Бајазит I: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 58:
 
=== Грција ===
 
За настаните околу Епир денеска се зачувани две карти од Јанина на кои е одбележана војната меѓу два епирски владетели Есау Буонделмонти и Буа Шпата. Најверојатно конфликтот се случил во 1388-1399. Според изворите, кон крајот на 14 век и почетокот на 15 век, одделни османлиски бегови стигнале до бреговите на Јадранско море. Преку династички бракови, Бајазит ја зголемил својата власт во јужна Грција.
 
На Пелопонез венецијаните претходно имале свои колонии и тврдини. Според пишувањата на венецијанскиот сенат османлиите станале многу силни во тој реон главно бидејќи со многу мал напор успевале да најдат свои сојузници. Нападите започнале во пролетта на 1394 година, кога Евренос го нападнал деспотот на Коринт и Мистра .
 
== Битка со Монголите ==