Арјен Робен: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Infobox football biography | name = Arjen Robben | image = 250px | fullname = Arjen Robben | ...
(нема разлика)

Преработка од 18:26, 20 мај 2012

Арјен Робен ( холандски изговор [ˈɑrjən ˈrɔbə(n)], роден на 23-ти Јануари 1984 година) е холандски фудбалер кој игра за германскиот бундеслигаш Баерн Минхен. Иако е класифициран како напаѓач, тој обично игра на крилната позиција веднаш зад напаѓачите, и е познат по својот дриблинг, брзина, центаршут и прецизен удар од далечина. Тој, исто така е дел од холандската репрезентација и настапи со неа на Европското првенство 2004 година, Светското првенство 2006 година, Европското првенство 2008 година и на Светското првенство во 2010 година. Робен најпрво се истакна во Гронинген за кого настапуваше, и беше прогласен за играч на годината во холандското првенство во сезоната 2000-01. Две години подоцна, тој потпиша за ПСВ, каде што стана најдобар млад играч на годината во Холандија и ја освои титулата во холандското првенство. Следната сезона, водечките англиски тимови беа заинтересирани за потписот на Робен, и по долготрајни преговори, тој се приклучи на Челзи во 2004 година. Дебитантскиот настап на Робен во Челзи беше одложен поради повреда, но откако закрепна од повредата тој му помогна на Челзи да освои две последователни титули во Премиер лигата и беше играч на месецот Ноември во 2005 година. По третата сезона во Англија, која беше нарушена поради повреда, Робен се пресели во шпанскиот тим Реал Мадрид за сума од 35 милиони евра. Во Август 2009 година, Робен премина во Баерн Минхен за сума од околу 25 милиони евра и постигна два гола во дебитантскиот настап. Во својата прва сезона во Минхен, Баерн ја освои шампионската титула, петта лига титула за Робен во осум години и стигна до финалето на Лигата на шампиони. По неговата прва сезона во баварскиот тим, играчот беше исто така именуван за фудбалер на годината во Германија.

Arjen Robben
Лични информации
Целосно име Arjen Robben
Датум на раѓање 23 јануари 1984(1984-01-23)(40 г.)
Место на раѓање Bedum, Netherlands
Висина 1.81 м (5 ст 11 ин)[1]
Положба Winger
Клупски информации
Тековен клуб
Bayern Munich
Број 10
Младинска кариера
0000–1996 vv Bedum
1996–2000 Groningen
Возрасна кариера*
Години Екипа Наст. (Гол.)
2000–2002 Groningen 50 (8)
2002–2004 PSV 56 (17)
2004–2007 Chelsea 67 (15)
2007–2009 Real Madrid 50 (11)
2009– Bayern Munich 62 (40)
Меѓународна кариера
2003– Netherlands 54 (17)
*Клупски домашни лигашки настапи и голови, точно согласно 15:10, 5 May 2012 (UTC)
‡ Репрезентативни настапи и голови, точно согласно 6 May 2012

ПОЧЕТОК НА ФУДБАЛСКА КАРИЕРА

Робен е роден во Бедум, предградие на Гронинген во североисточна Холандија. Тој започна со фудбал уште од рана возраст, станувајќи приврзаник на методот на Коервер. Вештината на контрола на топката и одличната работа со нозе го направија Робен ценет играч, и тој набрзо потпиша договор со регионалниот клуб ФЦ Гронинген. Таму, тој го разви својот препознатлив стил на менување правец и префрлање на топката од десната на левата нога постигнувајќи неколку спектакуларни голови.

