Чикаго (филм): Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нова страница: Чикаго (анг. Chicago) е мјузикл од 2002 година издаден од Мирамакс филмс (анг. Miramax Films). Филмот првпат ...
(нема разлика)

Преработка од 09:54, 9 февруари 2008

Чикаго (анг. Chicago) е мјузикл од 2002 година издаден од Мирамакс филмс (анг. Miramax Films). Филмот првпат почнал да се прикажува на 27. јуни 2002 во ограничен број на градови, а пошироко почнал да се прикажува на 24. јануари 2003. Филмот, адаптација на сатиричниот театарски мјузикл, истражува теми на сјајот, гламурот и скандалот во Чикаго во ерата на џезот. Режисер и кореограф на филмот е Роб Маршал (анг. Rob Marshall), а адаптацијата за филм е напишана од Бил Кондон (анг. Bill Condon). Чикаго има освоено шест Оскари во 2003 вклучувајќи и оскар за најдобар филм. Овој филм е првиот мјузикл што ја добил наградата најдобар филм после Оливер! (анг. Oliver!) (1968).

Дејствието на Чикаго се врти околу Велма Кели (анг. Velma Kelly) и Рокси Харт (анг. Roxie Hart), двете осудени за убиство кои чекаат смртна казна во Чикаго од 1920-тите. Велма, која професионално игра во водвиљ и Рокси, домаќинка со аспирации да биде ѕвезда, се борат за слава која ќе ги држи подалеку од гилотината. Во филмот глумат Кетрин Зета-Џоунс (анг. Catherine Zeta-Jones), Рене Зелвегер (анг. Renée Zellweger) и Ричард Гир (анг. Richard Gere) а се појавуваат Квин Латифа (анг. Queen Latifah), Џон К. Рајли (анг. John C. Reilly), Луси Лиу (анг. Lucy Liu), Тај Дигс (анг. Taye Diggs) и Колм Феоре (анг. Colm Feore).

Заплет

Чикаго, околу 1920 година. Наивната Рокси Харт (Рене Зелвегер) оди во посета на ноќен клуб каде ѕвездата настапува Велма Кели (Кетрин Зета-Џоунс), во надеж дека нејзиното момче Фред Касли ќе и најде ангажман како ѕвезда во водвиљ („Сиот тој џез“). После настапот, Велма е уапсена за убиство на нејзиниот неверен сопруг бидејќи спиел со нејзината сестра Вероника. Откако Рокси сфаќа дека Фред нема да и помогне да влезе во шоубизнисот, во момент на бес таа го убива и се обидува дека го намести нејзиниот простодушен сопруг Ејмос (анг. Amos) (Џон К. Рајли). И покрај ова, полицијата не наседнува на трикот и Рокси е уапсена и испратена во затворот на округот Кук (анг. Cook County Jail).