Старогрчка митологија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с r2.7.3) (Робот: Менува cv:Авалхи грек халаплăхĕ; козметички промени
Ред 28:
* Поезијата од елинистичката и римската епоха
 
=== Археолошки извори ===
[[Податотека:RomanVirgilFolio014rVergilPortrait.jpg|thumb|[[Вергилиј|Вергилиев]] ракопис]]
[[Податотека:Iliad VIII 245-253 in cod F205, Milan, Biblioteca Ambrosiana, late 5c or early 6c.jpg|thumb|"Илијада", Книга VIII, 245-53, грчки ракопис, кон крајот на 5-ти и почетокот на 6 век по Христа.]]
Ред 50:
Рационалното толкување на митовите станале дури повеќе од популарни во времето на [[Римската Империја]], благодарение на материјалните теории на тогашните философии. Археологот Варо разликува три вида богови од таа епоха: богови на природата, поетите и градовите.
 
=== Ера на Боговите ===
[[Податотека:Aion mosaic Glyptothek Munich W504.jpg|десно|250px|[[Уран]] и [[Геја]]]]
"''Потеклото на митовите''" или "''создадените митови''" претставуваат обид за давање на одговорот за создавањето и потеклото на светот.<ref name="Klattx">Klatt-Brazouski, ''Ancient Greek and Roman Mythology'', 10</ref>Најприфатлива верзија во тоа време била онаа на [[Хесиод]], во неговата [[Теогонија]]. На почетокот на секој мит или вистина во врска со создавањето на универзумот се наоѓал [[Хаос (митологија)|Хаос]], кој се појавувал кај [[Стари Грци|Старите Грци]], односно добивал облик на божественост. Од Хаосот, на почетокот биле родени [[Ереб (митологија)|Ереб]] ([[пекол]]от) и Ноќта, чии деца пак биле [[Ајтер (митологија)|Ајтер]] (Етар-Воздух) и [[Хемер (митологија)|Хемер]] (Денот). Од Ноќта биле родени и уште неколку богови, како на пример [[Таната (митологија)|Таната]] (Смрт), [[Хипна (митологија)|Хипна]] (Сон) и [[Онејра (митологија)|Онејра]].
 
==== Први богови ====
 
Во почетокот на универзумот, [[Уран (митологија)|Уран]] (''Небо'') бил најголем бог. [[Геја (митологија)|Геја]] (''Земја'') имала голема улога во создавањето на универзумот. Соединувајќи се со Уран, биле создадени првата генерација на богови, од кои биле создадени [[Титани]]те. Најпрвин биле создадени [[Океан (митологија)|Океан]] и [[Тетида (митологија)|Тетида]] , [[Хиперион (митологија)|Хиперион]] и [[Теа (митологија)|Теа]], [[Коеј (митологија)|Коеј]] и [[Фојба (митологија)|Фојба]], [[Креј (митологија)|Креј]] и [[Еурибија (митологија)|Еурибија]], [[Јапет (митологија)|Јапет]] и [[Климена (митологија)|Климена]] и [[Крон (митологија)|Крон]] и [[Реја (митологија)|Реја]].
Ред 60:
Крон и Реја биле предодредени да со своето соединување произлезат идните господари на универзумот, и тоа: [[Деметра]], [[Хестија]], [[Хад]], [[Посејдон]] и [[Зевс]]. Овие богови подоцна ја поделиле власта и завладеале со светот. Во почетокот, [[Уран (митологија)|Уран]] и [[Геја (митологија)|Геја]] биле заедно, но подоцна преминале на различни страни. Крон, кој припаѓал на прватата генерација на богови, бил единствениот син на Геја кој ѝ помагал да се освети на својот татко Уран. Откако во една битка го победил, тој не само што му го зазел неговото место, туку и неговите браќа ги однел во [[Тартар (митологија)|Тартар]], а Уран го држал во затвореништво. Подоцна, Крон се оженил со својата сестра [[Реја (митологија)|Реја]], но не сакал да преживее ниту едно од неговите деца. Така, од нивниот брак, првите четири деца не преживеале. Кога Реја забременила со [[Зевс]], таа побегнала на островот [[Крит]] и во тајност го породила.
 