КЛУПСКА КАРИЕРА

ГРОНИНГЕН

Гронинген го именува Робен во првиот тим за сезоната 1999-00. Тој постигна три гола во лигата. Менаџерот Јан ван Дијк го вклучи крилото во првиот тим на Гронинген пред натпреварот на гости со Твенте во Ноември 2000 година, но тој не настапи се до натпреварот со Валвијк на 3-ти Декември 2000 година, како замена за повредениот Леонардо дос Сантос во 79-та минута. Во текот на зимата, Робен се избори за место во стартниот состав. Во 18 старта за Гронинген во текот на сезоната 2000-01, тој постигна два гола. Во неговата прва сезона со тимот, Робен беше именуван за играч на годината, и заедно со тимскиот колега Хорди Хугстрат, тој ја демонстрираше силата на младинската школа на Гронинген. Робен остана во Гронинген и постојано се подобруваше во сезоната 2001-02, во која настапи на 28 натпревари и постигна 6 гола. Робен премина во ПСВ за 3.9 милиони евра пред почетокот на сезоната 2002-03.

ПСВ

Во текот на неговата прва сезона во ПСВ, 2002-03, Робен одигра 33 натпревари и постигна 12 голови. Тој беше прогласен, заедно со напаѓачот Матеја Кежман за најдобар играч на ПСВ, со кого го сочинуваа напаѓачкото дуо, познато кај навивачите на ПСВ и како “ Бетмен и Робен”. Тој му помогна на ПСВ во освојувањето на нивната 17-та титула во Холандија, и ја освои наградата за најталентиран играч на годината. По добриот почеток, подоцна ПСВ не можеше да остане во чекор со ривалот Ајакс и беа принудени да се борат за второто место во холандската лига( Ередивизие). Робен отпатува во Лондон и се состана со менаџерот на Манчестер Јунајтед, сер Алекс Фергусон. Понудата на Фергусон беше премала за апетитите на ПСВ и Робен, притоа претседателот на ПСВ, Хари ван Раи, му соопшти на Манчестер Јунајтед дека најмногу што може да добијат со нивната понуда од 7 милиони евра е дрес со автограм од Робен. Речиси веднаш, сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, понуди 18 милиони евра (12.1 милион фунти) и ПСВ прифати. Останатиот дел од сезоната за него, во ПСВ, беше разочарувачки. Тој ја повреди тетивата двапати и пропушти неколку натпревари. До крајот на сезоната, Робен постигна пет гола на 23 натпревари во првенството.

ЧЕЛЗИ

Робен не дебитираше за Челзи во официјален натпревар сѐ до Ноември 2004 година, откако тој се повреди во предсезонски пријателски натпревар против Рома и ја скрши метатарзалната коска на стапалото во дуел со Оливие Дакур. Во текот на овој период, тој им соопшти на клупските доктори дека забележал непознат израсток на еден од тестисите. Медицинскиот тим брзо направи тестови за да провери дали станува збор за рак на тестиси, но подоцна му беше соопштено дека сѐ е во ред. Робен се покажа како клучен играч во сезоната 2004-05, во Ноември 2004 година, тој ја доби наградата за најдобар играч на месецот во англиската Премиер лига. Робен ја заврши сезоната 2004-05 со седум постигнати гола, втора по скор во професионалната кариера. Тој беше во потесниот список за најдобар млад играч на годината, но наградата отиде кај Вејн Руни од Манчестер Јунајтед. Робен беше тешко повреден на гостувањето кај Блекбурн Роверс во Премиерлигата и беше принуден да биде надвор од тимот на Челзи во битката за титулата и пласманот во полуфиналето на Лигата на Шампионите. Откако се врати по повредата за сезоната 2005-06, Робен беше составен дел од левата крилна позиција на Челзи. На 28 натпревари, Робен придонесе со шест гола во освојувањето на втората последователна титула на Челзи во Премиер лигата, прва последователна титула за тимот од западен Лондон.

Сезоната 2005-06, Робен беше инволвиран во неспортски инцидент со голманот на Ливерпул, Пепе Реина. Кон крајот на првенствениот натпревар помеѓу Ливерпул и Челзи, на Стемфорд Бриџ кој го доби Челзи со 2-0, Реина го зграпчи Робен за лицето по неколку провокативни зборови од страна на Робен. Робен падна театрално на тревата, а Реина доби црвен картон за насилно однесување, бидејќи насилното однесување е нелегално. Како резултат на тој инцидент, Реина даде коментар дека Робен го сторил тоа толку театрално, што е доволно за да освои Оскар.Подоцна, менаџерот на Ливерпул, Рафаел Бенитез во интервју дадено по натпреварот, се пошегува дека ќе оди во болница за да провери каква е состојбата на Робен. Црвениот картон на Реина не беше поништен. Подоцна, Робен беше именуван за играч на натпреварот против Виган на 23-ти Декември, на кој асистираше во постигнувањето на два гола и го постигна победоносниот гол.

