Јагода: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: ==Јагода == === Градинарска Јагода === Градинарската јагода (Fragaria × ananassа) е од вкрстени ...
(нема разлика)

Преработка од 19:37, 20 мај 2012

Јагода

Градинарска Јагода

Градинарската јагода (Fragaria × ananassа) е од вкрстени видови која се одгледува низ целиот свет заради нејзиниот плод ,така наречената јагода.Плодот (кое не е зрнесто , не е соединето овошје) секаде е познато по неговата карактеристична арома, светло црвена боја , соковна текстура и сладина.Се конзумира во големи количини , свежо или пак зготвено како компот , сок, сладолед , и милкшеик. Вештачката арома (вкус) на јагода исто така се користи во многу прехрамбени производи. Јагодата за првпат се одгледувала во Бретања , Франција во 1750 –те години преку Fragaria virginiana донесена од источна Северна Америка и Fragaria chiloensis која е донесена од Чиле од страна на Амеде Франсоа Фрезие во 1714 година.

Сортите од Fragaria × ananassа биле заменети во комерцијално производство , на шумска јагода, која била и првиот вид на јагоди одгледувани во 17ти век . Технични јагодата е од групата на додатни овошја, што значи дека месестиот дел не е создаден од овулата на растението . туку е од ,,садот ,, кои ги држи овулите. Секое видливо семе од надворешната страна на овошјето е всушност едно од овулите на цветот , во кое се наоѓа семе. И во кулинарството и во ботаниката целата структура се смета за овошје.

Култивација, одгледување

Јагодата се развива во ширина , боја , вкус, форма, степен на плодност, сезона на берење,склоноста на болест и според составот на растението.Некои се разликуваат во зеленилото а некои материјално , во однос на развојот на нивните полови органи. Во повеќето случаи ,цветовите се појавуваат како хермафродитски во структурата но функционираат и како машко и како женско. За трговски цели ,овие растенија се одгледуваат како ќилим и воглавно се распоредуваат по чисти корени или мешавини.Одгледувањето се прави на два начина: низ цела година под фолија , или пак повеќегодишен систем со постелени филцови или пак со тумби.Исто така се произведува мала количина на јагоди во стаклени градини и кога не им е сезона