Старословенски јазик: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето |
|||
Ред 25:
'''Старословенскиот јазик''' или '''старомакедонски јазик''' (стсл. {{Script|Cyrs|словѣ́ньскъ ѩзꙑ́къ}}) е познат во лингвистиката (поточно во [[славистика]]та) како ''првиот пишан, забележан, засведочен [[Словенски јазици|словенски јазик]]'', а тоа бил јазикот којшто го говореле [[Македонски Словени|македонските Словени]] во непосредната околина на [[Солун]], во втората половина на [[IX век]] и се базирал на македонскиот јазик<ref>[http://i149.photobucket.com/albums/s43/truemacedonian/Miscellanius%20Mak%20Stuff/ieculture301.png Encyclopedia od Indo-European Culture, J.P. Mallory and D.Q. Adams, page 301.]</ref>. Често, што поради неинформираност, што поради непрецизност на мислата или пак невнимание, погрешно се вели дека старословенскиот јазик е јазик-татко на модерните словенски јазици, т.е. дека сите модерни словенски јазици директно водат потекло од овој јазик. Ова тврдење не е точно: старословенскиот јазик, од генеалошко гледиште, припаѓа во групата на [[јужнословенски јазици]], поточно во нејзината источна подгрупа, заедно со современите [[Македонски јазик|македонски]] и [[бугарски јазик]]. Сите словенски јазици, вклучително и старословенскиот, водат потекло од [[Прасловенски јазик|прасловенскиот јазик]]. Познато е дека вистинските говорители сопствениот јазик го именувале како ''словенски'' ({{Script|Cyrs|словѣ́ньскъ ѩзꙑ́къ}}), а себе се именувале како ''Словени'' ({{Script|Cyrs|Словѣнинъ}}, мн. {{Script|Cyrs|Словѣне}}).
[[Податотека:Jazik_slovenski_izvorno.PNG|thumb|десно|500px|Оригиналното име на јазикот, напишано со [[Старословенско писмо|старата кирилица]]]]▼
== Историја и поважни особини ==
{{Словени}}
▲[[Податотека:Jazik_slovenski_izvorno.PNG|thumb|
Со големата преселба на народите дошло до раселување на многу народи и племиња, меѓу кои биле и [[Словени]]те. Кон крајот на [[VI век]] од нашата ера словенските племиња веќе ја имале напуштено својата (претпоставена) прататковина во [[Закарпатие]]то и се раселувале низ [[Европа]]. Раселувањето се движело главно во три правци: на исток низ [[Источноевропска низина|Источноевропската низина]], на запад кон средна Европа и на југ кон [[Балкан]]скиот Полуостров. Со распадот на оваа „племенска“ заедница на [[Прасловени|старите словени]], дошло до јазично раслојување на словенските говори, односно на распад на прасловенската јазична заедница. Така се оформиле три големи групи дијалекти: источна, западна и јужна група. Секоја од овие групи пројавила (создала) сопствени особини кои ја разликувале од останатите, но се претпоставува дека овие разлики биле (до средината на [[IX век]], т.е. до запишувањето на првите словенски зборови) сè уште мали и ''не толку'' значајни за да пречат во дирекната комуникација помеѓу говорителите на различни дијалекти. Од друга страна, пак, овие групи биле своевидни конгломерати, па во секоја од нив се јавувале поддијалекти. Така, крајот на [[VI век]] се смета за крај на постоењето на единствената прасловенска јазична заедница.
|