Бајазит I: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 37:
Во [[1391]] година, нов император станал Јован V, кој следната година се оженил за [[Елена Драгаш]]. Во зимата 1393-1394 година, императорот бил повикан од страна на Бајазит во [[Сер]], заедно со вазалите [[Константин Драгаш]], [[Теодор Драгаш]] и [[Стефан Лазаревиќ]]. Мануел одбил да присуствува па затоа во тоа време се случила и опсадата на градот. По ова следувала венецијанска интервенција кои ги испратиле своите галии, а го советувале на императорот да не го напушта градот туку да побара помош од самиот папа во [[Рим]] и западноевропските кралеви. Во јули истата година венецијанскиот сенат објавил дека било многу сигурно Бајазит да се повлече бидејќи во Анадолија бил застрашен од страна на монголскиот владетел [[Тимур]].
 
=== ВлашкаВлахија===
 
Во пролетта [[1395]] година, Бајазит најавил експедиција против ВлашкаВлахија. Веројатно неговата цел била да го попречи сојузот меѓу војводата [[Јован Мирче]] и унгарскиот крал. Според тој договор, самиот влашки владетел се задолжил да интервенира доколку унгарските земји бидат нападнати од страна на османлиите<ref>S. STANOJEVIC, „Die Biographie Stefan Lazarevits", 422.</ref>. Османлиските војски постигнале успех до реонот на [[Белград]] и [[Темешвар]]. По ова влегле во Влашко и кај реката Арџеш се присретнале со влашката војска. Според еден документ, Бајазит водел битка во продолжение на една недела по кое следувало потпишување на мир<ref>Halil İNALCIK, „An Ottoman document on Bayezid I's expedition into Hungary and Wallachia", Actes du X-e Congrès international d'Etudes Byzantines, Istanbul (1957).</ref>. Според една анонимна фиренска хроника пак Бајазит војувал со Сигизмунд и со тешки загуби на двете страни успеал да победи. Во оваа битка загинал и [[Крале Марко]], син на [[Волкашин]], како и [[Константин Драгаш]] кои му биле вазали на Бајазит. По ова, [[Јован Мирче]] успеал да побегне кај унгарскиот крал.
 
=== Битки со унгарските сили===