Разлика помеѓу преработките на „Рафаел Алберти“

с (Бот Додаје: hu:Rafael Alberti)
Во текот на [[1930]]тите поезијата на Алберти политички се активира, почнувајќи од ''Con los zapatos puestos tengo que morir'' (''„Морам да умрам носејќи ги сопствените чевли“'', [[1930]]). Во [[1931]] година, Алберти станува член на [[Комунизам|Комунистичката партија]]. Поезијата од неговиот [[марксизам|марксистички период]] е собрана во ''Consignas'' (''„Ред“'', [[1933]]), ''Un fantasma recorre Europa'' (''„Дух ја демне Европа“'', [[1933]]), ''13 bandas y 48 estrellas'' (''„13 риги и 48 ѕвезди“'', [[1936]]) и ''El poeta en la calle'' (''„Поетот на улицата“'', [[1938]]).
 
Во текот на [[Шпанската граѓанска војна]], Алберти активно се бори на страната на Републиката, но по победата на [[Франциско Франко]], во [[1939]] година заминува во Аргентина. Неговото творештво во егзил е исполнето со носталгија кон Шпанија, што особено може да се забележи во неговата книга ''Entre el clavel y la espada'' (''Меѓу каранфилот и мечот'', [[1941]]). Издава и збирки речиси целосно инспирани од два нему блиски мотиви - [[сликарство]]то (''A la pintura'' (''„За сликањето“'', [[1945]])) и [[море]]то (''Pleamar'' (''„Плима“'', [[1944]])), ''Oda marítima'' (''„Поморска ода“'', [[1953]])). Неговата [[автобиографија]] ''La arboleda perdida'' (''„Изгубената шума“'') е издадена во [[1942]] година.
 
Отако минува безмалку четири децении во неколку европски и латино-американски градови, меѓу кои и [[Париз]] и [[Рим]], се враќа во Шпанија во [[1977]] година. Следната година за прв пат учествува на [[Струшките вечери на поезијата]], а во [[1979]] година го добива и ''Златниот венец''.