==== Титаномахија ====
[[Податотека:Peter Paul Rubens 108.jpg|мини|десно|250п|„Падот на Титаните“ од [[Петер Паул Рубенс]], 1637-1638 г.]]
 
Ред 67:
Титаните били водени од страна на Крон, [[Кеј (митологија)|Кеј]], [[Криј (митологија)|Криј]], [[Хиперион (митологија)|Хиперион]], [[Јапет (митологија)|Јапет]], [[Атлас (митологија)|Атлас]] (или Атлант) а олимписките богови од страна на [[Зевс]], [[Хестија]], [[Деметра]], [[Хера]], [[Хад]], [[Посејдон]], [[Хекатонхири]]те и [[Циклопи]]те. На страната на Зевс застанал и [[Прометеј]]. По десетгодишна борба<ref>[http://ancienthistory.about.com/cs/grecoromanmyth1/a/titanomachy_2.htm About.com's Ancient/Classical History section]; [[Hesiod]], ''[[Theogony]]'' 617-643: "So they, with bitter wrath, were fighting continually with one another at that time for ten full years, and the hard strife had no close or end for either side..."</ref>, [[Олимписки богови|Олимписките богови]] победиле. Со ова ја распределиле својата власт помеѓу себе си. Така, за владетел на воздухот и небото станал [[Зевс]], на морето и сите води [[Посејдон]], на подземјето [[Хад]], [[Деметра]] на земјоделството и.т.н. Победените [[Титани]] биле затворени во [[Тартар]]. Хекатонхирите станале стражари пред портите на Тартар. Неутралните во војната како Теја, Реја, [[Темида (митологија)|Темида]] и.т.н. не биле казнети од Зевс. Најмногу болката ја почуствувал [[Атлас (бог)|Атлас]], кој бил многу сурово казнет. Тој бил испрате на крајот на светот, место каде морал на своето рамо да но носи постојано небото и земјата, или според некои други егенди целиот космос. Според некои легенди, Атлант бил цар на легендарениот остров [[Атлантида]].
 
==== Гигантомахија ====
[[Податотека:Poseidon Polybotes Cdm Paris 573.jpg|мини|десно|200п|[[Посејдон]] убивајќи го [[Полибот]]]]
По големата победа над [[Титани]]те, [[Геја (митологија)|Геја]] не можела да им прости на новите владетели на земја и барајќи освета<ref>The Giants are an "army of avengers" in Claudian's truncated ''Gigantomachia''.</ref>, се разлутила и ги родила Гигантите, за да се освети<ref>[[Karl Kerenyi]], ''The Gods of the Greeks'', 1951:28&ndash;3028–30; [http://mkatz.web.wesleyan.edu/cciv110x/hesiod/cciv110.gigantomachy.html Gigantomachy: Sculpture & Vase Representations]</ref>. Бидејќи немале голема сила да ги достигнат новите богови, [[Гиганти]]те започнале да рушат се што ќе допреле. Според митот, од ваквата лутина на гигантите настанале и многубројните острови во [[Егејско Море]]. Едноставно, Гигантите биле непобедливи, сè додека [[Зевс]] не научил дека гигантите можат да бидат уништени само од соединение на еден смртник и еден бог. На страната на Зевс повторно застанале [[Посејдон]], [[Аполон]] и [[Хефест]]. Најголема улога во војната одиграла [[Атена]], која во текот на борбите се родила од главата на [[Зевс]], убивајќи го гигантот [[Палант (митологија)|Палант]]. Крајот на војната бил одбележан од страна на [[Херкулес]]<ref>Ps-Apollodorus, ''[[Bibliotheke]]'', 1.6.1.</ref>, кој застанал на страната на Олимписките богови, и уништувајќи ги [[Гиганти]]те. Така власта над земјата, небото и водите останале во рацете на [[Олимписки богови|Олимписките богови]].
 
