Разлика помеѓу преработките на „Политика (Аристотел)“

с (r2.7.1) (Бот Додава: sv:Politiken (Aristoteles))
 
== Состав ==
Книжевниот карактер на ''Политика'' е предмет за извесна дебата, која произлегува од текстуалните потешкотии заради губењата на Аристотеловите дела. Според жанрот кногата е еротска. Книга III завршува со реченица која се повторува во Книга VII, додека книгите IV-VI имаат поинаков карактер од останатите; Книга IV неколку пати се навраќа на расправата за најдобриот режим од Книга VII-VIII.<ref>Lord, "Introduction," 15.</ref> Затоа некои издавачи ги ставаат книгите VII-VIII по Книга III. Меѓутоа истовремено, споменувањата на „расправите за политиката“ кои ги наоѓаме во ''Никомахова етика'' нѝ укажуваат на тоа дека трактатот во целина треба да заврши со расправа за образованието која ја наоѓаме во Книга VIII од ''Политика''.
 
[[Вернер Јегер]] се има искажано дека ''Политика'' всушност претставува спој на два засебни трактата.<ref>Jaeger, ''Aristoteles''.</ref> Првиот (книги I-III, VI-VIII) би ја преставувал помалку зрелата мисла на Аристотел, додека сѐ уште наполно не се имала одцепено од [[Платон]], и затоа делото обраќа поголемо внимание на најдобриот режим. Вториот (книги IV-VI) би бил поемпириски поставен, и затоа би припаѓал на подоцнежна развојна фаза на Аристотеловата мисла.
Анонимен корисник