Џон Китс: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 95.180.198.83 (разговор), вратено на последната верзија на Jovanka trenceva
Ред 25:
Китс се спријателил со Изабела Џоунс во мај 1817 година, додека бил на одмор во селото Бо Пип во близина на Хејстингс. Таа била опишувана како убава, талентирана и многу читана, не била меѓу најбогатите во општеството, но сепак, била финансиски обезбедена, загадочна личност која станала дел од кругот на Китс. За време на нивното пријателство, Китс никогаш не се двоумел во нејзината сексуална привлечност, иако се чини дека повеќе уживале да се вртат во круг, отколку да се обврзат. Тој пишува дека ги „посетувал“ нејзините соби во зимата 1818–19 година, а во неговите писма до Џорџ вели дека „се загревал“ со неа и дека ја „бакнувал“. Нејасно е колку биле блиски, но Бејт и Гитингс велат дека љубовните состаноци можеби претставувале почеток на сексуалноста за Китс. Најголемото значење на Џоунс можеби било инспирација и управител во пишувањето на Китс. Темите во „Вечерта наспроти св. Агнес“ и „Вечерта наспроти св. Марк“ можеби исто биле предложени од неа, стихот „Тивко, тивко!“ [„о, драга Изабела“] бил посветен за неа. Во 1821 година, Џоунс била еден од првите во Англија кои биле известени за смртта на Китс.
Писма и верзии на поеми упатуваат на тоа дека Китс прво ја запознал Франсис Фани Броун помеѓу сптември и ноември 1818 година. Веројатно е дека 18 – годишната Броун го посетила смејството Дилке во Вентворт Плејс пред таа живее таму. Таа била родена во срцето на Вест Енд (денес во округот на Вест Хемпстед), на 9 август 1800 година. Како татко му на Китс и нејзиниот дедо држел гостилница во Лондон и двајцата загубиле неколку членови во семејството од туберкулоза. Таа имала исто име како мајка му и сестра му на Китс, а имала и талент за креирање фустани и за јазици, како и природна дарба за театар. Во текот на ноември 1818 година, таа одржувала интимен однос со Китс, но бил засенет од болеста на Том Китс кој што Џон го негувал во текот на овој период.
На 3 април 1819 година, Броун и нејзината мајка вдовица се вселила во другата половина на Вентворт Плејс на Дилке, а Китс и Броун можеле да се гледаат секој ден. Китс почнал да позајмува книги од Броун, како „Пеколот“ на Данте, а и читале заедно. Тој и го дал љубовниот сонет „Светла ѕвезда“ (можеби и го променил за неа) како изјава на љубов. Тоа било работа во тек, која тој ја продолжил се до последните месеци од неговиот живот, а темата достигнала да биде поврзана со нивната врска. „Сите негови желби беа насочени кон Фани.“ Од оваа точка не постои понатамошно документирано спомнување на Изабела Џоунс. Некаде пред крајот на јуни , тој постигнал одредено разбирање со Броун, далеку од формална обврска, бидејќи тој сеуште имал многу малку да понуди, со никакви надежи и финансиска стега. Китс претрпел голем конфликт знаејќи си ги очекувањата како поет што мака мачи да преживее во се поголеми тешкотии, ќе го спречи неговиот брак со Броун. Нивната љубов останала неконзумирана, љубомората кон неговата „ѕвезда“ почнала да го имачува. Мрак, болест и депресија го опкружувале, одразени во поемите како „Вечерта наспроти св. Агнес“ и „Безмилосната Убавица“, каде љубовта и смртта скришум се прикраднуваат. „Јас имам две луксузности на кои размислувам додека се шетам“, тој и пишувал на нејзе, „... твојата убавина и часот на мојата смрт“.
религија – Би можел да умрам за тоа – Би можел да умрам за тебе.“
Во едно од многуте стотици забелешки и писма, Китс и напишал на Броун на 13 октомври 1819 година: „Мојата љубов ме направи себичен. Не можам да постојам без тебе – Заборавам на се, само повторно да те видам – Се чини мојот живот запира овде – Се растопувам – Треба да бидам многу беден без надежта дека повторно ќе те видам... Вчудовиден бев оти луѓето може да умрат како жртви на религијата – Се згрозив од тоа – Не се згрозувам повеќе –Би можеле да ме мачат поради религијата – Љубовта е моја религија – Би можел да умрам за тоа – Би можел да умрам за тебе.“
Туберкулозата почнала да делува и докторите му советувале да се пресели на потопла клима. Во септември 1820 година, Китс заминал за Рим знаејќи дека веројатно никогаш повеќе нема да ја види Броун. Откако заминал, тој не се чувствувал способен да и пишува или да ди чита нејзините писма, но сепак, тој се допишувал со нејзината мајка. Тој починал по пет месеци. Ниедно од писмата на Броун за Китс не преживеало, тој побарал нејзините писма да бидат уништени по неговата смрт.
Требало да помине еден месец за веста за неговата смрт да пристигне во Лондон, по која што Браун носела црнина за него шест месеци. Во 1833 година, по повеќе од 12 години по неговата смрт, таа се омажила и имала три деца, надживувајќи го Китс повеќе од 40 години. Филмот „Светла ѕвезда“ од 2009 година во сценарио и режија на Џејн Кампијон се фокусира на врската на Китс со Фани Броун.
 
==Последните месеци во Рим==
Во текот на 1820 година, Китс покажувал се повеќе сериозни знаци на туберкулоза, кога претрпел две белодробни крварења во првите неколку денови на февруари. Тој загубил големи количини на крв и бил од дежурниот лекар. Хант го негувал во Лондон се до наредното лето. На напомена од неговите лекари, тој се согласил да се пресели во Италија со неговиот пријател Џозеф Северн. На 13 септември, тие заминале за Грејвсенд и четири дена подоцна се качиле на едрилицата „Марија Краутер“, каде ги направил крајните промени на „Светла ѕвезда“. Патувањето било малку катастрофално, избувнало невреме проследено од целосен мир, кое што го забавило движењето на бродот. Кога конечно впловиле во Неапол, бродот бил ставен во карантин поради сомневање за избувнување на колера во Британија. Китс пристигнал во Рим на 14 ноември, до кога секоја можна надеж за потопла клима по која трагал исчезнала.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Џон_Китс