Константин Дејанов: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
'''Живот'''
 
Севастократорот Дејан управувал со кумановскиот регион за време на владеењето на царот Душан Силни. Мајката на Константин,
Теодора Немањиќ била полу-сестра со царот. Во 1365 година постариот брат Јован Драгаш, ги управувал градовите Штип и Струмица.
Јован бил назначен за деспот од страна на Стефан V Урош, како и Душан истото што го сторил со неговиот татко. Отоманските извори
известуваат дека во 1373 година, го принудиле Јован од "горниот тек на реката Струма" да ја признае врховната власт на султанот.
Константин му помагал на Јован во воспоставување контрола врз областите од деспотството. Кога Јован починал (1378/79)тој го наследил престолот.
Ковал пари, како и неговиот брат претходно. Фамилијата Драгаш била позната по донирање на пари на манастирите кои се наоѓале
на нивни поседи, и на Света Гора.
На 10 февруари 1392, неговата ќерка Елена се омажи со Мануел II Палеолог, а следниот ден, тие беа крунисани за цар и царица
од цариградскиот патриарх.
Иако после битката кај Марица, браќата Дејанови биле приморани да им плаќаат данок на туците Османлии, тие одржувале контакти
со соседните христијански владетели, вклучувајќи ја Византија. Во 1395 година, заедно со неговиот сојузник Крале Марко, Константин
Драгаш бил убиен борејќи се за својот господар, османлискиот султан Бајезит I, против влашкиот војвода Мирчеа кај Ровине, во близина
на Крајова. Османлиите го именуваа главниот град на деспотството како Ќустендил, според името на дотогашниот владетел.
'''Фамилија'''
Константин Драгаш бил два пати женет. Името на првата жена е непознато, но можно да е Тамара, ќерката на бугарскиот цар Иван Александар,
која се омажила за "некој" деспот Константин. Драгаш бил оженет и втор пат со Евдокија од Требизонд, ќерка на императорот Алексис од Требизонд
и Теодора Кантакузина. Од првата жена Константин Драгаш имал најмалку една ќерка и најверојатно,и син.
1. Елена Драгаш која се омажила за византискиот император Мануел II Палеолог и умрела на 13 мај 1450. Од нивните многу деца двајца станале
императори, меѓу кои и последниот Константин XI кој на своето презиме Палеолог, си го ставил и Драгаш.
2. Јаков( муслимански ''Јакуп'')- возможно е да го наследил татко му на кратко време како деспот на Велбужд.
 
'''Наследство'''
Константин Драгаш е опеан како во српската, така и во македонската епска поезија. Преданијата од североисточниот дел на Македонија го
сметаат Константин за домороден владетел.