=== Грчки пантеон ===
[[Податотека:Olympians.jpg|мини|десно|200px|Дванаесетте олимписки богови од [[Николас-Андре Монсје|Монсје]], датира од [[18 век]].]]
Според класичната митолошка ера, по победата над Титаните биле потврдени новите богови и божества над земјата. Врховен грчки бог, кој живеел на планината [[Олимп]] бил [[Зевс]], бог на небото и громот. Бројот на главните богови на планината [[Олимп]] бил дванаесет. Сепак, се смета дека ограничувачкиот број дванаесет, бил наметнет од страна на посовремените истражувачи на митот.<ref name="Stoll8">H.W. Stoll, ''Religion and Mythology of the Greeks'', 8</ref>Освен Олимписките богови како главни, постоеле и други, како [[Пан (митологија)|Пан]], кој бил бог на пасиштата, и кој бил роден со нози на коза. [[Нимфа|Нимфи]] биле убави женски божества кои живееле во природата. Постоеле нимфи на планините, на реките, на шумите, на изворите и на дрвјата. Најпозната нимфа била [[Ехо (митологија)|Ехо]]. Според митот за неа, таа била казнета од божицата [[Хера]] поради нејзиното лукавство. Ехо ја занимавала Хера со многу разговори, сѐ со цел да му овозможи на [[Зевс]] да им се додворува на другите нимфи. Кога Хера го открила тоа, ја казнила никогаш да не проговори, туку само да ги повторува звуците што ке ги слушне. Нејзиното име Ехо и денес го означува поимот одглас, што го слушаме кога сме во планините.
Ред 81:
Најголемиот број од храмовите биле посветувани само на одредени богови и божества. За тоа на кој најчесто се посветувал еден храм, најмногу влијание имало местото каде се градел храмот. Според една легенда, помеѓу [[Атена]] и [[Посејдон]] се појавил голем конфликт за тоа кој да биде заштитник на градот [[Атина]] и чие име да го носи градот. За да се реши спорот, тие се согласиле да направат поклон на градот, и победата да ја понесе оној според кој поклонот би бил покорисен. Тогаш [[Посејдон]] удрил со својот тризабец и низ [[Акропол]]ските ѕидини започнала да тече вода. По ова, Атена удрила во земјата, и од земјата пораснало маслиново дрво. Кога останатите богои ја виделе нејзината мудрост, ја прогласиле за победник. Затоа, според истата легенда денеска грчката престолнина е наречена токму според тој настан.
 
