Династија Обреновиќи: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 21:
Освен владетелите, значајни членови на династијата се и нивни сопруги се: кнегињите Љубица и Јулија, кралиците Наталија и Драга, потоа браќата на кнезот Милош - Јован и Јеврем Обреновиќ, како и војводата Милан Обреновиќ. Меѓу познатите членови на оваа династија се вбројува и Велимир Михаило Теодоровиќ, ванбрачен син на кнезот Михаило.
==Семејно дрво==
[[Податотека:GroboviObrenovicaBrusnica.JPG|десно|мини|300п|Гробовите на Обреновиќи во Брусница]]
Семејното дрво на Обреновиќи започнува со Обрен Мартиновиќ (?-1777) и Вишња (?-1817), од фамилијата Урошевиќ или Гојковиќ, тие својот брак го склучиле во 1765 година и имале двајца сина и една ќерка: Јаков, Милан и Стана. Обрен бил од Брусница, а Вишња од Долна Трепча. По смрта на Обрен, Вишња се омажила за Теодор Михајловиќ од Горна Добриња, а со него ги имала синовите Милош (идниот кнез), Јован и Јеврем. Подоцна, Јаков и Милан ја повикале својата мајка во Брусница со децата од својот втор брак. Милош, Јован и Јеврем го прифатиле презимето на своите полубраќа - Обреновиќ, меѓутоа го додале и презимето на својот татко - Тодоровиќ.
 
Тодор Михајловиќ е закопан во Горна Добриња во црквата ''св. Петар и Павле'' која била изградена од кнезот Милош на местото на постара црква <ref name="sakr"/>. Јаков Обреновиќ со сопругата Ѓурѓија и Милан Обреновиќ со сопругата Стоја, се закопани во црквата ''св. Никола'' во Брусница.
 
Династијата Обреновиќи денес официјално нема машки потомци. Меѓутоа, постојат потомци на Јаков Обреновиќ по машка линија, тие во 1851 година го промениле своето презиме во Јаковлевиќ поради динстичкиот судир со [[Караѓорѓевиќи од Србија|Караѓорѓевиќите]]. Пред општинскиот суд во Горен Милановац, Србољуб и Слободан Јаковлевиќ докажале дека се дирекни потомци по прва машка линија на Јаков Обреновиќ, брата на основачот на династијата <ref name="sakr">Милорад Бошњак, Слободан Јаковљевић: ''Обреновићи, сакривена историја'', ЛИО, Горњи Милановац 2006, ISBN 86-83697-33-9</ref>.