Кафеави алги: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Image:Giantkelp2 300.jpg|thumb|260px|Вид на кафеава алга - ''[[Макроцистис]]'']]
'''Кафеавите алги''' ([[Латински јазик|латински]]: ''Phaeophyta'') се [[Многуклеточен организам|многуклеточни]] [[Еукариота|еукариотски]] [[Протиста|протисти]] кои живеат седентарен начин на [[живот]] во морињата. Имаат сложена градба, со добро издиференциран [[талус]]. Секоја [[клетка]] е едно[[Клеточно јадро|јадрена]], со [[Целулоза|целулозно]]-[[пектин]]ски [[клеточен ѕид]]. Во [[цитоплазма]]та се присутни [[хлоропласт]]и кои содржат повеќе [[пигмент]]и: [[хлорофил]], [[фукоксантин]] и [[фикоеритрин]]. [[Тело]]то на кафеавите алги е изградено од голем број клетки, издолжено во форма на лента или конец, или пак, разгрането. Посложените видови на кафеави алги имаат и посебни типови на [[Ткиво|ткива]]. Талусот им е издиференциран на листовиден дел - [[филоид]], чијашто основна функција е [[фотосинтеза]]та, стебловиден дел - [[каулоид]] и дел со кој алгата се прикрепува за подлогата - [[ризоид]]. Овие алги се [[Размножување|размножуваат]] бесполово со [[Зооспора|зооспори]] и полово. Видовите од родот [[фукус]] (''Fucus'') се размножуваат само полово со [[изогамија]].