=== Ера на боговите и смртниците ===
[[Податотека:Tantalus Gioacchino Assereto circa1640s.jpg|мини|десно|250px|[[Тантал (митологија)|Тантал]] бил подложен на огромни маки.]]
Меѓу ерата во која боговите живееле сами и ерата во која божествените дела кај човекот биле ограничени, постоела и ера во која боговите и луѓето живееле заедно. Најпопуларниот вид на расказ, во кој се среќаваат богови и луѓе, во себе ги вклучуваат една смрттна жена од машки бог, која завршува со раѓањето на еден херој или полубог. Во некои случаи било и обратно, кога женско божество се соединувала со смртен маж. За ова најголем пример е дадено во [[Хомерова химна на Афродита|Хомеровата химна на Афродита]], каде божицата преспила со Анхис и го родила [[Енеј (митологија)|Енеј]]. Свадбата на [[Пелеј (митологија)|Пелеј]] и [[Тетида (митологија)|Тетида]] (родителите на [[Ахил]]) е друг таков мит. Според него, на свадбата на Пелеј и Тетида биле поканети сите богови и божици освен [[Ерида (митологија)|Ерида]] (божица на неслогата). Поради тога Ерида многу се налутила и непоканета отишла на свадбата и меѓу божиците фрлила златно јаболко на кое било напишано „''За најубавата''“. Божиците [[Хера]], [[Атина]] и [[Афродита]], сметајќи секоја дека е најубава, се фрлиле по јаболкото и се скарале. [[Зевс]] тогаш им наредил да одат кај младиот јунак [[Парис]], кој требал да пресуди која од нив е најубава. [[Хера]] му ветила оромно богатство и власт, [[Атина]] мудрост и слава, а [[Афродита]] му ја ветила најубавата жена. Парис тогаш ѝ го фрлил јаболкото на [[Афродита]]. Со нејзина помош Парис ја одвел Елена во [[Троја]] и тоа било причина за [[Тројанска војна|Тројанската војна]].
Ред 89:
Според еден друг мит пак, за [[Тантал (митологија)|Тантал]] бил секогаш добредојден на трпезата на боговите во [[Олимп]]. Но еднаш, тој успеал да го украде [[нектар]]от од трпезата и да го даде на луѓето<ref>[[Pindar]], TFirst Olympian Ode.</ref>, а со тоа и им раскажал голем број на тајни на боговите<ref>Euripides, ''Orestes'', 10.</ref>. И не само ова, туку Тантал го убил својот син Пелопс, за да ја докаже својата божественост. Телото од својот син го исекол и го ставил на трпезата на боговите од [[Олимп]]. Но боговите, освен [[Деметра]], ја разбрале вистината, па по заповед на Зевс, деловите од телото биле повторно повратени и Пелопс повторно станал жив, а Тантал бил подложен на огромни маки во подземното царство (''танталови маки''). Тантал бил тешко казнет на вечни маки со жед и глад. Во долниот свет морал да стои во вода до грлото, но штом ќе се обидел да се напие, водата се повлекувала, а над главата му висело секакво овошје, но штом ќе се обидел да касне од него, тоа се повлекувало<ref>This detail was added to the myth by the painter [[Polygnotus]], according to [[Pausanias (geographer)|Pausanias]] (10.31.12), noted in Kerenyi 1959:61.</ref> .
 
=== Ера на хероите ===
[[Податотека:Figura 3.jpg|мини|десно|180px|Скулптура на [[Херкулес]] во стил на [[Рококо]].]]
 
Ерата во која живееле и опстојувале хероите од грчката митологија е позната како ера на хероите.<ref name="Kelsey30">F.W. Kelsey, ''An Outline of Greek and Roman Mythology'', 30</ref>Ерата на хероите ги вклучува случувањата поврзани со [[Херкулес]], [[Тесеј]], походот на Аргонавтите, [[Персеј]], [[Белерефонт]], [[Дедал]] и [[Икар]], [[Орфеј]], [[Фаетон]] и [[Пелопида]]. Освен овие херои, во оваа ера се вклучени и Тројанската војна и митот за [[Одисеј]].
 
==== Херкул ====
 
Според митот, [[Херкулес]] бил син на [[Зевс]] и смрттната [[Алкамена]], внука на [[Персеј]].<ref name="BrHer">{{cite encyclopedia|title=Heracles|encyclopedia=Encyclopaedia Britannica|year=2002}}</ref>Најпознат е по своите дванаесет херојски дела. На само осумнаесет години го направил своето прво херојско дело, убивајќи го [[Немејски лав|Немејскиот лав]]. Оваа задача на Херкул му била дадена од страна на царот [[Евристеј]]. Второто херојско дело е убивањето на [[Лернејска хидра|Лернејската хидра]] (тело на змија и девет глави на дракон), па следувале заловувањето на Керинската кошута и Еримантската дива свиња, заробувањето на Критски бик, убивањето на Стимфалиските птици, го победил тројанскиот цар Диомед, го зел коланот на Хиполита и.т.н.
Ред 100:
Херкул учествувал во [[Тројанска војна|Тројанската војна]] на страната на [[Спарта]]нците. Херкул бил почитуван и во етрурската и римската митологија. Кај старите Римјани тој бил познат под името ''Херкелер'' или ''Хераклеис''<ref name="Burkert211">W. Burkert, ''Greek Religion'', 211</ref>. Во [[Италија]] му се поклонувале како бог на трговијата, а му биле носени и подароци за спасување на човештвото од разни видови опасности.<ref name="BrHer">{{cite encyclopedia|title=Heracles|encyclopedia=Encyclopaedia Britannica|year=2002}}</ref>Легендите поврзани во врска со Херкул биле пренесени во [[Рим]] преку грчките колонии, бидејќи во [[6 век п.н.е.]] Херкул претставувал значаен сегмент во етрурскиот пантеон. И во римската и во [[етрурска митологија|етрурската митологија]], тој бил поистоветуван со богот на војната.<ref name="мит">Цермановиќ-Кузмановиќ, А. & [[Драгослав Срејовиќ|Срејовиќ, Д]]. 1992. Лексикон религија и митова. Савремена администрација. Београд.</ref>
 
