Драган Димитровски: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Impmf (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Impmf (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
[[File:Проф. д-р Драган Димитровски.jpeg|thumb|Проф. д-р Драган Димитровски]]
 
Роден во Скопје во 1934 г. Дипломирал математика на Природно-математичкиот факултет во Скопје во 1958 г., а докторирал во 1968 г. на тема "Прилог кон теоријата на обоп­штените аналитички функции". За асистент на ПМФ е избран во 1960 г. Доцент станал во 1968, вонреден професор од 1973, а редовен професор од 1981 г. Бил продекан на Природно-математичкиот факултет од 1974 до 1976 г. како и шеф на Институтот за математика (од 1993 до 1997 г.). Во својата 43-годишна наставна кариера држел предавања и вежби по 14 предмети, буквално на сите шест институти на ПМФ, за студенти од прва до четврта година. Одржувал настава и по три предмети на постдипломските студии на институтите за биологија и географија. Вовел и нови предмети: математика за биолози, математика за географи, парцијални равенки. Оформил 7 доктори на науки, 6 магистри и околу 200 дипломци - професори по математика и информатика.Организатор е на математички собири и конгреси и долго време ја водел издавачката дејност на Природно-математичкиот факултет, на Институтот за математика и на Друштвото на математичарите и физичарите на Македонија, за кои издал 40 тома публикации. Во областа на науката се занимава со диференцијални равенки и функции од комплексна променлива. Автор е на 120 научни и стручни трудови печатени во земјата и во странство, на 10 книги, од кои 6 оригинални научни монографии. Во македонската математичка средина вовел области како што се ареоларните равенки, обопштените аналитички функции, равенките на Векуа, обопштените тригонометрии, и го форсира современиот метод на итерации како многу надежен во сите видови равенки - алгебарски, диференцијални, парцијални, интегрални. Многу соработува со помлади кадри и интензивно помага во нивното научно усовршување. Во подолг период (1993-1997) ја извршуваше функцијата шеф на Институтот за математика, при што домаќински се грижеше за наставните, материјалните и техничките потреби на Институтот. Носител е на Орден на трудот со златен венец и на две воени одликувања. Работејќи на сите шест институти на ПМФ, имал влијание врз формирањето на голем број генерации студенти на нашиот Природно-математички факултет.