Карпош: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Codeks (разговор | придонеси)
с Отстрането уредувањето на 95.180.195.239 (разговор), вратено на последната верзија на Buli
Ред 27:
 
Во чест на востанието на Карпош е именуван [[Плоштад Карпошово востание|плоштадот „Карпошово востание“]], на почетокот на [[стара скопска чаршија|Старата чаршија]] во [[Скопје]].
 
== Предвечерие на востанието ==
[[Податотека:Spomenik na Karpoš vo Skopje.JPG|мини|лево|250п|Споменик на Карпош близу [[Уставен суд на Македонија|Уставниот суд на РМ]] во Скопје]]
 
Во 1683-та година Османлиите по втор пат се нашле пред ѕидините на Виена. Во тој период Австрија била преокупирана со агресивната политика на францускиот крал [[Луј XIV]] (1638-1715)<ref>http://wikipedia.org/wiki/Louis_XIV</ref> и нерешените прашања со унгарските велможи. По двомесечна опсада на градот, напомош пристигнала австриската, како и полската војска предводена од кралот [[Јан Собјески]] (1629-1696)<ref>(http://wikipedia.org/wiki/Jan_III_Sobieski)</ref>. Турските сили биле разбиени и биле принудени на масовно и повеќегодишно повлекување. Во март 1684 година, со придружувањето на [[Венецијанска Република|Венецијанската Република]] <ref>http://wikipedia.org/wiki/Venetian_Republic</ref> кон Австрија и Полска, формирана е [[Светата лига]] <ref>http://wikipedia.org/wiki/Holy_League_(1684)</ref>. Подоцна во 1686 година кон истата се приклучила и Русија. Во текот на долгата војна, Австриската војска го ослободила Белград, а во истата година, во септември 1689 година, го ослободила и Ниш. Набргу потоа австриските сили предводени од генералот Грофот [[Силвио Пиколомини]] придружени од локални доброволци се упатиле на југ кон Косово, освојувајќи ги притоа Прокупле и Грделичка клисура. По неколку дена ја освоиле и Приштина, а оттаму на 22 октомври тргнале кон Качаник <ref>Историја на македонскиот народ, Книга прва, стр.280, Институт за национална историја-Скопје, НИП "Нова Македонија", Скопје, 1969 година.</ref>, со намера да се освои Скопје. На 25 октомври тие влегле во Скопје, кој бил полн со залихи од животни намирници и трговски стоки, но напуштен од месното население, кое броело околу 60,000 <ref>Macedonia:Its people and history, pg. 105, Stoyan Pribichevich, The Pennsylvania State University Press, 1982.</ref>, и турската војска. Поради низа фактори како оддалечувањето од главнината на австриските војски, и непогодните временски услови, а пред сè поради чумата која што беснеела во градот, Пиколомини решил да се повлече од градот и издал наредба истиот да се запали. Пожарот беснеел цели два дена, на 26 и 27 октомври, и го уништил најголемиот дел од градот<ref>Историја на македонскиот народ, Книга прва, стр. 280, Институт за национална историја-Скопје, НИП "Нова Македонија", Скопје, 1969 година.</ref>. По ова, Пиколомини со своите трупи се повлекол во Приштина и на пат кон Призрен, каде што требал да има средба со Патријархот на Пеќката Патријаршија Арсениј III Черноевиќ во врска со преселувањето на дел од месното население во Војводина, се заразил од чумата. Умрел на 9 ноември 1689 година во Призрен<ref>Macedonia:
Its people and history, pg. 106, Stoyan Pribichevich, The Pennsylvania State University Press, 1982.</ref>.
 
== Почетокот на Карпошовото востание ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Карпош