==== Персеј ====
[[Податотека:Firenze-piazza signoria statue03.jpg|мини|десно|180px|Персеј со главата на Медуза]]
 
Друг позначаен херој од ова време биле [[Персеј (митологија)|Персеј]]. Како син на Зевс и [[Данаја (митологија)|Данаја]], тој извршил голем број на херојски дела, но најпознат е по убивањето на [[Медуза (митологија)|]Медуза]] и спасувањето на [[Андромеда (митологија)|Андромеда]] од морското чудовиште, кое било испратено од [[Посејдон]] за да ја казни на царицата [[Касиопеја]], која тврдела дека нејзината ќерка била поубава од олимписките божици. По порачка на царот [[Полидект]], брат на Диктис, бил испратен да ја убие Медуза.<Ref>Аполодор, Митологиска библиотека, II, 4, 1</ref>За ова, тој добил најголема помош од страна на [[Хермес]] и [[Атина]]. За да и ја исече главата на Медуза, Персеј морал да внимава не го претвори во камен. Медузата била една од трите [[горгони]] во грчката митологија. Таа имала змии наместо коса и заби како на вепар. По отсекувањето на нејзината глава, од крвта настанал крилатиот коњ - [[Пегаз (митологија)|Пегаз ]] .
 
==== Други херои ====
 
Други митови поврзани од ова време се митот за [[Пандора (митологија)|Пандора]] и нејзината радозналост, за [[Ендимион]], [[Адонис]], момчето [[Кипарис]], ткајачката [[Арахна]], кралот [[Мида]], [[Аталанта]] и [[Хипомен]], [[Ганимед]], [[Пигмалион]], [[Ифис]], [[Фаетон]], [[Аретуса]], [[Ниоба]], [[Нарцис]] и [[Ехо]], [[Девкалион]] и [[Пира]], од кои произлегла [[Хелен (митологија)|Хелен]], кој денеска се смета како татко на сите [[Грци]], митот за [[Тесеј]], [[Белерофонт]] и.т.н. Смртта на хероите исто така била честа тема на овие рани херојски митови.<ref>G.S. Kirk, ''Myth'', 183</ref>
 
==== Аргонаути ====
 
[[Аргонаути]]те претставувале група на херои кои во годините пред Тројанската војна, заедно со [[Јасон (митологија)|Јасон]] заминувале за да пронајдат [[Златно руно|Златното руно]]. Јасон собрал голема група од херои и го изградил бродот Арго. Хероите од тоа дело биле наречени Аргонаути<ref>Аполодор, I 9, 16</ref>Дел од тие херои биле [[Орфеј]], [[Херкул]], [[Кастор]] и [[Полидевк]], Аталанта и.т.н. Според некои податоци, нивниот број изнесувал околу 60 души.
 
=== Тројанска војна ===
{{Главна|Тројанска војна}}
[[Податотека:Rubens - Judgement of Paris.jpg|мини|десно|250px|''Решението на Парис'', [[Петер Паул Рубенс]], Национална галерија, Лондон]]
Ред 119:
[[Податотека:J G Trautmann Das brennende Troja.jpg|мини|десно|250px|Пропаѓањето на Троја]]
 