Робен се здоби со уште една повреда на натпреварот против Ливерпул, на 20-ти Јануари 2007 година. Робен се врати на теренот во победата од 3-0 против Мидлсборо, во Февруари, на кој упати удар кој го одби голманот Марк Шварцер во неговиот соиграч Абел Ксавиер кој си постигна автогол. Робен постигна гол во нокаут фазата во Лигата на Шампионите против Порто, кој му помогна на Челзи да го добие двомечот со вкупен резултат од 3-2. На крајот на месец Март 2007 година, Робен беше подложен на операција на коленото, откако се повреди додека имаше обврски со репрезентацијата и се очекуваше да биде надвор од терените најмалку четири недели. Шпанскиот клуб Реал Мадрид, беше заинтересиран за двајца играчи на Челзи. Тренерот Бернд Шустер, изјави дека се заинтересирани за Михаел Балак, додека поранешниот претседател на Реал, Рамон Калдерон, беше наклонет кон Робен. Робен изјави пред новинарите на шпанскиот весник АС: “ Не знам кога ќе биде постигнат договор. Би сакал да им испратам порака на навивачите на Реал Мадрид, но не можам се додека мојата иднина не се реши.

На крајот, Реал Мадрид ги осигура услугите на Робен во Август 2007 година. Тој, за официјалната веб страна на Челзи изјави: “ Тешко беше да си заминам, бидејќи поминав три одлични години во Челзи и стекнав доста пријатели. Немаше време да се збогувам, бидејќи договорот беше склучен во Среда, во 22 часот вечерта, а веќе следното утро морав да одлетам. Кога би имал еден слободен ден, би сакал да се вратам и да се збогувам со навивачите бидејќи нив им должам едно големо благодарам, затоа што тие беа секогаш добри со мене. Во моите три години, ги освоив сите награди што можат да се освојат во Англија.

РЕАЛ МАДРИД

Робен го комплетираше трансферот во Реал Мадрид на 22-ри Август 2007 година за обештетување од 24 милиони фунти (35 милиони евра), потпишувајќи петгодишен договор. На 18-ти Септември, тој дебитираше како замена за Раул во натпреварот против Вердер Бремен во Лигата на Шампионите, кој го доби Реал со 2-1. Неговиот дебитантски настап во првенството беше на 23-ти Септември, овојпат како замена за Ројстон Дренте во ремито од 1-1 на гости кај Ваљадолид. На 10-ти Февруари, Робен го постигна својот прв гол, на домашен терен во победата од 7-0 против Ваљадолид. Робен се покажа како клучен во многу натпревари на Реал Мадрид, со неговите познати пробиви по левата крилна позиција и многу брзо стана прв избор за левата крилна позиција во средниот ред, забележувајќи 28 настапи во неговата дебитантска сезона во која постигна и пет гола. Реал Мадрид ја освои шампионската титула неколку натпревари пред крајот на сезоната, а веќе беа шампиони во Шпанија кога играа со нивниот вечен ривал Барселона на 7-ми Мај 2008 година. Фудбалерите на Барселона, формираа почесна гарда во чест на фудбалерите на Реал Мадрид додека излегуваа на теренот на Сантијаго Бернабе, а Робен одигра клучна улога во победата од 4-1, постигнувајќи го вториот гол за шампионот. Тој ја задржа клучната улога во средниот ред на Реал Мадрид во текот на сезоната 2008-09, настапувајќи на 35 натпревари на кои постигна осум гола. Иако холанѓанецот беше еден од најважните играчи на шпанскиот тим во подготвителните натпревари за сезоната 2009-10, откако постигна три гола и беше асистент на уште четири, тој беше меѓу играчите чие место во првиот тим е загрозено, по доаѓањето на Флорентино Перез и потпипишувањето на договори со Кристијано Роналдо и Кака. Реал Мадрид ја прифати понудата од околу 25 милиони евра за Робен од Баерн Минхен. Робен наведе дека бил принуден да го напушти Реал Мадрид, велејќи дека “ тој не сакал да си замине, но клубот сакал да го продаде”.

