Иван Перишиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 41:
 
Своето деби за популарните ''милионери'' тој го има во победата на домашен терен над [[Хамбургер СВ|Хамбургер]] со 3-1, кога се појави како замена на местото на [[Крис Лев]]. Својот дебитантски погодок за [[ФК Борусија Дортмунд|Дортмунд]] го постигна во [[УЕФА Лига на шампиони|Лигата на шампионите]] кога со прекрасен волеј удар од 17-тина метри го израмни резултатот на 1-1 против [[ФК Арсенал|Арсенал]], што на крајот се испостави и како конечен резултат. Десетина дена подоцна тој го постигна својот првенец и во Бундеслигата, одново да го израмни резултатот на 1-1 овојпат против тимот на [[ФК Мајнц|Мајнц]], во нивната победа нагости со 2-1. Тој одново се впиша меѓу стрелците на уште едно гостување овојпат кај [[ФК Вердер Бремен|Вердер]] во [[Бремен]] на 14-ти Октомври, што Дортмунд го доби со 2-0. На почетокот од второто полувреме (47 минута) тој беше исклучен поради добивање на втор жолт картон. Неговата серија на голови продолжи во вториот месец од новата 2012 година кога тој постигна погодок во Купот на Германија. На 26-ти Фебруари тој постигнува гол во последните мигови од мечот за ја завери победата на својот тим над [[ФК Хановер 96|Хановер]] од 3-1. За прв пат по доаѓањето во Германија тој постигнува гол во два меча едно подруго накрајот на Март 2012, откако ги дресе мрежите на екипите на [[ФК Келн|Келн]] и на [[ФК Штутгарт|Штутгарт]] на 25-ти и на 30-ти Март.
 
==Титули==
 
===Борусија Дортмунд===
*[[Бундеслига]] : 2011–12
== Надворешни врски ==