Грчката митологија кулминира со започнувањето н Тројанската војна помеѓу [[Грци]]те и [[Троја]]нците. Оваа епопеја е напишана во делото на [[Хомер]], [[Илијада]]. Содржинската основа на епопејата ја сочинуваат настани од времето на Тројанската војна, што се случила во периодот од [[13 век п.н.е.]] до [[12 век п.н.е.]] Според митот за Tројанската војна, [[Парис]], синот на тројанскиот цар [[Пријам]], ја грабнал [[Елена Тројанска |Eлена]], жената на спартанскиот цар [[Mенелај]], и ја однел во родниот град [[Илион]] ([[Троја]]). Сите грчки јунаци од одделни полиси на чело со [[Агамемнон]], царот на Арг, се кренале против ова нечесно дело на Парис за да му се одмаздат. Така почнала војната што траела десет години. За заповедник на грчката (ахајската) војска бил поставен [[Агамемнон]]. Настаните за кои се раскажува во „[[Илијада]]” се случиле во последната, десетта година од војната.
 
Според грчката митологија, [[Зевс]] станал врховен бог откако го победил својот татко [[Крон (митологија)|Крон]]. Претходно, власта Крон ја зел од својот татко [[Уран (митологија)|Уран]]. Зевс разбрал дека според тој распоред, неговата власт повторно би требало да биде одземена од страна на некој од неговите синови. Според една друга легенда, морската нимфа [[Тетида]], со која [[Зевс]] имал врска, родила син, кој ќе биде поголем и од својот татко. Главно поради ова, [[Зевс]] наредил таа да биде омажена за Пелеј, од кого се родил [[Ахил]]. За новиот херој било претскажано дека ќе умре млад во [[Троја]]. За да го зачува своето бебе, [[Тетида (митологија)|Тетида]] го потопила своето бебе во водите на [[Стикс (митологија)|Стикс]], правејќи го многу силен. Но единственото место кое не било потопено во водата било неговата пета, односно местото каде Ахил бил држан во водата. На свадбата на Пелеј и Тетида биле поканети сите богови, со исклучок на [[Ерида (митологија)|Ерида]]. Повредена од ова, <ref>[[Хигин]], Фабула 92</ref> таа невидливо пуштила под масата едно златно јаболко, на кое пушувало ''Kallisti'' (''На најубавата'')<ref>[[Аполодор]], [[Митска библиотека]], Е, III 2</ref>Кога јаболкото било видено, за него започнал спор помеѓу [[Хера]], [[Атина]] и [[Афродита]]. Никој од останатите богови не знаел за кого е јаболкото наменето. За да го разреши проблемот, Зевс му наредил на Хермес да ги однесе трите божици на планината Ида, место каде се наоѓал младиот принц на [[Троја]], Парис. Тој таму бил заточен бидсејќи постоело предание дека тој ќе ја опожари Троја. Така на Парис требало да го реши спорот. Божиците се обидиле да го поткупат на Парис. [[Атена]] му ја обеќала мудроста и можноста да стане еден од најголемите херои во тоа време. [[Хера]] му обеќала политичка власт и контрола над територијата на цела [[Азија]]. [[Афродита]] пак му ја обеќала љувовта на најубавата жена на светот.<ref>[[Хомер]], "[[Илијада]]", XXIV 25-30</ref>Парис јаболкото го дал на [[Афродита]], и се вратил во [[Троја]]. Со ова негово решение, тој ги претворил [[Хера]] и [[Атена]] во негови најголеми непријатели. Како резултат на тоа, во Тројанската војна Хера и Атина ги подржиле [[Грци]]те, а Афодита [[Троја]]нците. Откако го зел своето решение, Парис отишол на гости кај Менелај и со помош на Афродита ја убедил на убавата Елена да стане негова сопруга<ref>[[Аполодор]], Епитом III 3</ref>. Ова било и повод за започнувањето на Тројанската војна.
Ред 127:
Во војната загинал и еден од најголемите грчки митолошки јунаци, [[Ахил]]. Тој бил убиен од страна на Парис, откако го погодил во неговата пета. Крајот на војната дошол кога Грците решиле да [[Тројански коњ|изградат голем коњ]] од дрво, кое било свето животно за Тројанците. Делото било изработено од страна на Епеј, а идејата била на мудриот [[Одисеј]], кој пак ја послушал на божицата [[Атена]]. Најсилните херои се засолниле во коњот, додека пак останатата армија се повлекла навидум од брегот. Во меѓувреме, грчкиот шпион Синон успеал да ги убеди на Тројанците дела коњот е дар од боговите, и попкрај предупредувањето кое било дадено од страна на Лаокоон и [[Касандра]]. Така, Тројанците гигантскиот коњ го внесле зад градските ѕидини. Цела вечер Тројанците ја празнувале големата и долгогодишна победа над Грците. Но, вечерта кога сите спиеле, скриените војници ги отвориле портите на градот. По ова следувало целосно уништување на [[Троја]], секој маж или момче биле убиени, секоја жена била заробена.
 