БАЕРН МИНХЕН

На 28-ми Август 2009 година, Робен се пресели во Баерн Минхен за околу 25 милиони евра. Нему му беше даден дресот со бројот 10, кој што последен го носеше неговиот холандски колега Рој Макај. Неговиот дебитантски настап дојде ден потоа. Тој влезе во игра како замена на полувремето, на натпреварот против Волфсбург, на кој постигна два гола и му помогна на неговиот тим да го победи шампионот од минатата сезона во првата сезонска победа за Баерн. На 9-ти Март 2010 година, Робен го постигна решавачкиот погодок за Баерн во поразот од 2-3 против Фиорентина ( вкупен резултат 4-4 по двата натпревари), и обезбедија пласман во четвртфиналето на Лигата на Шампионите во сезоната 2009-10 благодарение на правилото на повеќе постигнати голови на гости. На 7-ми Април 2010 година, Робен го одведе Баерн Минхен во полуфиналето на Лигата на Шампионите, со прекрасниот волеј удар од работ на шеснаесетникот директно во аголот од голот на натпреварот со Манчестер Јунајтед. Натпреварот заврши со резултат 3-2 за Јунајтед (вкупен резултат 4-4 по двата натпревари), а Баерн се пласираше понатаму повторно со повеќе постигнати голови на гости. На 17-ти Април 2010 година, тој го постигна својот прв хет-трик во Бундеслигата, против Хановер на Алијанц Арена. Натпреварот заврши со резултат 7-0 за Баварците. На 8-ми Мај 2010 година, тој ја освои првата титула во Бундеслигата со Баерн Минхен, откако постигна два гола во победата од 3-1 над Херта Берлин, завршувајќи го првенството како најдобар стрелец на Баерн. Една недела подоцна, Баерн Минхен играше во финалето на Купот на Германија против минатогодишните шампиони, Вердер Бремен, на Олимпискиот стадион во Берлин. Баерн Минхен го доби натпреварот со 4-0, а Арјен Робен го постигна првиот гол од тие четири гола од пенал. Робен со тоа им помогна на Баварците да ја освојат нивната петнаесетта титула во Купот на Германија. На 25-ти Мај 2010 година, Робен беше именуван за фудбалер на годината во Германија за 2010 година. Тој победи во изборот со освоени рекордни 72.1% од гласовите и беше првиот Холанѓанец кој победил во овој избор. Сезоната 2010-11 започна лошо за Робен, откако медицинските испитувања потврдија дека неговата тетива не е соодветно заздравена и дека тој ќе биде надвор од терените два месеци. Претседателот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, истакна дека секако дека се многу лути во Баерн Минхен на холандската Федерација, и ќе се бара отштета од нив, продолжувајќи “ Уште еднаш ќе мора да ја платиме сметката како клуб, откако наш играч сериозно ќе се повреди играјќи за репрезентацијата. На 15-ти Јануари 2011 година, тој се врати во строј во првиот тим, влегувајќи во игра како замена во ремито од 1-1 на гости кај Волфсбург. Робен беше номиниран за најдобар играч од средниот ред во Лигата на Шампионите, но оваа награда отиде кај неговиот сонародник од репрезентацијата, Весли Снајдер. Тој, исто така беше номиниран за престижната награда “Балон д’Ор” и наградата Ференц Пушкаш на ФИФА, која се доделува за најубавиот гол на годината, а исто така беше номиниран во најдобриот состав според ФИФА за годината 2010, благодарение на неговата фантастична сезона со Баерн Минхен. Во текот на неговиот престој во Баерн Минхен, Робен во два наврата подлегна на контроверзии, откако физички ги нападна неговите тимски колеги Филип Лам за време на тренинг, и Томас Милер за време на натпреварот против Вердер Бремен. Двата инцидента, не доведоа до одмазда.

