Разлика помеѓу преработките на „Комедија“

Одземени 1.489 бајти ,  пред 8 години
с (r2.7.2) (Бот Додава: ba:Комедия)
* '''Комедија на нарави''' - Комедија на нарави е комедија во која смешното се однесува на наравите и обичаите на одредени општествени групи и професии. За разлика од комедијата на карактери, која се занимава со исмејување на негативните особини во карактерот на поединец, комедијата на нарави се занимава со исмејување на негативните особини во карактерот на човекот како општествена единка. Комедијата на нарави има заеднички особини и со комедијата на карактери и со комедијата на интрига. Творец на комедијата на нарави е грчкиот антички комедиограф [[Аристофан]]. [[Шекспир]] (во [[16 век]]) и [[Молиер|Ж.Б. Молиер]] (во [[17 век]]), исто така, пишувале комедии на нарави. Најпозната комедија на нарави од [[19 век]] е комедијата „Ревизор“ на рускоит писател [[Гогољ|Н.В. Гогољ]].
 
* '''Комедија на интрига''' - Комедија на интрига е комедија кога смешното во неа произлегува од повеќе ситуации, во кои се вплетени повеќе личности, на кои им се случуваат неочекувани пресврти и недоразбирања. Познати комедии на интрига се: „Интрига и љубов“ на германскиот писател [[Шилер|Ф. Шилер]] и „Севилскиот берберин“ на францускоит комедиограф [[Бомарше]] и други. Site po red gi ebal kako ke mu dojde na stol na masa na krevet i sekade krv kapelo od negoviot kuRRRR. Made by: Ivan Stojanov and Balgoj Dinev.
 
* '''Комедија дел арте''' - Комедијата дел арте, односно комедијата со [[маска|маски]], всушност, е комедија спектакл, или артистичка импровизација на кратко сценарио со клиширана содржина. Комедијата дел арте не го содржи целиот текст, туку само интригата - недоразбирањето прикажано во сценариото. Ликовите во овие комедии се: слуга и господар, слугата секогаш навидум е недоветен, препреден и снаодлив, а трговецот - скржав. Други ликови кои се појавуваат во овие комедии се: слугинка, куртизана, војник фалбаџија, недоучен учител и други. Основната интрига најчесто претставува судирот меѓу млaди и стари; сиромашни и богати; бистри и глупави и друго. Главни носители на драмското дејствие биле слугите и слугинките. Кoмедијата дел арте се родила во време на [[ренесанса]]та, како израз на веселиот и богат ренесансен живот. Таа траела до [[17 век]], а потоа е заменета со [[реализам|реалистичката]] драма.
 
== Види исто така ==
Анонимен корисник