==== Одисеја ====
[[Податотека:Beginning Odyssey.svg|thumbnail|right|300px|Првата страница од поемата]]
{{Главна|Одисеја}}
Ред 135:
Тројанската војна претставувала голема инспирација на старогрчките уметници при нивното делување. Уметничките дела кои датираат од тој период ја покажуваат важноста на тројанскиот циклус за старогрчката цивилизација.<ref name="HeliosTr" />Овој митолошки период од Тројанската војна бил инспирација и на голем број на уметници и поети од [[Западна Европа]].
 
== Грчките и Римските концепции на митот ==
 
Митологијата била во центарот на секојдневниот живот на [[Античка Грција]].<ref name="Johnson15">Albala-Johnson-Johnson, ''Understanding the Odyssey'', 15</ref> Грците денеска таа т.н. старогрчка митологија ја сметаат како дел од нивната историја. Старите Грци митовите ги користиле за да го објаснат настанувањето на светот, да ги објаснат различните природни појави, културни варијации, традиционалните непријателства и пријателства и слично.
 
== Филозофија и мит ==
[[Податотека:Thucydides-bust-cutout ROM.jpg|thumbnail|right|150px|Биста на Тукидид, во музеј во Торонто]]
 
Ред 147:
Неколку радикални философи како [[Ксенофан]], започнале во своите песни да ги критикуваат [[Хомер]] и [[Хесиод]], бидејќи на боговите им препишувале криминални особини, знаци на прељуба, крадење, лажање.<ref name="Graf169-170">F. Graf, ''Greek Mythology'', 169–170</ref> . Според [[Ксенофан]], луѓето своите богови ги креирале според сопствената си претстава, како што животните би ги опишувале боговите доколку би можеле да цртаат. Така, според него воловите, коњите и лавовите доколку би биле способни да сликаат, секој од нив би ги претставил боговите во својот лик - воловоте како волови, коњите како коњи, и.т.н. Ова најмногу дошло до израз во делото на [[Платон]], [[Држава (Платон)]]. Платон создал свои алегорични митови (како на пример митот за [[Ир]]) напаѓајќи ги митовите поврзани со кражбите на митолошките богови. Освен тоа, тој се противел и на нивната централна улога во литературата.<ref name="Miles7" />
 
== Римска митологија ==
{{Главна|Римска митологија}}
[[Податотека:IngresJupiterAndThetis.jpg|thumbnail|right|180px|Јупитер, крал на боговите.]]
Ред 160:
{{наводи|2}}
 
=== Користена литература ===
<div class="references-small">
*Aeschylus, ''[[The Persians]]''. ''See original text in [http://www.perseus.tufts.edu/cgi-bin/ptext?doc=Perseus:text:1999.01.0011:line=1 Perseus program]''.
Ред 250:
{{Грчка митологија}}
{{Избрана}}
 
[[Категорија:Политеистички религии]]
[[Категорија:Грчка митологија|*]]
Ред 270 ⟶ 271:
[[bs:Grčka mitologija]]
[[ca:Mitologia grega]]
[[cv:Авалхи грек мифологийĕхалаплăхĕ]]
[[cs:Řecká mytologie]]
[[cy:Mytholeg Roeg]]