РЕПРЕЗЕНТАТИВНА КАРИЕРА

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО 2004

Робен има одиграно 52 натпревари за Холандија и постигнато 16 голови. Првото репрезентативно искуство во кариерата на Робен, беше на Европското првенство во 2004 година, кога селекторот, Дик Адвокат, повика во составот помлади фудбалери како што се Весли Снајдер и Џони Хеитинга. За време на Европското првенство 2004, Адвокат го замени Робен во 66-та минута за да го брани водството од 2-1 против Чешка. Сепак, Чешка потоа постигна два гола и победи со 3-2, што доведе до критики околу одлуката на Адвокат. На истото првенство, Робен беше тој кој го постигна решавачкиот пенал во пенал рулетот помеѓу Холандија и Шведска, постигнувајќи го петтиот погодок, а Холанѓаните конечно победија на пенали.

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2006

Робен играше во првите за него квалификации за Светското првенство во 2006 година. На шест натпревари за Холандија, Робен постигна два гола. Холандија се пласираше на Светското првенство 2006 и на премиерниот натпревар против Србија и Црна Гора, Робен го постигна победоносниот погодок во 18-та минута и беше прогласен за играч на натпреварот. На натпреварот против Брегот на Слоновата Коска, Робен ја доби оваа награда по втор пат, со тоа станувајќи еден од осумтемина играчи на првенството што ја добиле наградата за играч на натпреварот повеќе од еднаш.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО 2008

За време на Европското првенство во 2008 година, селекторот Марко ван Бастен ја промени формацијата во 4-2-3-1, претпочитајќи го триото од средниот ред Рафаел ван дер Варт, Весли Снајдер и Дирк Кајт. Робен го загуби местото на крилната позиција од Робин ван Перси. Во натпреварот од групата против Франција, кој го доби Холандија со 4-1, Робен влезе во игра на полувремето. Тој ја влечеше топката од половината на теренот далеку од противничките дефанзивци поминувајќи тројца од нив, а потоа упати центаршут до Ван Перси, кој испрати удар во голот на Грегори Купе, кој успеа само да ја допре топката со рака пред да влезе во голот. При резултат 2-0, Анри постигна гол за 2-1, и речиси веднаш по тргнувањето од центарот по постигнатиот гол, Робен беше проигран од Снајдер и по тркот кон францускиот гол се најде пред “мртов” агол, но и покрај тоа, тој ја упати топката во мрежата на Купе.

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2010

Робен беше избран од холандскиот селектор, Берт ван Марвијк, во финалниот состав од 23 играчи за Светското првенство. На последниот пријателски натпревар со Унгарија, непосредно пред летот за Јужна Африка на 4-ти Јуни, Робен падна незгодно кон крајот на натпреварот и заработи повреда на тетиватакоја предизвика загриженост околу неговата спремност за Светското првенство. На 5-ти Јуни, Ван Марвијк објави дека одлучил да не повика замена за Арјен. Сакам да му ја дадам секоја шанса да настапи на Светското првенство. На 12 Јуни 2010, Арјен пристигна во Јужна Африка и се приклучи на тимот. Тој не влезе во игра од клупата, на премиерниот натпревар против Данска, кој го добија без многу напор со резултат 2-0, и повторно во победата од 1-0 над Јапонија. Тој влезе во игра во 73-та минута против Камерун во победата од 2-1, и ја погоди стативата, по што Клас-Јан Хунтелар по одбиената топка постигна гол. На 28-ми Јуни 2010, тој за прв пат го започна натпреварот против Словачка, и го постигна првиот погодок во елиминационата фаза од натпреварувањето, натпревар кој го доби Холандија со 2-1. Тој, исто така ја доби наградата за играч на натпреварот. Робен го постигна третиот гол, со добро пласиран удар со глава, во полуфиналето против Уругвај, што го доби Холандија со 3-2 и се пласираше во финалето. Робен го одигра целиот финален натпревар, што го загуби Холандија со 1-0 од Шпанија. Исто така, Робен беше номиниран и за “златна топка” на Светското првенство, награда за најдобриот играч на првенството 2010 која ја освои Диего Форлан.

