Милер]] (''Joan Miller'') и други ќе создадат и синтетизираат и човечки гласови.
 
Првиот [[синтетизер]] е создаден од [[Роберт МугМоуг]] (''Robert Moog'') во [[1964]]. Тој се состои од модуларни компоненти како осцилатори, филтри, генератори на [[енвелоп]]и, засилувачи, [[миксер]]и и како посредник за свирење се користи [[тастатура]]та. Овој инструмент, кој активно се користи и денес, ќе го привлече вниманието на поп, рок и електро сцената.
 
Веќе од 60-тите години постои зрела средина за создавање на сериозни и комплексни електронски дела. Со текот на времето, овие електронски уреди стануваат парично сè попристапни и со тоа се зголемува нивната употреба во популарната музика. Од друга страна, авангардната сцена, сè повеќе работи на мултимедијалноста.