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

На 9-ти Јуни 2007 година во Гронинген, Робен се ожени со неговата девојка Бернадин Елер. Двајцата се запознале во средно училиште во градот, Камерлин Он. Тие имаат два сина, Лука роден 2008 година и Каи роден 2012 година, и една ќерка Лин родена 2010 година. Таткото на Робен, Ханс, работи како негов менаџер. Околностите под кои за прв пат се запознале Арјен и Бернадин ги соопшти неговиот поранешен младински тренер, Баренд Белтман.”Ајрен беше мотивиран и решителен уште од мала возраст. Тој беше секогаш точен, никогаш не доцнеше. Но, едно петочно попладне, тој се појави со 15 минутно задоцнување на тренингот. Го прашав што се случува. Бевме на пазарот на плоштадот, се забавувавме, рече тој. Имаше некои девојки и неговите пријатели, па го прашав, Дали е вредна? Да тренер, вредна е, рече. Му реков да ја облече опремата и да се вклучи на тренингот. На неговата свадба, слушнав дека жената што ја запозна тој ден, сега е негова жена и мајка на неговите деца. Бернадин е нејзиното име.” Робен,течно зборува: холандски, германски, англиски и шпански.

СТАТИСТИКА НА КАРИЕРАТА

КЛУПСКА СТАТИСТИКА

Клупски успеси Првенство Куп Лига Куп Интерконтинентален Друго Вкупно
Клуб Првенство Сезона Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови
Холандија Првенство Куп Европа Друго Вкупно
Гронинген Eredivisie 2001–02 22 6 6 4 28 10
ПСВ Ајндховен 2002–03 33 12 4 1 1 0 38 13
2003–04 23 6 8 2 1 1 32 9
Англија Првенство ФА Куп Лига Куп Европа Друго Вкупно
Челзи Премиер Лига 2004–05 18 7 2 0 4 1 5 1 29 9
2005–06 28 6 4 1 1 0 6 0 1 0 40 7
2006–07 21 2 4 0 3 0 7 1 1 0 36 3
Шпанија Првенство Копа дел Реј Европа Друго Вкупно
Реал Мадрид Ла Лига 2007–08 21 4 2 1 5 0 0 0 28 5
2008–09 29 7 0 0 6 1 2 0 37 8
Германија Првенство Куп на Германија Европа Друго Вкупно
Баерн Минхен Бундеслига 2009–10 24 16 3 3 10 4 37 23
2010–11 14 12 1 1 2 0 0 0 17 13
2011–12 24 12 3 2 9 5 36 19
Вкупно во кариерата Netherlands 78 24 6 4 12 3 2 1 98 32
England 67 15 10 1 8 1 18 2 2 0 105 19
Spain 50 11 2 1 11 1 2 0 65 13
Germany 62 40 7 6 21 9 0 0 90 55
Статистика на кариерата 257 90 25 12 8 1 62 15 6 1 358 119

РЕПРЕЗЕНТАТИВНА СТАТИСТИКА

Предлошка:Репрезентација на Холандија |- |2003||3||1 |- |2004||8||2 |- |2005||6||3 |- |2006||10||2 |- |2007||4||0 |- |2008||6||2 |- |2009||8||1 |- |2010||7||4 |- |2011||1||0 |- |2012||1||2 |- !Вкупно||53||17 |}

Голови за репрезентацијата

Трофеи

Клупски

ПСВ

Челзи

Реал Мадрид

Баерн Минхен

Холандија

Индивидуални

Надворешни врски

mk:Арјен Робен

  1. „Player Profile“. Bayern Munich. Посетено на 11 April 2012.